You are on page 1of 30

Овој проект е финансиран

од Европската Унија

Регионална програма за
енергетска ефикасност
за Западен Балкан,
Фаза II – Прозорец на
дијалог за јавната
политика 1(а)
(РПЕЕ плус)

МК работна задача:
Секундарно
законодавство за
спроведување на
Директивата за
енергетски
карактеристики на
згради

Документ за обемот на работа


верзија 2: НАЦРТ

24 декември 2020 год.

506058198.docx 24/12/2020
Economic Consulting Associates Limited
41 Lonsdale Road, London NW6 6RA, UK
tel: +44 20 7604 4546, fax: +44 20 7604 4547 ii
www.eca-uk.com
Содржина

Содржина

1 Вовед 1

2 Белешка за барањата за енергетска ефикасност и основните проекти за


згради 2

3 Белешка за барањата од обновената директива (2012) наспроти директивата


за изменување и дополнување (2018) 3

4 Закон за енергетска ефикасност 3


4.1 Енергетски контроли 4
4.2 Едноставни и сложени технички системи на зградите 5
4.3 Инспекции на системите за греење и за климатизација 6
4.4 Резиме на клучните прашања 6
4.5 Опции на јавната политика – Закон за енергетска ефикасност 6

5 Правилник за енергетски карактеристики на згради 7


5.1 Национална методологија за пресметка 7
5.2 Минимум стандарди за енергетски карактеристики (МСЕК) 10
5.3 Сертификати за енергетски карактеристики 12
5.4 Инспекции на системите за греење и за климатизација 13
5.5 Резиме на клучните прашања 13
5.6 Опции на јавната политика – Правилник за енергетски карактеристики на
згради 13

6 Правилник за енергетски контроли 18


6.1 Контроли 18
6.2 Резиме на клучните прашања 19
6.3 Опции на јавнат политика – Правилник за енергетски контроли на згради 19

7 Работен план за фаза 2 21


7.1 Временски распоред 21
7.2 Правилник за енергетски карактеристики на згради 22

i
Содржина

7.3 Правилник за енергетски контроли на згради 22


7.4 Тарифник за енергетски контроли на згради 23

ii
Правилник за енергетски контроли

1 Вовед

Целта на оваа задача за јавната политика во рамките на РПЕЕ плус е да му се помош на


Министерството за економија на Република Северна Македонија во изработката и
усвојувањето на следниве документи:

 (Работен пакет 1) Правилник за енергетски карактеристики на згради, кој


соодветно ќе ги спроведе барањата од членот 23 од Законот за енергетска
ефикасност, во согласност со релевантните одредби од ДЕКЗ и со околностите во
Северна Македонија, и кој, меѓу другото:

 развива национална методологија за пресметка на енергетските


карактеристики на зградите, градежните единици и техничките системи во
зградите (НМП);

 утврдува минимални барања за енергетски карактеристики (МБЕК) на


зградите;

 специфицира како овие барања се земаат превид при проектирање и


изградбата на нови згради и при значителна реконструкција на постојните
згради;

 воспоставува систем за издавање сертификати за енергетски карактеристики


(СЕК) на зградите.

 (Работен пакет 2) Правилник за енергетски контроли на згради, во согласност со


барањата од членот 28 од Законот за енергетска ефикасност, за целите на
издавање сертификат за енергетски карактеристики на згради, во согласност со
одредбите од ДЕКЗ, во кој се утврдува рамката за спроведување на ваквите
контроли, обуката за издавањето лиценци на енергетски контролори за згради, и
водењето регистар на лиценцирани енергетски контролори за згради. Според
членот 38 од ЗЕЕ, енергетски контроли на згради треба да се изведуваат при
издавање сертификати за енергетски карактеристики. 1

 (Работен пакет 3) Предлог тарифник за енергетски контроли на згради, во


зависност од категоријата на згради, во согласност со членот 33 од Законот за
енергетска ефикасност.

1
Треба да се напомене дека ДЕКЗ не пропишува барање за вакви „контроли“ за целите на издавање
сертификат за енергетски карактеристики на згради. Напротив ДЕКЗ налага сертификацијата (и
инспекцијата на системите за греење и за климатизација) да ја изведуваат независни квалификувани
и/или акредитирани експерти и тие да бидат подложни на „независен систем за контрола“.

1
Правилник за енергетски контроли

Во рамките на работниот ангажман од РПЕЕ, спроведен во 2015 година, до министерството беа


поднесени предлог измени и дополнувања на прописите за минимум стандарди за енергетски
карактеристики на згради, национална методологија за пресметка, и сертификатите за
енергетски карактеристики (подготвени според правната рамка којашто беше во сила пред
донесувањето на Законот за енергетска ефикасност).

Целта на овој документ е да направи темелен преглед на Законот за енергетска ефикасност,


последните верзии на Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Правилникот за
енергетски контроли на згради, со цел да се утврди степенот до кој претходните резултати
испорачани во рамките на РПЕЕ биле вградени во соодветните документи.

Ќе се направи анализа на празнините за да се идентификуваат аспектите од работата во


рамките на пакет 1 и пакет 2 што остануваат да бидат изработени, и да се направи преглед на
потребната работа во рамките на пакет 3. Овој документ за обемот на работата дава детали за
резултатите од анализата и ја предлага деталната работа во рамките на Фаза 2.

2 Белешка за барањата за енергетска ефикасност и


основните проекти за згради

Обемот на работа во овој документ се однесува на анализа на празнините наспроти барањата


од ДЕКЗ, но ние сметаме дека е неопходно да се отворат и некои пошироки прашања во однос
на основните проекти на згради што не се опфатени во Правилникот за енергетски
карактеристики на згради. Активностите поврзани со проектирањето згради и барањата за
енергетска ефикасност треба да се разгледуваат заедно, бидејќи тие може да бидат поврзани
едни со други. Неколку примери за елементите на основните проекти план кои во моментов
не се земени превид ги вклучуваат следните:

 топлински комфор,

 отсјај и прегревање,

 пресметки на влагата.

Предлагаме министерството да размисли за дефинирање стандарди за основен проект на


згради кои може да бидат поврзани со барањата за енергетска ефикасност и забележуваме
дека се чини дека во законодавството не постојат одредби за овие елементи од основните
проекти. Кога тоа е релевантно, во овој документ даваме упатување онаму каде
разгледувањето на пошироките елементи од основниот проект на згради може да биде
соодветно.

Консултантот препорачува дополните елементи на основните проекти на згради да бидат


вградени во Правилникот за енергетски карактеристики на згради, во форма на Анекси и тоа
онаму каде во моментов постојат насоки и постапки за пресметка. Онаму каде промените во

2
Правилник за енергетски контроли

Правилникот ќе влијаат врз ваквите насоки или постапки, ние ќе ја преземе работата на нивно
модифицирање или ќе дадеме насоки за нивното модифицирање, но нема да преземеме
работа на натамошно развивање на насоките за основните проекти.

3 Белешка за барањата од обновената директива


(2012) наспроти директивата за изменување и
дополнување (2018)

Директивата за изменување и дополнување воведува неколку ревизии на ДЕКЗ коишто


налагаат малку поинаков обем од оригиналниот.

 Праговите за инспекции на системите за греење и за климатизација, онака како


што се вградени во Законот за енергетска ефикасност – оваа измена ги олеснува
праговите кои налагаат редовни инспекции.

 Автоматски систем за регулирање и контрола на зградата (BACS) како алтернатива


на инспекциите – оваа клаузула од директивата за изменување и дополнување од
2018 година дозволува инспекциите на системите за греење и за климатизација да
не се спроведуваат доколку во зградата постои соодветен BACS.

 Долгорочна стратегија за реконструкција – измените и дополнувањата на


директивата налагаат да се воспостави долгорочна стратегија за реконструкција на
националниот фонд на резиденцијални и нерезиденцијални згради, и во јавниот и
во приватниот сектор, за тие да станат високо-ефикасни и декарбонизирани до
2050 година.

 Електромобилност – за новите резиденцијални згради и значително реновирање


на резиденцијалните згради кои имаат повеќе од десет паркинг места, државите-
членки мора да инсталираат спроводници за електрични кабли до секое паркинг
место.

Иако праговите за спроведување инспекции на системите за греење и за климатизација од


измените и дополнувањата во 2018 година носат одредена предност доколку се усвојат,
другите барања може да бидат потешки за остварување и се надвор од оригиналниот обем на
оваа студија. Министерството може да одлучи да ги усвои барањата од директивата од 2018
година во целост или на основа „од-случај-до-случај“.

Консултантот препорачува, до степенот до кој Законот дозволува, елементите од ДЕКЗ од 2018


година да бидат вклучени во ажурирањето на правилниците сега, дури и кога тоа подразбира
воведување поголеми барања од оние во верзијата на Директивата од 2012 година. Тоа ќе
обезбеди идна компатибилност со Директивата, и во крајна линија, ќе ја подобри севкупната
енергетска ефикасност и одржливост.

3
Правилник за енергетски контроли

4 Закон за енергетска ефикасност

Законот вели дека ги транспонира одредбите од Директивата за енергетска ефикасност


2012/27/EU и Директивата за енергетски карактеристики на згради 2010/31/EC, онака како што
се усвоени од Министерскиот совет на Енергетската заедница.

Се чини дека законот е сеопфатен во однос на ДЕКЗ. Сите дефиниции се добри и се чини дека
сè што е потребно во однос на ДЕКЗ е веќе опфатено. Законот упатува на секундарно
законодавство за уредување на сите детали во однос на спроведувањето.

Законот го специфицира следново, без да навлегува во технички детали:

 содржината на Правилникот за енергетски карактеристики на згради,

 содржината на Правилникот за енергетски контроли на згради,

 дека ќе се донесе правилник за детално уредување на постапките за


воспоставување и функционирање на систем за верификација,

 дека министерот ќе усвои тарифник за енергетски контроли по претходна


согласност од Владата,

 дека Агенцијата за енергетика развива и усвојува програма за обука и програма за


усовршување на енергетските контролори за згради.

Според нашето разбирање, веќе постојат Правилник за енергетски карактеристики на згради и


Правилник за енергетски контроли на згради, но потребно е де се изготви и да се усвои
следново:

 Правилник за уредување на постапките за функционирањето на системот за


верификација,

 план за развивање на зграда со речиси нулата потрошувачка на енергија,

 студија за оптималното ниво на трошоците,

 долгорочна стратегија за реконструкција на згради,

 нов тарифник за енергетски контроли, и

 нова програма за обука и програма за усовршување на енергетските контролори


на згради.

4
Правилник за енергетски контроли

5 Енергетски контроли

Сакаме да го свртиме вниманието на фактот дека неколку активности се опишани во законот и


тоа во поглавјето за енергетски контроли на зградите, но дека обемот на секоја од нив може
значително да варира. Овие различни активности, опишани како „контрола“, може да се
резимираат на следниот начин:

 Целосна контрола на бизнис или претпријатие. Тоа налага целосно обучен


контролор и собирање голем број информации, што може да одземе многу време.
ДЕЕ тоа го налага само за големи бизниси, во не толку чести интервали. Тоа е
многу повеќе од она што се бара за која било од другите две цели подолу.

 „Контрола“ или оценка потребна за генерирање сертификат за енергетски


карактеристики. Во зависност од усвоениот метод, ова налага многу помалку
информации, и следствено помалку време, од спроведување детална контрола. На
пример, оваа постапка може да не налага информации за реалната потрошувачка
на енергија и секако ги игнорира сите поврзани индустриски или комерцијални
процеси.

 „Контрола“ или инспекција на системите за греење или за климатизација. Ова е


специфицирано во членовите 14 и 15 од ДЕКЗ. Иако ваквата инспекција налага
разбирање на HVAC системите од различен вид, таа е помалку тешка задача од
детална контрола.

Министерството можеби сака ги разгледа разликите меѓу опфатот на горенаведените ставки и


нивното влијание врз севкупниот трошок за менаџирање на спроведувањето на овие три
активности во рамките на една иста шема.

Потребни се многу повеќе сертификати за енергетски карактеристики отколку енергетски


контроли. Препорачуваме шемата за сертификати за енергетски карактеристики и инспекциите
на системите за греење и за климатизација да се изведуваат според различен пакет обуки и
барања за квалификации. Тоа значително ќе го олесни издавањето на сертификати за згради, и
тоа во потребниот обем.

6 Едноставни и сложени технички системи на зградите

Законот пропишува дека зградите се класифицираат во две основни категории, и тоа:

 згради со едноставни технички системи, и

 згради со сложени технички системи.

Тие се категоризираат според намената, вкупната подна површина и техничките системи на


зградите.

5
Правилник за енергетски контроли

Ова не претставува барање од ДЕКЗ (но не ниту спротивно на ДЕКЗ) и се чини дека е насочено
кон детални енергетски контроли на зградите наспроти оценката што е потребна за
генерирање сертификат за енергетски карактеристики.

Забележете дека доколку се бара различен приод за генерирање сертификати за енергетски


карактеристики за сите овие различни видови на згради врз основа на нивните технички
системи, тоа би можело да доведе до значително дополнително комплицирање на НМП, и
следствено до сложено менаџирање на обуката за издавање сертификати и шемата за
валидација.

Препорачуваме зградите со едноставни технички системи и зградите со сложени технички


системи исто да се третираат во НМП и во процесот за издавање сертификати за енергетски
карактеристики (освен давање изјава за нивниот статус на едноставен/сложен систем).

7 Инспекции на системите за греење и за климатизација

Законот утврдува барања за редовна инспекција на системите за греење во зградите со


инсталираната моќност поголема од 70kW. Ова е специфицирано во директивата за
изменување и дополнување од 2018 година, која го зголеми прагот од 20kW на 70kW и имаше
ефект на отстранување на најголемиот дел од зградите за домување од опфатот на оваа
обврска. И прагот за редовна инспекција на системите за ладење е утврден на 70kW, што
претставува зголемување од претходното утврдениот праг од 12kW во директивата од 2018.

Ова не е специфицирано во „обновената“ директива од 2010 година, која е верзијата што


договорните страни на Енергетската заедница се обврзаа да ја спроведат, но може да се
аргументира дека утврдувањето на овој праг елиминира преголема и скапа заложба во однос
на инспекциите (што беше и причината за измена на прагот во 2018 година).

Имено, прагот утврден во Правилникот за енергетски карактеристики на згради (20kW и 12kW


за греење и за климатизација соодветно) кореспондира со директивата од 2010 година, и
затоа не е конзистентен со прагот од Законот за енергетска ефикасност.

8 Резиме на клучните прашања

Да резимираме, Законот за енергетска ефикасност ги покрива сите аспекти од ДЕКЗ и ДЕЕ.


Генерално гледано, тој е сеопфатен и ги остава деталите во однос на спроведувањето да бидат
уредени со секундарното законодавство. Утврдени се две различни области каде се можни
подобрувања/појаснувања:

 Издавањето сертификати за енергетски карактеристики се чини дека е


специфицирано како дел од детална енергетска контрола на згради, што
подразбира повеќе податоци од оние што се строго неопходни за издавање таков

6
Правилник за енергетски контроли

сертификат. Ова подразбира дека оценка само за целите на издавање сертификат


за енергетски карактеристики не е опција. Исто така, инспекциите на системите за
греење и за климатизација се чини дека се дел од целосната енергетска контрола.
Дефиницијата на едноставни и сложени технички системи на зградите се чини
дека е ориентирана кон целосни контроли наместо кон генерирање сертификат.

 Праговите за задолжително спроведување инспекции на системите за греење и за


климатизација (70kW) се однесуваат на директивата за изменување и
дополнување од 2018 година отколку на обновената директива од 2010 година.

9 Опции на јавната политика – Закон за енергетска ефикасност

Постојат две клучни прашања на јавната политика во врска со Законот за енергетска


ефикасност. Сепак, според нашето разбирање, во оваа фаза се претпочита измена на
секундарното законодавство наместо измена на законот:

 Енергетски контроли: според нашето разбирање, министерството сака да го


задржи издавањето на сертификати за енергетски карактеристики во рамките на
тековниот опсег на целосна енергетска контрола на згради, наместо да дефинира
помал пакет податоци што треба да се соберат само за изработка на сертификати
за енергетски карактеристики. Консултантите советуваат да не се усвои овој приод.
Искуствата сугерираат дека ефективно спроведување на ДЕКЗ за издавање
сертификати за енергетски карактеристики е значаен предизвик за креаторите на
јавните политики, за индустријата и за другите засегнати страни, дури и кога се
разгледува намалување на нивната сложеноста во споредба со барањата за
енергетски контроли. На пример, еден од тие предизвици е да постои доволен
број проценители кои се способни да издаваат сертификати за енергетски
карактеристики со истото темпо кое го налага функционирањето на пазарот на
згради.

 Прагови за инспекции: според нашето разбирање, министерството сака да ги


задржи праговите од 2018 година во однос на инспекциите на системите за греење
и за климатизација, наместо да го ревидира законот. Сепак, други ставки во
рамките на секундарното законодавство може да наложат ажурирање со цел
одржување на конзистентноста со измените на ДЕКЗ од 2018 година.

10 Правилник за енергетски карактеристики на згради

Правилникот за енергетски карактеристики на згради е издаден на 4.7.2013 и е ревидиран на


16.01.2015. Иако со верзијата од 2015 година се направени одредени ограничени измени и
дополнувања, се чини дека тие не ги исполнуваат препораките дадени како дел од РПЕЕ 1.

7
Правилник за енергетски контроли

11 Национална методологија за пресметка

Националната методологија за пресметка (НМП) е дадена во Анекс 1 од Правилникот за


енергетски карактеристики на загради. Иако е обезбедено огромно количество информации,
постојат одредени елементи кои се нејасни за целите на ДЕКЗ.

12 ДЕКЗ

Пресметката на енергија треба да ги покрие сите примени на енергијата изразени како


примарна енергија и како испорачана енергија.

Постои генерално барање за стандардни влезни податоци. Потребни се:

 Конкретни документи за климатските услови (кои опфаќаат температура, сончево


зрачење, брзина на ветер, пресметки за дифузија на водена пареа, топлински
загуби, сончеви топлински добивки, итн.)

 Во моментов, документот ги наведува топлинските степен денови за


конкретни локации, но тие не се доволни за опис на климатските услови.

 База на податоци за дејности, која треба да опфати:

 зададена температура,

 распореди на окупираност,

 барања за вентилација,

 побарувачка на топла вода.

 Детали за изградбата:

 пренос на топлина,

 топлински капацитет.

Треба да се усвојат коефициенти на примарна енергија (и коефициенти на CO 2) за сите видови


енергенси.

Нема јасни инструкции за пресметката на помошната енергија за греење, ладење, вентилација


и подготовка на санитарна топла вода.

Во методологијата не постои јасен третман на технологиите за обновлива енергија. Посебен


Анекс треба да ги содржи препораките, инструкциите и техничките детали за користење
обновливи извори на енергија, особено за елементите на згради во функција на пасивно
користење соларна енергија и застаклени површини со обложување со ниски емисии.

8
Правилник за енергетски контроли

Според Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/EU), државите на ЕУ мора да преземат


реновирања за енергетска ефикасност на најмалку 3% од вкупната подна површина на
зградите во сопственост на и окупирани од централната влада. Се препорачува националните
влади да купуваат само згради кои имаат висока енергетска ефикасност.

Внатрешните топлински добивки што се земаат превид за греење и за ладење, онака како што
се дадени во Правилниот, се различни. Третманот на внатрешните добивки треба да биде
конзистентен за сите текови на енергија.

Постои генерална потреба за поголема кохезија на методологијата: мора да има доволно


насоки за пресметка на конзистентен резултат врз основа на недвосмислени правила дадени
во НМП. На пример, временскиот чекор што се користи не е експлицитно даден во
методологија. Оваа пресметка како минимум треба да се прави на месечно ниво.

Не е специфицирано кој софтвер за пресметка е дозволен да се користи за спроведување на


методологијата.

Откако целосно ќе се дефинира НМП, министерството треба да воспостави механизам за


контрола на софтверските решенија кои се одобрени за користење во пресметките.
Препорачуваме да се развие или да се усвои референтен систем. Тоа може да се користи за
валидација на комерцијален софтвер кој во моментов се развива во согласност со прописите,
или тоа може да се користи за основно спроведување на НМП од страна на проценителите.

Усвојување на конкретен постоечки софтвер како основа за НМП ќе овозможи помалку детали
да бидат потребни во содржината на секундарното законодавство (доволно ќе биде само
упатување на софтверот). Развивањето софтвер во подоцнежна фаза ќе наложи многу повеќе
детали во НМП кои недостасуваат во моментов.

13 Генерална функционалност – поврзано со НМП

Следните ставки не се строго наложени од ДЕКЗ, но сепак се наведени како сугестии за


подобрување на реалната функционалност на правилникот:

Топлински мостови

Иако не е задолжително според ДЕКЗ, се советува да се даде упатување на сите достапни


солидни бази на податоци за топлински мостови, бидејќи пресметката на топлинските мостови
е тешка задача и може да се олесни преку упатување на библиотеки за градежни конструкции.

Контролата на ризикот од кондензација на внатрешни површини при точка на росење кај


рамни конструкции е можна со еднодимензионални пресметки во согласност со стандардот
МКС ЕН ИСО 13788. Но најниските температури на површини се случуваат кај топлинските
мостови кои се пресметуваат со дводимензионални и тридимензионални пресметки
(коефициент на зададена температура на внатрешни површини, fRsi мин.) во согласност со

9
Правилник за енергетски контроли

стандардот МКД ЕН ИСО. Вредноста на fRsi мин. може да се земе само од каталог на топлински
мостови.

Решението на проблемот со топлинските мостови може да биде користење на постојниот


македонски „Каталог на линеарни топлински мостови во сеизмички региони“, објавен од
Комората на овластени архитекти и инженери на Северна Македонија. Тој има 410 страници со
околу350 референтни сеизмички детали за топлински мостови претставени со 2.800 варијанти
на таквите детали и вкупно околу 44.000 пресметани различни физички количества (дебелина
на изолација 8 - 20 cm, проток на топлина и најниски температури на внатрешни површини во
опсег на надворешни температури од 0°C до -15°C, пренос на топлина, линеарен пренос на
топлина, минимален фактор на температура на внатрешна површина). Изборот на најважните
топлински мостови од каталогот може да се внесе во посебен Анекс на Правилникот.

Развивање влага

Во контекст на обезбедување истрајност на градежните конструкции и комфор во зградите,


потребно е да се пресмета дифузијата на водена пареа за да се избегне критична влажност на
површината (од аспект на избивање влага) и кондензација во слоевите (од аспект на
оштетување на градбата). Овие барања може да се формулираат во посебен Анекс на новиот
Правилник.

Прегревање и топлински комфор

За да се обезбеди исполнување на критериумите за топлински комфор и да се избегне


дизајнот на зградата не овозможува прегревање, потребни ќе бидат пресметки дека летните
внатрешни температури не се преголеми. Мерките за олеснување како што се внатрешни
застори или облоги на застаклувањето може да се вклучат како дел од препораките, но нема
да бидат строго поврзани со енергетската ефикасност.

Мерења и контроли

Во некои згради со повеќе станбени единици каде има подрачно греење или вообичаено
централно греење, користењето на прецизни индивидуални броила за топлина би било
технички комплицирано и скапо поради фактот дека топлата вода што се користи за греење
влегува и излегува од станбените единици во неколку точки. Кај овие згради, мерењето на
индивидуалната потрошувачка на топлина може да се изведе преку индивидуални топлински
разменувачи инсталирани на секој радијатор.

Новиот Правилник треба да ги вклучи паметните технологии, вклучително и преку барања за


инсталација на системи за регулација и управување со згради, и уреди кои ја регулираат
температурата на ниво на соба.

10
Правилник за енергетски контроли

Кога е економски изводливо, во предвид треба да се земе инсталацијата на само-регулирачки


уреди во постојните згради за регулирање на температурата во секоја просторија или, кога е
оправдано, во назначена зона за греење од градежната единица.

14 Минимум стандарди за енергетски карактеристики (МСЕК)

Правилникот за енергетски карактеристики на згради утврдува максимални вредности за


пренос на топлина и пропишува дека новите згради не треба да имаат енергетска класа
помала од класата C (само врз основа на побарувачката за греење). Остатокот од стандардите
за енергетски карактеристики допрва треба да се дефинираат.

МСЕК редовно се споменуваат во Правилникот, но тие не се соодветно дефинирани во


рамките на самиот правилник:

 Член 3 треба да направи усогласување со барањата од ДЕКЗ во однос на опфатот


на згради за кои треба да се издаде сертификат за енергетски карактеристики.
Како минимум, тој треба да ги опфати:

 едносемејни куќи од различни видови;

 станбени згради;

 канцеларии;

 образовни згради;

 болници;

 хотели и ресторани;

 спортски објекти;

 големопродажни и малопродажни комерцијални објекти;

 други видови на згради кои имаат потрошувачка на енергија.

 Член 7: Минималните барања за енергетски карактеристики на згради и градежни


единици дадени во Анекс 4, Табела A4-1, Табела A4-2 и Табела A4-3 треба да се
прилагодат во согласност со усвоените енергетски класи за неколку видови на
згради и со минималната дозволена класа за нови згради и значителна
реконструкција на постојни згради.

 Член 8 пропишува дека вкупната примена на енергија не треба да ги надмине


дозволените вредности, но дава упатување на Анекс 2. Овој анекс ги содржи само

11
Правилник за енергетски контроли

МКС/ЕН стандардите, а не документите во кои се дадени максималните


вредности.

 Член 9 вели дека коефициентите за пренос на топлина треба да бидат помали од


максималните вредности во Анекс 4, кој пак навистина дава пакет на такви
вредности.

 Член 14 вели дека новите згради треба да имаат вкупна специфична потрошувачка
на енергија која не ги надминува вредностите дадени во член 3. Сепак, овој член
не содржи никакви вредности.

 Единственото упатување на минимални енергетски карактеристики е дадено во


член 14.5 каде се вели дека сите нови згради не требаат да имаат помала
енергетска класа од класата C. Ова не може да биде доволно, бидејќи класата се
базира само на побарувачка на енергија за греење.

Исто така, Законот за енергетска ефикасност упатува на минимални карактеристики на


техничките системи во Правилникот за енергетски карактеристики на згради коишто мора да
бидат дефинирани.

Новиот Правилник треба да утврди оптимално ниво на трошоци за минималните барања за


енергетски карактеристики за нови згради, за значително реновирање на постојни згради и за
замена или надградба на елементи на зградите, како што се системите за греење и ладење,
покривите или ѕидовите.

15 Генерална функционалност – поврзана со МСЕК

Следниве ставки не се строго наложени од ДЕКЗ, но се сугерира тие да се спроведат поради


нивната важност за кохезијата на Правилникот.

Класификацијата на зградите треба понатаму да се подели во следниве подгрупи:

 едно-семејни куќи,

 колективни станбени згради,

 општински згради,

 градинки,

 училишта,

 факултети,

 болници,

 домови за нега на стари лица,

12
Правилник за енергетски контроли

 пензионерски домови,

 хотели,

 ресторани,

 спортски објекти,

 комерцијални згради,

 трговски центри, саеми,

 внатрешни базени,

 други видови на згради со потрошувачка на енергија.

Треба да се додаде нова табела за згради со внатрешна температура од 12°C до 18°C.

16 Сертификати за енергетски карактеристики

Анекс 6 од Правилникот за енергетски карактеристики на згради го утврдува сертификатот за


енергетски карактеристики. Предложени се два формати, за резиденцијални и за
нерезиденцијални згради, при што единствената разлика е основата за оценката во
сертификатот.

Оценката од сертификат за резиденцијални и незрезиденцијлни згради се чини дека се базира


само на апсолутната вредност на годишната побарувачка (потреба) од енергија за греење на
зградата. Таа треба да се базира на вкупната потрошувачка на примарна енергија (наместо на
испорачаната енергија како што е во моментов), вклучително и другите крајни примени на
енергијата и ефикасноста (или нешто слично) на сервисните системи – енергетските
карактеристики на зградата се утврдуваат врз основа на пресметаната применета енергија и ја
одразуваат типичната енергија применета за загревање на просторот, ладење на просторот,
санитарна топла вода, вентилација, вградено осветлување и други технички системи на
зградите. Енергетските карактеристики на зградата се изразуваат како нумерички индикатор
на применета примарна енергија во kWh/(m2/годишно) за целите на издавање сертификат и
исполнувањето на минималните барања за енергетски карактеристики.

За нерезиденцијалните згради, оценката од сертификат се чини дека се базира на споредба со


референтна зграда или на максимално дозволената специфична енергија за греење. Кај
резиденцијалните згради се чини дека не постои референца/упатување на минималните
стандарди за енергетски карактеристики.

Не постојат одредби со информација за тоа каде сопственикот или станарот може да добие
подетални информации, вклучително и во однос на економичноста на препораките.

13
Правилник за енергетски контроли

17 Инспекции на системите за греење и за климатизација

Инспекциите за системите за греење се базираат на праг од 20kW, додека инспекциите на


системите за климатизација се базираат на праг од 12kW – што значи дека тие треба да се
ажурираат за да бидат во согласност со ревидираниот Закон за енергетска ефикасност (под
претпоставка дека министерството се согласува да го ажурира секундарното законодавство).

18 Резиме на клучните прашања

 НМП налага стандардизирани инпути, на пример, документи за климатските


услови, база на податоци со активности, коефициенти на примарната енергија.
Како минимум, временскиот интервал за пресметката треба да биде утврден на
месечно ниво.

 МСЕК се делумно и не се јасно утврдени во документот и се чини дека тие се


базираат на испорачана енергија (наместо на примарна енергија, како што бара
ДЕКЗ).

 Класата на зградите во сертификатот за енергетски карактеристики се базира само


на греење. За резиденцијалните згради таа е апсолутната, но за
нерезиденцијалните згради таа е релативна на максималната дозволена вредност.

 Инспекциите на системите за греење се базираат на праг од 20kW, а инспекциите


на системите за климатизација се базираат на праг од 12kW – што значи дека тие
не се во согласност со ревидираниот Закон за енергетска ефикасност каде е
утврден праг од 70kW, онака како што е даден во директивата за изменување и
дополнување од 2018 година.

19 Опции на јавната политика – Правилник за енергетски


карактеристики на згради

За целите на сообразност со ДЕКЗ и во согласност со проектните задачи за оваа работа, во


следната фаза од проектот се препорачува да се спроведат следниве работи. Генерално тие го
покриваат вградувањето на прашањата кои беа претходно разгледани во рамките на задачата
од РПЕЕ во 2015 година.

14
Правилник за енергетски контроли

20 НМП

Софтвер за пресметка: министерството треба да наведе каков софтвер очекува да се користи,


бидејќи изборот на конкретен софтвер ќе го диктира форматот на методологијата за
пресметка.

НМП: сите ставки разгледани во дел 5.1.1 мора да се спроведат при ревизијата на НМП за да се
обезбеди сообразност со ДЕКЗ.

Пресметка на реалната примена на енергија: пресметките треба да се прават во интервали од


еден месец или помалку, а резултат треба да се изрази како потрошувачка на испорачана
енергија годишно и по m2 подна површина, за секој енергенс што се користи, наместо како
потребна енергија, и да биде изразена како примарна енергија.

Видови на згради што треба да се земат превид: Мора да се разгледа интеракцијата меѓу
минималните барања за енергетски карактеристики и видовите на згради, што е предмет на
член 32, став (2) од Законот за енергетска ефикасност, како и со типологијата на згради.

Основа на оценката на основните средства: консултантот препорачува оценката на основните


средства во зградата што е предмет на разгледување („реалната зграда“) да биде спроведена
во споредба со модел на виртуелна, хипотетичка, „замислена зграда“, дефинирана во иста
големина, форма, распоред и ориентација како и реалната зградата, и која ја има истата
комбинација на активности и е предмет на истите временски услови и параметри за
потрошувачка како и реалната зграда, како што е дадено во измените и дополнувањата на
НМП предложени во рамките на задачата од РПЕЕ во 2015 година.

Овој приод со замислена зграда значително ја намалува сложеноста при утврдувањето на


минималните стандарди за енергетски карактеристики за голем број различни видови на
згради. Консултантот го повикува министерството на натамошна дискусија за сите тешкотии со
кои тие можеби се соочиле во однос на основата за оценката на основните средства како што
беше предложена во 2015 година, за ние да помогнеме во нивното решавање.

21 МСЕК

Детален механизам за пресметка на реалните и целните енергетски карактеристики на секоја


зграда, врз основа на НМП, беше опишан во РПЕЕ 12. Тој сè уште е соодветен за користење и
затоа се предлага усвојување на овој механизам за мерење на реалните енергетски
карактеристики наспроти целните енергетски карактеристики.

Мора да постои механизам за утврдување на целите. Идеално, овој механизам треба да се


базира на постапката за оптимално ниво на трошоците на ЕУ. Според нашите информации тоа

2
Работна задача 2: Поддршка за транспонирање на барањата од ДЕКЗ – утврдување минимални
стандарди за енергетски карактеристики, Economic Consulting Associates, заедно со LDK, EIHP, ESG, K&N и
BRE, 24 јуни 2015 година

15
Правилник за енергетски контроли

не биле направено, иако оптималното ниво на трошоците е наведено во член 32 од Законот за


енергетска ефикасност.

За утврдување на стандарди со оптимално ниво на трошоци:

 Или треба да се направи анализа за оптимално ниво на трошоците, врз основа на


постапката за оптимални трошоци на ЕУ,

 Или може да се користат други средства за утврдување на техничките стандарди за


мерење на енергетските карактеристики. Ова би можело да значи утврдување на
минимални стандарди еквивалентни на спецификациите на замислена зграда,
како што е опишано во извештајот 1 од РПЕЕ во 2015 година.

Деталите за овој приод треба да бидат одлучени во консултации со министерството.


Стандардите за оптимално ниво на трошоци ќе треба да упатуваат на конкретна цел според
механизмот опишан погоре и ќе треба да бидат изработени за конкретни видови на згради,
онака како што се дефинирани во НМП.

Препорачуваме студијата за оптималното ниво на трошоците да се спроведе според барањата


од ДЕКЗ. Тоа претставува построга оценка на придобивките од трошокот на мерките за
енергетска ефикасност.

Потребни се механизми за да се осигури сообразност со предложените стандарди и да се


наметнат казни во случај на несообразност. Ваков механизам беше предложен во РПЕЕ 1 и тој
е дел од обемот на работната задача 3 во рамките на овој проект.

22 Сертификати за енергетски карактеристики

ДЕКЗ дефинира што треба да биде опфатено со и кои информации треба да бидат содржани во
сертификатите за енергетски карактеристики. ДЕКЗ дефинира дека во прилог на сертификатот
мора да се достават препораки за подобрување. Во резимирана форма, ДЕКЗ вели:

 Сертификатите мора да ги прикажат:

 пресметани годишни интегрирани енергетски карактеристики на зградата,

 пресметан показател за енергетски карактеристики на зградата,

 нумерички индикатор за примарната енергија на зградата,

 општи карактеристики на зградата, вклучително и нејзината старост,

 информации за проценителот на сертификатот за енергетски карактеристики


и телото што го издава,

 референтни вредности,

16
Правилник за енергетски контроли

 препораки за подобрувања на системите и/или материјалот на елементите


кои се технички изводливи, со оптимално ниво на трошоци и рационални,

 упатување каде може да се најдат подетални информации,

 информација за чекорите што треба да се преземат за спроведување на


препораките.

 Сертификацијата на градежни единици/куќи може да се базира на енергетски


карактеристики на слична единица.

Сертификатите за енергетски карактеристики мора да вклучат препораки за подобрувања, кои


имаат оптимално ниво на трошоци и се рационални, а се однесуваат на:

 техничките системи;

 елементите на зградата.

 Упатување за тоа каде може да се најдат подетални информации;

 Информации за чекорите што треба да се преземат за спроведување на


препораките.

Тековните препораки за подобрување на енергетската ефикасност се во слободна форма, и не


се специфицира конкретен формат за начинот на кој треба да се презентираат информациите.
Во следната фаза ќе се предложи образец за опис на мерката, видот, проценетиот капитален
трошок, и пресметаниот поврат на средствата.

Процесот на сертификација, кој меѓу другото ја опфаќа и методологијата за утврдување на


енергетската оценка на зграда, формата и содржината на сертификатот за енергетски
карактеристики и соодветните документи и извештаи ќе бидат целосно дефинирани во
рамките на Правилниците.

За згради со вкупна корисна подна површина над 250 m2, кои ги користат органите од јавниот
сектор и кои често се посетуваат од јавноста, сертификатот за енергетски карактеристики мора
да биде јасно истакнат на видно место за јавноста.

Потребни се измените и дополнувањата на постојните прописи, врз основа на постојните


приоди во државите-членки на ЕУ, и прилагодени на законската рамка и градежниот сектор, со
цел да се обезбеди дека следниве аспекти се соодветно опфатени со законодавството:

 методологија и формат за оценка на енергетските карактеристики на зградите, со


користење на оценка за пресметани основни средства врз основа на пресметка на
применета енергија од основниот проект; и

 механизми за да се обезбеди сообразност со постапките за сертификација и да се


изречат казни за несообразност.

17
Правилник за енергетски контроли

23 Сложени технички системи на згради

Според добиените информации, поделбата на зградите во згради со едноставни технички


системи и згради со сложени технички системи е примарно направена за да се покријат
лиценците за контроли. Сепак се сугерира сертификатите за енергетски карактеристики да ја
прикажуваат категоријата во која спаѓа предметната зграда.

Категоризацијата на згради според едноставни и сложени технички системи ќе се направи во


зависност од елементи, како што се:

 намената на зградата,

 вкупната корисна подна површина, и

 техничките системи на конкретната зграда.

Следната табела е дадена како начин за класификација на зградите.

Ова е дадено како индикативна класификација за дискусија и ќе биде предмет на натамошно


уредување во следната фаза од работата.

Забележете дека доколку некој од елементите на „сложените технички системи на згради“ е


задоволен во некој дел од зградата, тогаш зградата се класифицира како зграда со сложен
технички систем. Доколку сите елементи се во колоната за едноставен систем, тогаш зградата
се класифицира во „едноставен технички систем на зграда“.

18
Правилник за енергетски контроли

Табела 1: Индикативни критериуми за класификација на едноставни наспроти сложени технички


системи на зграда

Ставка Едноставни технички системи на зграда Сложени технички системи на зграда


Намена  едносемејни куќи од различни  болници;
видови;  хотели и ресторани;
 станбени згради;  спортски објекти;
 канцеларии;  трговски центри, саеми,
 образовни згради;  индустриски згради
 големопродажни и малопродажни
комерцијални згради;
 други видови на згради со
потрошувачка на енергија.
Вкупна корисна < 500m2 >= 500m2
подна површина
Технички системи  централно греење што користи вода:  греалки со зрачење, со или без оџак
на зграда (HVAC) радијатори/ конвектори / подно  греалки со зрачење, со повеќе горилници
греење
 греалки на воздух со принудна
 централно греење со дистрибуција на конвекција, со оџак
вода
 греалки на воздух со принудна
 други локални грејачи на простор – конвекција, без оџак
со/без вентилатор
 ПВВ со еден канал

 ПВВ со два канали
 собна пакетна единица (ПВВ)
 фенкоил системи
 индукциски систем
 систем со константен волумен (фиксна
стапка на свеж воздух) (променлива
стапка на свеж воздух)
 мултизонски (топол кат/ ладен кат)
 догревање во терминалите (константен
волумен)
 двоен канал (константен воздух)
 активни ладилни греди
 топлинска пумпа со водно коло
 сплит или мулти-сплит систем
 систем за ладење една соба
 променлив проток на разладен медиум
 ладилни тавани или пасивни ладилни
греди и вентилација со земна
 ладилни тавани или ладилни греди и
вентилација со мешање
Технички системи автоматски систем за регулација на зградата
на зграда
(регулација)

19
Правилник за енергетски контроли

24 Друго

Член 32 од Законот за енергетска ефикасност вели дека:

 ќе се воведат паметни системи за мерење при изградба на нови или значителна


реконструкција на стари згради; и

 ќе се поттикне поставување на системи за активна регулација кои имаат за цел


заштеда на енергија.

Овие одредби ќе бидат вградени во Правилникот за енергетски карактеристики на згради.

25 Правилник за енергетски контроли

Правилникот за енергетски контроли (објавен во Службен весник бр. 94/2013), ги регулира


сите контроли: на згради (според ДЕКЗ) и во индустријата (според ДЕЕ). Имајќи го ова во
предвид, потребно да се изготви нов правилник (т.е. Правилник за енергетски контроли на
згради), во согласност со проектните задачи.

Иако делови од постојниот Правилник за енергетски контроли можат да се искористат, треба


да се развие и формално да се изготви нов Правилник, со нов наслов, врз основа на и со
вклучување на елементите специфицирани во член 38 од Законот за енергетска ефикасност.

Забележуваме дека постојниот Правилник за енергетски контроли го потврдува потребното


ниво на детали, но вклучува најмалку два елемента кои не се строго задолжителни за
сертификатите за енергетски карактеристики:

 анализа на реалната потрошувачка на енергија,

 пресметка на заштедите за секоја препорачана мерка за енергетска ефикасност.

26 Контроли

Член 3 од Правилникот за енергетски контроли ги дефинира видовите на енергетски контроли.


Постојат две дефиниции кои подразбираат издавање сертификат за енергетски
карактеристики:

(2) Кога предмет на енергетската контрола е зграда за која постои обврска за


издавање сертификат за енергетски карактеристики, енергетската контрола
спроведена за издавање на таков сертификат ќе се смета како енергетска контрола
во смисла на овој правилник доколку енергетската контрола за издавање на
сертификат за енергетски карактеристики на згради опфати анализа на реалната

20
Правилник за енергетски контроли

потрошувачка на енергија во зградата, односно управување со енергија во зградата,


во согласност со овој правилник.

(3) Спроведувањето на енергетска контрола на зграда се усогласува со


спроведувањето на енергетска контрола за издавање сертификат за енергетски
карактеристики на згради кога обврската за спроведување на енергетска контрола
доаѓа истовремено со обврската за издавање сертификат за енергетски
карактеристики на згради.

Импликацијата од член 3 е дека енергетските контроли за издавање сертификат за енергетски


карактеристики на згради мора да бидат направени според истиот стандард како и деталната
енергетска контрола, што би вклучило собирање на многу повеќе податоци, што пак не е
строго наложено за сертификати за енергетски карактеристики според ДЕКЗ.

Се чини дека барањата за обука на енергетски контролори за целите на издавање сертификат


за енергетски карактеристики на згради се исти како и оние за спроведување детална
енергетска контрола. Ова е значително многу повеќе од типичните барања за обука што се
потребни за енергетски проценители.

Не постои различен третман на „едноставни“ и „сложени“ технички системи во згради, онака


како што се дефинирани во Законот за енергетска ефикасност. Според нашето разбирање,
објаснувањето за ова разделување е да постојат различни барања за обука на контролорите и
тоа треба да биде соодветно одразено во Правилникот.

27 Резиме на клучните прашања

Правилникот за енергетски контроли покренува неколку прашања за дискусија:

 Правилникот содржи елементи кои не се строго потребни за сертификати за


енергетски карактеристики, додека разграничувањето меѓу видовите на
енергетски контроли може да биде појасно.

 Се чини дека енергетските контролори за сертификати за енергетски


карактеристики на згради мора да бидат обучени за извршување целосна
енергетска контрола, дури и кога тоа не е нивната типична функција.
Потенцијално, ова може да биде големо барање за помалиот обем на работа
потребен за издавање сертификат за енергетски карактеристики.

 Не постои различен третман на „едноставни“ и „сложени“ технички системи на


згради, онака како што се дефинирани во Законот за енергетска ефикасност.

21
Правилник за енергетски контроли

28 Опции на јавнат политика – Правилник за енергетски контроли


на згради

ДЕКЗ го користи терминот „независен експерт“ за да упати на лице кое е квалификувано и/или
акредитирано за извршување енергетска сертификација на згради и/или за извршување
инспекции на системите за греење и/или климатизација. Тие можат, но не мора да бидат
истите луѓе кои ќе извршуваат енергетски контроли според ДЕЕ, поради различниот пакет
вештини потребни за таквата работа, и затоа потребно е овие пакети на вештини да бидат
дефинирани.

Резултатите од оценките на енергетските карактеристики се сертификати, кои се конкретно


дизајнирани за исполнување на потребата за сообразноста, а не за поширокиот опфат на
енергетските контроли, кои пак се специјално наменети за поголемите организации да ја
разгледаат својата вкупна потрошувачка на енергија, вклучително и преку процеси, транспорт
и згради.

Би било корисно да се направи појасно разграничување меѓу енергетска „сертификација“ или


„оценка“ (за сертификати) и инспекциите на системите за греење и климатизација.
Издавањето на сертификати за енергетски карактеристики се прави преку оценка на зградата
за да се произведат податоци и да се пресметаат параметрите потребни за сертификатот.
Оттука, се чини дека е посоодветно Правилникот за енергетски карактеристики на згради да ги
користи термините „сертификатор за енергетски сертификат“ и “сертификација за енергетски
сертификат“.

Следствено, предлагаме во Правилникот за енергетски контроли на згради да се користат


термините „проценител за енергетски сертификат“ и “оценка за енергетски сертификат“ со цел
овие функции да се разграничат од активностите кои се дел од енергетските контроли.

Постои потреба за појаснување на правилата во врска со :

 издавањето сертификати за енергетски карактеристики по завршена енергетска


контрола,

 извршување на оценка на зградата за издавање сертификат за енергетски


карактеристики за секоја од двете категории на згради, онака како што е
специфицирано во Правилникот за енергетски карактеристики на згради; се
предвидува дека постапката ќе биде иста и само нивото на обука на контролорите
ќе биде различно,

 методологијата за пресметка, мерење и верификација на енергетските заштеди на


зградите треба целосно да се специфицира, и ќе се специфицираат содржината и
формата на извештајот од енергетска контрола на згради и начинот на изработка
на извештајот.

22
Правилник за енергетски контроли

Проценителот за сертификат за енергетски карактеристики на згради треба да има помали


сеопфатни квалификации од контролорот, но сепак треба да ги има следниве компетенции:

 премер на згради,

 разбирање на резиденцијални и комерцијални градежни конструкции,

 разбирање на системите на згради (греење, ладење, осветлување, вентилација и


топла вода), за различни видови на згради,

 напредни системи, зонирање, обновливи енергии и прашања поврзани со нови


градби,

 способност да ја користи релевантната алатка (софтвер) за сертификат за


енергетски карактеристики.

Од искуство, користењето на алатката за сертификати за енергетски карактеристики е


најголемото прашања во однос на квалитетот и тоа може да се реши преку воведување
обврска сите апликанти да положат тест за „оценка на компетенциите“ што ќе го утврди телото
за сертификација, и кој ќе вклучува теорија за и практична примена на алатката за енергетски
сертификати за згради.

Исто така, Правилникот треба да ја специфицира рамката на шемата за акредитација на


енергетските проценители на зградите.

29 Работен план за фаза 2

30 Временски распоред

Работниот план за фаза 2 започнува веднаш по одобрувањето на документот за обемот на


работа од страна на министерството. Подолу е дадена индикативна временска рамка, иако таа
е предмет на промена во зависност од евентуалниот обем на проектот што ќе биде договорен.

Почнувањето на фаза 2 зависи од административните постапки на ЕБОР за одобрување и


започнување на конкретната задача, со обезбедување поддршка во фаза 2.

23
Правилник за енергетски контроли

Почнување на фаза 2 (ПФ2) Известување за почеток на


договор по одобрувањето
на проектните задачи врз
основа на одобрениот
документ за обемот на
работа
Воведен состанок на кој ќе учествува Воведен состанок ПФ2 + 2 недели
корисникот и консултантскиот тим
Работен пакет 1 и 2: реално утврдување и Правилник за енергетски Работата се планира да
изработка на измените и дополнувањата карактеристики на згради почне по ПФ2 + 4 недели
потребни во постојната законска рамка, или Правилник за енергетски
изработка на нов Правилник во согласност контроли на згради
со документот за обемот на работа, за да се
осигури дека тој е сообразен со ДЕКЗ и
соодветствува на претпочитаните политики
на Северна Македонија.
Работен пакет 3: овој чекор ќе вклучи Нацрт тарифник Работата се планира на
изработка на потребниот тарифник, земајќи почне по ПФ2 + 4 недели
ги предвид повратните информации од
министерството и ТРГ
Белешка: откако ТРГ ќе ги одговори Документ(и) за јавна политика, доколку и кога се потребни
прашањата за јавната политика покренати за соодветниот работен пакет
во документот за обемот на работа, може да
има потреба за натамошно детално
разработување на претпочитаниот приод на
јавната политика за некои или за сите
работни пакети, пред да се почне со
изработката на секундарното законодавство;
во тој случај, документ за јавна политика ќе
даде преглед на избраниот приод за
спроведување на самите почетоци од фаза
2.
Состаноци на ТРГ и работилници со Опфатено во ставките подолу
засегнати страни

31 Правилник за енергетски карактеристики на згради

Како што е наведено во дел 4, препораките дадени во рамките на претходниот проект на РПЕЕ
во голема мера треба да бидат вградени во Правилникот, и тоа откако ќе бидат ревидирани
наспроти последниот Закон за енергетска ефикасност.

Голем дел од деталите за оваа фаза зависат од одлуките што ќе ги донесе министерството во
однос на обезбедување софтвер. Доколку има потреба за повторно дизајнирање на НМП за
целите на сообразност со постојниот софтер, тогаш таквата работа ќе влијае врз временската
рамка.

Временската рамка е индикативна и зависи од одлуките за обемот на работа.

Распоред на состаноци/работилници и конкретни постигнувања во изработката на Правилник.

24
Правилник за енергетски контроли

Временска Постигнување/работилница Белешки


рамка
ПФ2 + 4 Работилница – национална Работилница за дискусија на деталниот обем на НМП и
недели методологија за пресметка и амбициите за моделирање – посебно за решавање на
сертификат за енергетски прашањето во однос на сложени наспроти едноставни
карактеристики технички системи на зграда
ПФ2 + 8 Постигнување – национална Изработка на целосно ревидиран текст на НМП во
недели методологија за пресметка Правилникот за енергетски карактеристики на згради
ПФ2 + 6 Постигнување – сертификат за Изработка на целосно ревидиран текст на форматот за
недели енергетски карактеристики сертификат во Правилникот за енергетски
карактеристики на згради
ПФ2 + 11 Работилница – минимални Работилница за дискусија на амбицијата на
недели стандарди за енергетски министерството за минималните стандарди за
карактеристики енергетски карактеристики на згради
ПФ2 + 15 Постигнување – минимални Дефиниција на минималните стандарди за енергетски
недели стандарди за енергетски карактеристики
карактеристики

32 Правилник за енергетски контроли на згради

Како што е наведено во дел 5, клучните прашања во Правилникот за енергетски контроли на


згради се однесуваат на потенцијална дефиниција на помал обем и помалку тежок пакет на
барања во врска со контролите за издавање сертификати за енергетски карактеристики.

Временската рамка е индикативна и зависи од одлуките за обемот на работа.

Распоред на состаноци/работилници и конкретни постигнувања во изработката на


Правилникот.

Времен Постигнување/работилница Белешки


ска
рамка
ПФ2 + 8 Работилница – барања за Дефиниција на приодот за енергетски контроли за
недели енергетска контрола за целите на сертификат за енергетски карактеристики – дали
издавање сертификат за моменталниот приод е прифатлив?
енергетски карактеристики
ПФ2 + Постигнување – дефиниција на Предложени конкретни барања за енергетски контроли за
10 обемот на енергетските контроли целите на издавање сертификат за енергетски
недели за целите на издавање сертификат карактеристики
за енергетски карактеристики
(само)

25
Правилник за енергетски контроли

33 Тарифник за енергетски контроли на згради

Овој работен пакет се однесува на изработка на тарифник за енергетски контроли на згради (за
издавање сертификати) што треба да вклучи компаративни анализи во земјата и во регионот
во однос на следното:

 висината на надоместокот за издавање сертификат за енергетски карактеристики и


сертификати за сообразност;

 висината на надоместокот за спроведување енергетска контрола на зграда и


подготовка на извештај од енергетската контрола на зграда;

 висина на надоместокот за учество во обука и професионален развој на


енергетските контролори на згради;

 трошок за полагање испит во зависност од просторните и материјалните услови;

 трошок за ангажирање професионалци кои ќе ги организираат обуките и испитите;

 висина на надоместокот за издавање или продолжување на лиценца за


спроведување енергетски контроли на згради, и

 висина на надоместокот за признавање на овластување и лиценца за


спроведување енергетски контроли на згради, издадени од надлежен орган во
друга држава.

Ќе се организира работилница за тарифникот и надоместоците. Ревизија на претходните


препораки.

Временската рамка е индикативна и зависи од одлуките за обемот на работа.

Временска Постигнување/работилница Белешки


рамка
ПФ2 + 4 Постигнување – претходни Собирање информации за тековните тарифи
недели информации за тарифите
ПФ2 + 7 Работилница – барања за тарифи Преглед на претходната препорака за тарифи и
недели и надоместоци надоместоци. Разгледување на потенцијалните тарифи
во светло на локалното искуство.
ПФ2 + 11 Постигнување – дефинирање на Документ кој ги опишува препорачаните тарифи и
недели тарифите и надоместоците надоместоци во врска со сертификатите за енергетски
карактеристики

26

You might also like