You are on page 1of 1

Програмирање и алгоритми 2020/2021 Лабораториски вежби

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА – ПРОГРАМИРАЊЕ И АЛГОРИТМИ БРОЈ 7


ТЕМА: МАТРИЦИ
Име и презиме Индекс број Група

. Во Eclipse извршете ги следниве програми:

1. Да се напише главна програма која што е дозволи внесување на елементите на една матрица
со димензии NxM не повеќе од 100х100) од тастатура. Вредностите на N и M исто така се
внесуваат од тастатура. Потоа, програмата треба да го пресмета максимумот на елементите во
секоја колона во матрицата и да ги отпечати на екран вредностите добиени за секоја колона.
На крај, да се отпечати сумата од пронајдените максимуми.

2. Да се напише главна програма која што е дозволи внесување на елементите на две матрици со
димензии NxM (не повеќе од 100х100) од тастатура. Вредностите на N и M исто така се
внесуваат од тастатура и двете матрици имаат исти димензии. Елементите на двете матрици
се внесуваат исто така од тастатура.
Потоа, програмата треба да отпечати дали главната дијагонала на првата матрица ги има
истите елементи како споредната дијагонала на втората матрица, во ист редослед
(дијагоналите се споредуваат од нулта до последна редица, и елементите од двете дијагонали
во соодветната редица треба да одговараат по вредност). Да се испечати дали матрицата го
задоволува условот. Ако матрицата не го задоволува условот, да се испечати колку елементи
го прекршуваат барањето.

You might also like