You are on page 1of 6

Упатство за најавување на порталот за е-учење за ЕМШ2020

За реализација на онлај наставата на Есенската математичка школа 2020 ќе се користи порталот за е-учење на
ФЕИТ во комбинација со апликацијата Zoom која препорачуваме претходно да биде инсталирана. Во
продолжение се дадени чекорите за најава на порталот и приклучување на виртуелните средби на Zoom преку
порталот.

1. Во вашето електронско сандаче ќе добиете е-порака со корисничко име и лозинка со која ќе треба да се
најавите на порталот е-курсеви.
2. По иницијалното најавување ќе треба да ја промените лозинката
3. По промената на лозинка ќе добиете пристап до почетната страница од каде што ќе може да го одберете
соодветниот курс
4. Тие што веќе ја имаат инсталирано Zoom апликацијата ќе треба да го следат следниов чекор

5. По кликањето на Join Meeting ќе се појави поле за внесување на соодветната лозинка


Лозинките се наоѓаат под линкот за zoom состанокот
Забелешка:
Доколку не сте во можност да ја пронајдете пораката со корисничкото име и лозинка ќе треба да ја ресетирате
вашата лозинка
По ресетирањето ќе добиете порака со инструкции како да продолжите понатаму.

You might also like