You are on page 1of 7

1.1.

Примена на CPS
 Земјоделство

Во следните неколку минути ќе зборувам за примената на Кибер Физичките


системи како и за предностите и недостатоците од истите.
ЦПС има голема примена во Земјоделството. Според Организацијата за Храна и
Земјоделство на Обединети Нации во следните 30 години, светската популација
ќе порасне до 35 проценти. За да може сето ова население да се прехрани,
производството на храна мора да се зголеми за околу 70 проценти. Ова наидува
на големи предизвици и потреба за големо прилагодување во тековните
земјоделски практики.
Прецизно земјоделство и безбедноста на храна можат да се постигнат
преку интеграција на кибер-физички технологии во земјоделски системи за храна.
Во земјоделството се постигнува максимално производство преку постојано
следење на средината и нејзиното влијание врз земјоделските култури.
Земјоделците обезбедуваат систематско технолошко решение за контрола
на глодари засновано врз CPS. Тие развиваат паметно решение за контрола на
штетници (SPeC – Smart Pest Control), особено систем за откривање стаорци (RDS
– Rat detection System), се со цел брзо пронаоѓање на истите на полето кое го
обработуваат.
 Медицина
ЦПС наоѓа примена и во медицината

Со брзата трансформација на различните медицински системи, се јавила


потребата за создавање на нови уреди и системи со подобри функции.
Терминот Медицински кибер физички систем се однесува на систем кој се
состои од вградени уреди, софтвер за контрола на овие уреди и комуникациски
канал за интеракција.

За развој на безбеден и ефективен систем потребно е нов дизајн,


верификација и техники за евалуација поради зголемената комплексност на
самиот систем. Развојот на овие системи вклучува симулација на целиот тек на
работа во клинички услови, адаптивни и променливи алгоритми за пациентите,
паметни аларми, кориснички ориентиран дизајн и инфраструктура за медицинска
интеграција. CPSsH исто така вклучува следење на пациентот, давање на лекови
со помош на сензор за детекција на количината на лекот во самото тело.

Сега ќе зборувам за предностите и


недостатоците од ЦПС
МОЖЕ СЛЕДЕН СЛАЈД
1.2. Придобивки и недостатоци на CPS
2. Недостатоци на CPS
Како главен недостаток на CPS може да се земе појавата на
непредвидливост на системот, како и немањето потреба на дел од работниците.
Но, и не е се толку црно како што изгледа. Иако има одредени работни
позиции коишто се затвораат поради овие високо развиени системи, сепак се
отвораат нови подобри работни позиции, од типот на управување со овие
системи, контрола и слично. Ова значи дека работниците коишто претходно
обавувале одредена работа, сега ќе бидат оспособени да работат со овие систем,
па така никој од нив нема да остане без работа.
 Придобивки на CPS

Развојот и употребата на напредни CPS генерира единствени можности за


економски раст, отворање на нови работни места на долг временски рок, и ја
зголемува безбедноста.
CPS се носители на иновации во широк спектар на индустрии и може да
доведат до нови производи или отворање нови пазари.
Исто така CPS се клучни за намалување на употребата на енергија, за
сметка на зголемување на перформансите, сигурноста и ефикасноста низ
економските сектори.
CPS овозможуваат заменување на стандардното болничко лекување со
лекување во домашни услови со што овозможува поголема слобода во
независното живеење на постарите лица.
Во отсегот на безбедноста сега CPS дава можност за супериорно, визуелно
управување со сите видови на оружје, вклучително и авиони со екипаж и без
екипаж, копнени возила, роботски платформи и друго.
Во домашната безбедност и спроведувањето на законот, CPS се користи во
различни улоги од отстранување на бомби и одговор на итни случаи па се до
сензорски мрежи кои овозможуваат претходно предупредување за катастрофални
настани.

Сега Андреј ќе ви го анализира поимот Вештачка интелигенција

ТУКА ПОЧНУВА ДРУГ - АНДРЕЈ


2.1. Примена на AI
Вештачката интелигенција наоѓа огромна примена во секојдневието на луѓето.

 Здравство
Па така, во здравството претставува револуција, подобрувајќи го буквално
секој аспект, од операции со помош на робот, до зачувување на приватните
записи од кибер криминалци.
Виртуелните асистенти со помош на Вештачка Интелигенција ги
намалуваат непотребните посети во болницата и им намалуваат на медицинските
сестри дури 20% од нивното време во целиот процес. “Виртуелните Работни
асистеннти” им помагаат на лекарите да ослободат голем дел од нивниот
распоред. Фармацевтските компании пронаоѓаат лекови што спасуваат живот за
многу кратко време. Вештачката интелигенција исто така се користи и за да им се
помогне на здравствените власти во неразвиените земји.
Сега ќе набројам неколку примери каде ВИ има широка примена во
здравството

 PathAI: Помош за дијагноза во Патологија


Локација: Бостон
Како функционира: PathAI креира технологија која им помага на
докторите за откривање на дијагнозата.
Алгоритмите за машинско учење на компанијата им помагаат на патолозите
да анализираат примероци од ткивата и да направат прецизни дијагнози. Целта е
да се подобри дијагностичката точност, а и третманот.
 Аtomwise е апликација за Развивање на лекови
Локација: Сан Франциско
Алгоритмите на Atomwise можат „да анализираат примероци од милиони
експерименти врз илјадници протеински структури за да предвидат врзување на
малите молекули со протеините“.
Со помош на вештачка интелигенција компанијата ги подобрила стапките на
точност дури за 10 000 пати. Со можност за анализа на милијарди соединенија и
идентификување области за откривање на лекови, технологијата значително ја
забрзува работата на хемичарите.
Atomwise се користи за справување со некои од најитните медицински
проблеми на денешницата, вклучувајќи болести како ебола и мултиплекс
склероза.

 Општа болница Масачусетс


Друг пример е Општата болница во Масачусетс, една од најстарите
болници во светот, соработува со компјутерската компанија NVIDIA за
имплементација на машини за развој на процедури за откривање,
дијагностицирање, лекување на болести со помош на ВИ.
Програмите на почетокот анализирале повеќе од 10 милијарди медицински
снимки во радиологија и патологија за да овозможат побрзо третирање и
дијагностицирање на болести.

 Патување и транспорт
Друга област каде што Вештачката интелигенција наоѓа примена е Патување
и транспорт.
Вештачката интелигенција станува мега-тренд во патничката и
транспортната индустрија.
Благодарение на ова, Туристичките компании значително профитираат од
сеприсутната употреба на паметни телефони. Повеќе од 70% од корисниците
тврдат дека резервираат патувања на нивните телефони, прегледуваат совети за
патувања и истражуваат локални обележја и ресторани.
Чет-ботовите кои работат на вештачка интелигенција многу брзо го
менуваат начинот на патувања преку олеснување на интеракција која што е
слична на онаа со луѓето, па добиваат брзи одговори подобри цени на
резервација, па дури и препораки за патувања.
Еве неколку примери за тоа како се користи вештачката интелигенција во
патничката и транспортната индустрија.

 Google: Паметни мапи


Локација: Калифорнија
Како фукнционира:
Google користи Вештачка Интелигенција во голем број области,
но специфичната апликација во „Гугл мапс“ ги прави нашите патувања
малку полесни.
Со AI-mapping, технологијата на Google ги скенира информациите за
патиштата и користи алгоритми за да ја одреди оптималната патека за движење,
било да е пеш или во автомобил, велосипед, автобус или воз.
Многу други компании го препознале потенцијалот на апликацијата, па ги
креираат своите апликации, каде во самата апликација ја внесуваат мапата на
Google.

 Hipmunk: Виртуелен асистент при патување


Локација: Сан Франциско
Како функционира: Апликацијата обезбедува резервациски цени за
летови, хотели, екскурзии, па дури и изнајмувања за одмори преку Airbnb.

Разговарајќи со ботот на Фејсбук или Скајп, корисниците можат да


резервираат летови и да најдат идеи за одмор засновани на нивните интереси.
Патниците исто така, доволно е да напишат „Здраво Хипманк“ и на е-пошта
ќе им стигне линк каде може да се дискутира за потенцијалните планови за
патувања.
Дополнително, виртуелниот асистент ќе го скенира календарот на клиентот
за претстојни настани и ќе започне да организира идно патување.

 Социјални мрежи
Друга сфера каде што Вештачка интелигенција наоѓа примена се
Социјалните мрежи.
Поради големиот број на профили низ платформите како Твитер, Фејсбук и
Инстаграм, социјалните медиуми се во постојана битка за персонализирање на
содржините кои им ги прикажуваат на нивните корисници.
Со својата способност да организира огромни количини на податоци, да
препознава слики, и да предвиди појава на нови трендови, ВИ е многу важна за
оваа индустрија.
Пример на употреба на Вештачка интелигенција на социјалните мрежи е
Препознавање на лица од Фејзбук.
 Facebook: Препознавање на лица
Локација: Калифорнија
Тимот за вештачка интелигенција на компанијата има креирано модел за
препознавање на слика со точност дури од 85% користејќи милијарди јавни
фотографии на Инстаграм обележани со хаштагови. Методот е голем напредок во
моделирањето на компјутерската визија.
Facebook веќе користи комбинација на вештачка интелигенција и човечка
умереност за борба против спам и злоупотреба. Со напредокот во
препознавањето на сликите Facebook се нуди и на властите во потрага по
бараните криминалци што може да се смета и како голем бенефит.

You might also like