You are on page 1of 3

Активности за учениците во периодот од

06.04.2020г до 10.04.2020г
 Македонски јазик:
1. Обработка на текстот ,,Пролет,, (страна 86 во учебникот)
* Да научат изразно да го читаат текстот
*Да научат да го прераскажуваат текстот според дадениот план во учебникот
2. Обработка на песната ,,Езерска убавина,, (страна 109 во учебникот)
*Доколку се во можност да ја научат напамет или изразно да ја читаат
*Да ја препишаат песната на кирилица печатно
3.Изразување и творење – Усно изразување (страна 135 во учебникот)
* Да научат што е усно изразување и на кој начин можеме усно и писмено да
се изразуваме
4. Јазик – Придавки (страна 122 во учебникот и прилог од н -та)
* Да напишаат 10 реченици во кои ќе употребат придавки
5. Изразување и творење – Раскажување (страна 136 во учебникот)
* Да научат што е раскажување и на кој начин може да раскажуваме
*Да си раскажат во домашните тетратки некој доживеан настан

 Математика :
1. Мерење во сантиметри – (стран 39 во учебникот )
* Да проценат ,а потоа да ги измерат дадените предмети во учебникот
според барањата на задача 1 и 2
2. Најблискиот сантиметар (страна 40 во учебникот)
*Да одговорат според барањата во учебникот на 1,2 и 3 задача на страна 40
3. Мерење во сантиметри(страна 91 во учебникот)
* Да одговорат според барањата во учебникот на задача 1, а задача 3 да ја
напишаат во домашните тетратки
4. Мерење должина (страна 96 во збирката задачи)
*Да ги решат од 1 до 8 задачите во збирката задачи на страна 96
5. Решавње задачи со мерки за должина
* Да ги решат од 9 до 14 задачите во збирката задачи на страна 97
 Природни науки:
1.Вкус(треба да научат само за вкус-првото ступче) (Страна 76 во учебникот)
2.Откривање различни вкусови(да вкусат различни видови на овошје и
зеленчук со цел да го откријат нивниот вкус)

*Да си ја прочитаат наставната единица и Што ќе научиш (да научат)

*Да го пополнат наставниот лист – Откривање различни вкусови

 Општество

1.Сообраќајни знаци(учебник 95)


* Да ја научат наставната содржина во учебникот на страна 95

 Музичко образование:

*Да ја слушаат композицијата ,,Лет на бумбарот,, од композиторот Николај


Римски Корсаков (Прилог – линк од you tube)

*Да го пополнат наставниот лист за анализа на слушана композиција

 Ликовно образование:
* Да си изработат од пластелин една од наведените фигури (животни,човечка
фигура,кошничка... )
*Доколку учениците сакаат да се релаксираат нека работат со пластелин

 Работа со компјутери и основи на програмирање:


1-2 Да ги одговараат понудените квизови и да играат игри по сопстевн избор
во кои има совладување на одредени нивоа (Супер Марио)

Активностите кои се со црвена боја треба да ми ги пратите како повратна


информација
 Тие што немате печатачи пробајте во повекето наставни листови може
директно да се пишува. Потоа на истиот докумет правите зачувај и ке го
има и пишуваното. Каде што има празни линии може да се избришаат и
директно да стои одговорот. Се со цел учениците да не се мачат да
препишуваат.

Пријатна работа на моите драги ученици

You might also like