You are on page 1of 1

Добар ден и добродојдовте!

Дали сакате да ги научите сите техники потребни за создавање на дизајни, логоа и брендирање?
Во овој курс ке се запознаме со сите овие техники и со многу други, ке ги изучуваме програмите
Photoshop, Illustrator и InDesign. Ќе ги опфатиме теориите на дизајнот, бојата, типографијата и
секоја лекција ќе биде со реални, практични примери кои што ќе треба да бидат изработени од
ваша страна.
Јас сум Матеј Костовски, дипломиран специјалист по анимација и дизајн и ќе бидам вашиот
тренер во дизајнот. Во моментот работам како фриленсер за повеќе странски клиенти и компании
на кои им ги решавам креативните проблеми. Овие курсеви се наменети за почетници кои ќе се
запознаат со основите на дизајнот и ќе стекнат познавања околу гореспоменатите програми.
Во однос на содржината на часовите, екстензивно ќе се запознаеме со поимот за дизајн,
неговата историја и теорија, теорија на боите, типографијата, креирање на логоа, создавање на
бренд, манипулација со фотографии.
Во Фотошоп првин ќе се запознаеме со лесни и едноставни фото-манипулации, ќе ги пројдеме
сите алатки кои ќе ви бидат потребни за да станете извонредни дизајнери.
Во Илустратор работата ќе биде со вектори, ќе креираме логоа, ќе дизајнираме карактери со
помош на формите веќе дадени и ќе направиме проект од скица до завршен дизајн.
Во Ин Дизајн ќе се запознаеме со бизнис делот од дизајнот, каде што ќе креираме брошури,
флаери, весници и презентации.
Сите теми ќе бидат разложени на часови и по секој час ќе има практична работа за евентуално
создавање на сопствено портфолио кое ќе ви послужи за понатамошниот развој на вашите
вештини.
Се надевам на успешна соработка со вас и ви посакувам се најдобро и среќно учење.

You might also like