You are on page 1of 4

УД1 – МАРГИНИ НА ГРАД

5 (или повеќе) прашања за градот


Научно истражувачка работа

Вовед и поставување прашања


Минатиот пат застанавме некаде околу темите на просторната генеза
Зборувавме за фабрикацијата на место, односно трансформацијата на просторот во
кохерентни целини неопходни за нашите градски мечтаења

За создавањето на градот, неговото распространување и покорувајќи го просторот


едноставно, како да е само уште една мала пречка во освојување на природата.

Каков продукт е самиот град? Дали градот е продукт на демократијата на пример, да го


цитираме проф Ерих Рајт, или пак е само скриен метеж од желби и талкања низ
човековите судбини?

Какви се просторни квалитет имаме? Тие се кристализираат од нашите потреби, скриени,


длабоки, никогаш целосно откриени.

Просторни квалитети, добра тема за размислување...

Богдан Богданович еднаш рече: ќе го преформулирам во наш контекст:


тоа талкање, тоа масовно фантазирање може да биде смртта на архитектурата.

Но најпрвин, тие просторни квалитети се недефинирани, лабилни во својата суштина.

Талкаме низ лавиринтите на градските енергии и си замислуваме дистописки елементи,


кои како фрагменти на една сложувалка треба да се склопат во нашето поимање.. ?

И да формулирам следно прашање, во духот на Богданович:

1 Прашање: Со кои урбани потреби се судираме, ние, граѓаните на светот?


Денес, во контекст на трагањето по одговорот поставен во насловот на ова предавање ќе
се обидеме заедно да извршиме увид токму низ прашањата што ги поставувам.

Да навлеземе во во формата на градската структура.


Да навлеземе во процесите на ре конфигурација на просторот
Да навлеземе во просторните меѓи на урбаноста

Дали Камило Зите низ својот опус за уметничкото обликување како главна
карактеристика на урбот ни ги разјаснува но и не предупредува на технократските
процеси кои во средината на 20от век започнуваат неминовно да му се случуваат на
градот?
Од каде произлегува градската текстура, која е финалната форма која ја создава онаа
суштествена разлика, помеѓу урбаното и руралното, помеѓу разбраниот простор и оној
антиципираниот

2 Прашање: Kои се процесите кои стојат зад таа урбана прокреација


(создавање)? Кои се процесите кои го уназадавуаат урбаното?

Ако земеме пример, овој слајд пред нас, најверојатно заземајќи социолошки став
можеме да зборуваме за социјална ексклузија, социјално отфрлање. А гледано преку
контурите на архитектурата секако..

Вила 31 е уништен и пропаднат дел од Буенос Аирес, главниот град на Аргентина во овие
Вили (како што се нарекуваат во Аргентина, фавели во Бразил, Комуни во Колумбија,
Ранчоси во Венецуела) се препознава сиромаштијата, најдолниот сталеж. Социјално
отфрлените!

Не е едноставно како архитекти да читаме дезинтеграција на урбот, повлекување на


маргините на градот низ неговата структура. Да се изразиме преку зборовите на Марин
Кауерд „урбицид е уништувањето на градот со цел отстранување на урбаноста.„

Но според Луис Вирт, во неговиот есеј „Урбанизам како начин на живот„


(еден од авторите кои излегуваат од Чикашката социолошка школа а се предвесници на
современата теорија на урбанизмот)

Вирт вели дека токму хетерогеноста е клучната карактеристика или пак токму тој
егзистенционален квалитет која ја дефинира урбаноста!

3 Прашање: Каде е сега меѓата на урбаното?

Дали лежи во просторните ре конфигурации на градската структура како во примерот на


Вила31 каде одговорот на интеграција на овој руиниран дел од градот е поставен преку
ре локација на Министерството за образование токму таму?
Но човекот отсекогаш имал тенденција да живее на работ, на меѓата, во двата света.
Можеби и тој концепт е оној кој е одговорен за неговото само откривање. Поставување
на бариери за да се создаде предизвик.

4 Прашање: Урбаноста како предизвик за повисок степен на инклузија?

Маргините на урбаното се поместуваат, тие не се статични артефакти низ простор-


времето, тие секогаш создаваат повеќе простор за игра.

5 Прашање: Дали рабови на градот се читливи или пак замислени?

Дали границите се вештачки програмирани со цел да го оделат урбот, прграматот од


непознатото, од природата.

Во книгата на Гордон Кален „Свесен Градски Пејзаж„ (The Concise Townscape) авторот
заклучува: градот како објект е создаден од градски планери но понатаму градот е
простор кој се полни и инстигира активности. Тоа се две комплементарни и неделиви
работи.

Дали програмираниот простор е конструкт од универзални вистини?


Нешто слично како архитектонските архетипи
Но во контекст на херменаутиката на Хајдегер, секој од нас субјективно ги чита и пре
прочитува, на свој јазик.

И соодветно го интерпретира градскиот простор?


Сем што книгата на Кален зборува за кохерентност и организација на градски простор од
збирштината згради, улици и простори кои ја создаваат урбаната средина, книгата
суптилно алудира и на процесите кои стојат зад целиот тој метеж:

Тие активности или поточно процеси го создаваат оној физичкиот и оној апстрактниот
градски пејзаж.

Актерите го распознаваат градскиот пејзаж односно ги препознаваат меѓите на градот и


физички но и емотивно.

За некој градот е голем, за друг мал, за некој тесен, за друг широк.


Како што вели Ермис Лафазановски градот може да биде стокмен но може да биде и
растокмен.

И оттука, за резиме, кои се конституентите на тој простор?

ИМ
Во контекст на прашањата да се изработат истражувачки проекти, да се постават во
презентација со слајдови кои треба темата да ја допрат преку вашето соочување со
проблематиката а во контекст на нашата задача.

Литература

Aldo Rossi – The Architecture of the City


The Analogous City – Vennice Biennale 1976 (Aldo Rossi, Eraldo Consolascio, Bruno Reichlin,
Fabio Reinhart, Dario Rodighiero)
Spiro Kostoff - The City Shaped: Urban Patterns and Meanings Through History
Karl Marx, Friedrich Engels - The Communist Manifesto (1848)
Marcus Vitruvius Pollio – The Ten Books on Architecture
David Harvey - Justice, Nature & the Geography of Difference (1996)
Aristotle – Physics
Max Weber – The Nature of the City
Robert Venturi, Denise Scott Brown, and Steven Izenour - Learning from Las Vegas (1972)

You might also like