You are on page 1of 18

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
ИНСТУТИТ ЗА ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА
Насока: ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА
Историја на македонскиот народ – среден век

КУЛТ НА МАРТИРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД 4 ДО 9 ВЕК

(ЕСЕЈ)

Ментор: Студент :

Проф.- др Александар Атанасовски Виктор Бушиноски

Август 2017
Скопје
Содржина :

1. Вовед – појавата на Христијанството и првите векови – векови на


прогон и мачеништво
2. Култот на реликвии и почетоци на архитектонските форми
3. Античките театри и маченичкиот култ
4. Светителските култови во Македонија
5. Култните христијански структури во Македонија во
ранохристијански , рановизантиски период и континуитетот на
старите култни места - разрушени храмови во време на обновата
на христијанскиот живот во Македонија во 9 век.
1.

ВОВЕД

ПОЈАВАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО И ПРВИТЕ ВЕКОВИ –ВЕКОВИ НА ПРОГОН И


МАЧЕНИШТВО

Македонија , како дел од римската држава неминовно ги проживува сите


премрежија и настани , политички , општествени , културни и религиозни
кои се пројавуваат на територијата на таа држава. Сепак , собено е значајно
да се истакне дека Македонија во многу нешта ја задржува својата
автентичност и особена наклонетост кон традициите на предримските
општествени и цивилизациски вредности пред се врзани за големите
постигнувања на Александровата македонска империја и нејзините
политички наследнички – таканаречените хеленистички држави кои своите
темелни вредности веќе ги беа изградиле многу порано од римското
општество кое всушност дури после неговото проширување на сметка на
истите овие наследнички на Александровата империја се стекна со
вредности кои значително го определија понатамошниот правец на развој
на Римското општество. Глобализацијата на културните , политички и
општествени вредности не е процес кој започна со римската доминација,
напротив, би можеле да кажеме дека Рим го запозна овој политички
пристап преку освојувањето на културно и цивилизациски далеку
помоќната империја која и претходеше на римската. Рим само го примени
овој пристап на свој начин кој во некои аспекти беше значително
понезграпен а во некои значително поефикасен . И додека во поглед на
својата воено -политичка униформност и својата желба за наметнување на
вредностите на воено -политички насилен начин Рим се покажа политички
поефикасен те потраен , во културните сфери и аспекти на римското
општество Рим ја покажа сета своја сирова младост и немоќност да се
спротивстави на исклучителната волшебност на светот кој физички беше
освоен од Рим но духовно и културно Рим беше тој што во потполност се
предаде на силата и моќта на тој свет на Истокот . Силата на еклектичноста
во размената на културните вредности е тоа што македонските империи
штедро и го подарија како основен културен пристап на Римското
општество . Таа отвореност на духот преземена од постариот европски
брат во значителна мерка го одреди понатамошниот правец на развој на
Рим во наредните векови а особено во римскиот империјален период кога
хеленистичките вредности стануваат класичен урнек на секој император .
Во такви околности се раѓа заедно со империјата и религиското движење
кое сосема ќе го промени светот во следните 2000 години .
Христијанството е од почеток само едно од верувањата кое се
распространува низ империјата , како и многу други меѓу кои ососбено
популарни во Македонија се источните култови на Изида, Митра и др ,
покрај оние кои веќе се втемелени како домородни како што се култовите
кон Артемида , Дионис , Херакле . Природната географска поставеност на
Македонија ја направи и во овој случај своевиден крстопат и мост за
премин на идеи и влијанија . Според историските и библиски извори и
Христијанството пристигнува во Европа токму низ портите на
Македонската земја, со Св Павле.

*******

Уште во првиот век Христијанството со посредство на неговите


мисионери се распространува на подрачјето на цела географска
териоторија на Римското царство и станува заприметено од релевантните
општествени индивидуи на тоа време . Така уште во првиот век еден од
видните антички историографи – Корнелие Тацит посветува внимание на
ова ново движење , а неговите зборови укажуваат на тоа дека
Христијанството воопшто не е популарно меѓу повисоките општествени
елити и на него се гледа со презир , дури и гадење. За ова движење тој вели
: „Ова одвратно празноверие се раширило не само по Јудеја ,каде што тоа
зло поникнало , туку и во Рим , во кој доаѓаат и егзистираат од многу
краеви на светот сите можни , срамни и гадни вери. “ . Но сепак нота на
објективност постои кај овој автор кога не се согласува со пропагандата
која во негово време се раширува во однос на големиот пожар во Рим , и
која ги обвини христијаните за тој пожар ,напротив овој автор нашол
начин одговорноста за свирепото прогонување на христијанската сиротиња
да ја насочи кон Нерон .
Еден друг интелектуалец , од времето на императорот Трајан покажува
сосема подруг однос и став кон Христијаните . Тоа е Плиние помладиот ,
кој во преписката со Трајан (книга 10 , 96) дава едно сосема поинакво
видување за ова движење кое тој го смета за социјално движење , чија
етика и филозофија е вдахновена со доблести и човекољубие.

*******

Сепак , Христијанството со своите верски , морални и етички гледишта


уште од старт го започнува односот кон Римската држава и современото
римско општество со неминовна доза на конфронтирање поради самиот
концепт на оваа вера која за единствен авторитет го признава единствено и
само Господ Исус Христос , те со својот ексклузивитет едноставно го
иритира постоечкиот систем на општествени , религиски , културни и
морални вредности . Но и покрај овој ексклузивитет , водени од
Христовите препораки за почитување на дадениот од Бога државен
авторитет , те водени од нереволуционерниот, сосема питом карактер на
самата религија која својата вистина ја докажува единствено преку
проповед и дела /чуда, најраните црковни учители и отци успеваат да
обезбедат спокоен развој и просперитет на оваа вера. И христијанството
како и другите увезени култови во Рим е ставено под контрола на посебен
колегиум во Рим ”Quindecimviri sacris faciundis".Исто така postoi и
христијански закон уште шестата деценија на првиот век, во кој постои
секција во која се искажува почит кон државата. Овој закон бил
употребуван и од Апостолите св. Петар и св. Павле.

*******
Непреченото ширење на христијанската вера и нејзиниот мирен развој е
прекинато во 64 година , кога започнуваат организирани и крвави прогони
на христијаните , кои со мали прекини траат до 313 , а ако се земе во
предвид владеењето на Јулие Отпадникот тој прогон бил пролонгиран и во
негово време .Во овие крвави прогони се погубени многумина меѓу кои и
светите Апостоли Петар и Павле , многу војници кои ја прифатиле
Христовата вера многу обични граѓани , клирици за кои сведочат денес
житијата на тие светии и нивните култови кои се раширени низ целиот
христијански свет изразени преку нивна венерација во храмови посветени
на тие светии или изградени директно врз нивните останки или реликвии .
Токму и првите сакрални градби поврзани со новата вера се структури кои
се издигаат врз култовите - свети места и гробови на светии од кои секако
почесно место Му припаѓа на Господ Исус Христос и Неговата Мајка .
Култните градби со посвета на Христос и Богородица се пред се поврзани
со места на одредени настани или реликвии кои произлегуваат од тие
настани со оглед на фактот што и Христос и Богородица по традицијата на
Христијанското верување се телесно воскреснати .
Останатите култни градби во почетните векови на христијанството се
најчесто поврзани со венерацијата на Христовите сведоци пострадани за
Христа – Мартирите врз чии што останки се развивале отпрвин само
поедноставни градби од фунерарен и меморијален карактер за да
постепено тие места прераснуваат во вистински центри на венерација и
аџилак и преминуват во комлексни структури и вистински религиозни
средишта .
2.

КУЛТОТ НА РЕЛИКВИИ И ПОЧЕТОЦИ НА АРХИТЕКТОНСКИТЕ ФОРМИ

Над гробовите на мартирите во гробиштата на предградијата на


античките градови и покрај патиштата надвор од портите на градовите се
подигнати првите мартириуми , споменици определени да ги одбележат
гробовите на мртвите маченици и сведоци на Христовата Вистина , но и да
обезбедат пристап до гробот и простор за присуство и венерација на
поголем број верници. Со овие први градби веќе бил создаден еден вид
култ.
Наједноставен облик на обележување е надгробната плоча приспособена
за употреба при фунерарните обреди тнр. mensae martyrum . Se raboti
za pravoagolni ili polukружни плочи (можат да бидат со различни димензии)
со отвор што служи за либација на вино и масло . Обично имаат и натписи
и знаци кои јасно укажуваат на христијанскиот карактер на истите . Голем
број вакви плочи се најдени во Северна Африка , Dалмација, Рим . За
некои од нив може да се посведочи дека се работи за надгробни плочи
поставени врз останките на најзначајните личности од почетоците на
Христијанството , како онаа пронајдена надвор од ѕидините на стариот
Рим која била поставена врз гробот на Св Павле (иако е најдена надвор од
ѕидините таа денес се наоѓа на оригиналното место над неговиот гроб).Врз
овие гробни места се развиваат градби кои се реминисценција на старите
пагански хероони и мавзолеи . Во христијанската традиција е познат
терминот на тнр градби од тип „аd corpus“ ( врз телото на светецот
)кои дефинитивно од 4 век натаму се претворени во црковни објекти .
Меѓутоа постојат и структури кои се граделе на место на некои настани те
на тнр . „места на светителот“.
Гробни цркви

Со оглед на тоа што и самите гробови се наоѓаат во некрополите лоцирани


во предградијата на античките градови , не е ретка појавата токму овие
градби „ад корпус “ да бидат претворени во гробни цркви подоцна.
Од почеток гробните структури што припаѓале на христијанските заедници
по ништо не се разликувале од античките пагански гробови. Но сепак
постоело настојување кај верниците , христијанските гробови ако не
однадвор тогаш однатре да бидат обележани како христијански . Во
Македонија има неколку такви примери . Двете гробници во месноста
Манастир во Демир капија над главите на покојните на малтер се
насликани крстови со проширени краци , а пак во централната гробница на
Петнаесетте Тивериополски маченици од Струмица над главите на
покојните се насликани сите патнаесет маченици и тоа по ред како што ги
споменува Теофилакт во нивното житие.
Гробните цркви од ова време , без исклучок во олтарниот простор под
чесната трпеза или крај неа го чуваат или гробот на маченикот, или
моштите или реликвиите на некој прочуен или локален маченик. Во врска
со овие реликвии е оформена цела посебна конструкција во источниот дел
на црквата , обично со аспида и амбулаториум во врска со процесијата при
богослужењето. Вакви конструкции имаат двете откриени гробни цркви
кај Стоби и епископската црква – мартириум , како и базиликата на св
Еразмо во близина на Охрид . . Постојат и примери за поинакво решение
на овој дел од храмот . На пример две цркви со централен план - таа во
Охрид на Плаошник и онаа во Коњух .
Со развитокот на ранохристијанските /рановизантиските македонски
градови се граделе се повеќе гробни цркви каков што е случајот со
Стоби , Баргала , Крупиште и Хераклеја
И во пооддалечените населби од градот исто така се градат гробни
цркви во нивните некрополи , и повторно и кај овие цркви во олтарниот
простор под чесната трпеза се наоѓаат крипти – реликвијари или локулуси
во кои се сместени моштите или реликвиите на некој локален маченик .
Вакви примери во Македонија има повеќе: базиликата на Горица кај
Виница, Паликурската базилика крај Стоби , гробната црква крај
ѕидините на Мородвиз, базиликата во Демир Капија , св Атанасие во
Крњево и веќе спомнатата базилика св. Еразмо надвор од/во близина
на Лихнидос.
Како кратко резиме на овој дел би можеле да кажеме дека со досегашните
истражувања во Македонија се откриени повеќе ранохристијански
гробници изградени со камени плочи , ѕидани со полузаоблени сводови и
еден број култни цркви мартириуми со базиликални , триконхални и
кружни планови .
Заслужуваат да бидат спомнати гробниците од Демир Капија , Стоби ,
Караорман, Мородвиз, Струмица. Со својата комплетна сочуваност се
истакнува епископскиот комплекс на цркви – мартириуми од
архитектонски тип на базилики во Стоби , потоа Гробната црква на
јужната страна на Стоби во која е сочувана гробна меморија . Во
западните гробишта на Стоби , пронајдена е голема засведена
гробница , а пак јужно од театарот – базилика мартириум .

Урбани базилики(Градски храмови )

Во Македонија е откриен доста голем број урбани (градски ) христијански


храмови. Некои од нив се вистински мартириуми те во нивната
внатрешност се наоѓа гроб на светец – маченик а некои се градби кои се
или модификации на стари структури со подруги функции во
минатото или се цркви изградени врз остатоци од други градби со
поинаква функција претходно. Меѓутоа мал е бројот од нив што се
детално истражени .
Во Стоби како ранохристијански центар на административната
територија Македонија Секунда ,воопшто не не изненадува пронаоѓањето
на голем број цркви /базилики во самиот град Со истражувањата утврдено
е дека еден број од тие базилики се подигнати врз стари
профани/цивилни објекти , но и врз синагоги и мавзолеи .
Северната базилика е изградена врз една пространа голема палата
Централната базилика е подигната врз темелите на две претходни
синагоги
Старата епископска базилика е изградена врз црковен објект од постаро
време, а базиликата на епископот Филип е подигната повторно врз врз
темелите на старата епископска базилика но сега како црква – мартириум
Крај овие градски базилики не се откриени христијански гробови .
Единствено во јужниот кораб на Епископската базилика е откриен
гроб на еден епископ. Тоа е случај и со Епископската базилика во
Баргала. Слична ситуација на непостоење на ранохристијански гробници
внатре во самите македонски градови се повторува и во Лихнид (Кај
Дебојот во Охрид нема гробници , ниту пак кај Катедралната црква Света
Софија , ниту пак е тоа случај во Скупи или Хераклеја. Се чини дека иако
низ империјата се наоѓаат и случаеви на развивање на гробишни
комплекси дури и крај урбаните цркви , сепак во Македонија старите
закони и обичаи се почитувале те. останала и во ова време жива
традицијата покојните да се закопуваат во некрополи extra
muros/nadvor od gradskite yidini.
3

Antiчkite teatri i maченичкиот култ

Од времето на императорот Нерон во театрите започнуваат да се


изведуваат крвавите борби на христијаните со диви животни. Започнуваат
груби преградувања во монументалните градби и театрите добиваат
функција на амфитеатри . Таква судбина имаат и театрите во Македонија ,
од четирите пронајдени кај три се индицирани преправки (Стоби, Скупи и
Лихнид) , а хераклејскиот како најмлад од сите четири е всушност граден
со намера да биде комбинирана градба во служба и на обете функции , да
биде и театар но и арена.
Така театрите првобитно посветени на големиот култ на Дионис , при крај
на антиката стануваат објекти во кои со маченичка смрт гинат
приврзаници на христијанската религија. Некои од нив се прогласени и за
светители и заштитници на христијанските заедници.
Гробовите на овие маченици се правени во непосредна близина на местото
на нивната маченичка смрт , што значи не многу далеку од самиот театар .
Врз нивните гробови брзо е создаден маченички култ и тие гробови се
трансформираат во висински цркви . Таков најнов случај ( резултат на
истражувачките активности во Хераклеја од 2009 до 2012 година)за кој
сигурно понатамошните истражувања ќе потврдат дека се работи за црква
мартириум е и пронајдената западна базилика во Хераклеја веднаш до
театарот .
Црковните објекти кои се градени врз овие гробови се со разновидни
форми со базиликално . централно или крстовидно архитектонско
решение. Тоа се тие вистински ad corpus мартириуми кои се изградени
врз телата на овие маченици.
Во сите антички македонски градови покрај театрите се оформени цели
комплекси од култни градби од типот на цркви , а почетоците на овие
комплекси се врзани за времето пред верскиот мир . Таков е случајот и со
грчките и малоазиските градови .
Покрај Хераклеја вредно е да се напомене и за случајот на Стоби . Западно
од театарот се откриени траги од првите гробни структури пред верскиот
мир , кои послужиле како јадро за оформување на цел еден комплекс на
култни градби од типот на мартириуми со базиликална архитектонска
основа. Во Лихнидос , според В. Маленко , на крајниот раб на театарот е
откриена црква со стари основи , подоцна обновена. Во Скупи , во
подножјето на театарот , Р Грујиќ има откриено Гробна базилика со
конструкција во олтарот или реликвии на маченици. И во Хераклеја имаме
слична ситуација , во подножјето на театарот се наоѓа јадрото на
ранохристијанската митрополија која најверојатно се развива како
надоврзување на уште една култна црковна градба изградена врз гроб на
маченик а тоа е тнр . Епископска базилика во која се најдени две плочи
mensae martyrum .
4
Култ на светители во Македонија во рано христијанскиот период и
подоцна

***
Почетоци – култот на Христос и Богородица

Опсежните истражувања на Х. Делехеј укажуваат на тоа дека првите цркви


не биле посветени на светители. Местото на заедничарење на верниците
Кириакос Доминикум – Куќата на Бога , тоа се цркви што биле посветени
на Христос и на Богородица и во кои се положени мошти на маченици.
Моштите требало да придонесат за славата на храмот. Еузебие (Евсебиј)
известува дека во првите посветувања на црквите не се споменува ниту
едно име на маченик, чии мошти се положени во храмот. За разјаснување
на ова и многу други прашања од раните почетоци на христијанството
хагиографиите даваат доста податоци. Во нив се придава посебно значење
на запознавање на местото на смртта , на местото на закопување и на
култот на маченикот . Авторот одбележува дека во раниот период по
триумфот на христијанството (по 313 год ) голем број цркви посветени на
Христос се подигнати врз реликвии на маченици .
Многу почитуван и омилен култ , што се раширил во византиската
престолнина Цариград бил и култот посветен на Богородица.
Почитувањето и вниманието кон неа е големо. За тоа сведочат и многуте
изградени светилишта во нејзина чест. Само во Цариград и неговата
околина познати се повеќе од стотина цркви со дедикација на Богородица.
Врз основа на литературните извори , Аркадиј (395 – 408), син на Теодосиј
Први , поставил две од реликвиите на Богородица во ковчег , каде што
биле затворени до времето на Лав Шести – Филозоф (визнтиски
император од 886 – 912), кога се случува и голема обнова на култот кон
Богородица кој се распространува насекаде низ Византиската Империја и
во пределите на нејзиното културно – религиско влијание. На територијата
на денешна Македонија има голем број средновековни цркви посветени на
Богородица . За извесен број од овие споменици постојат индиции дека се
изградени врз постари архитектонски сакрални споменици , па можеби и
цркви мартириуми , но засега тие не се детално и во целост истражени.
Политичките и верските мошне компликувани односи помеѓу Исток и
Запад придонеле верниците да се свртат кон домашните локални култови
и да придонесат за нивна афирмација. Во сите провинции на империјата
многу брзо започнува формирањето на култ над гробот на сопствени
маченици и верници што загинале со маченичка смрт за Христовата вера .
Голем број од тие храмови , подигнати врз реликвиите на прочуените
локални маченици прогласени за светители , посветени се во името на
Христос или Богородица.
Големите градски центри во провинцијата Илирик имале статус на
Епископски средишта и затоа и во самите градови и надвор од нивните
ѕидини се изградени голем број христијански храмови . Во самиот
почеток имињата на градските цркви не се регулирани според култот
на светителот. Тие се модифицираат неосетно при крајот на 4 век.
Така на пр. во Рим папата Дамас посветил една црква на Христос на
која и го дал името на Св. Ловрент.
Во големите ранохристијански градови на Македонија постојат
храмови подигнати и врз реликвии на прочуени големи маченици или
цркви изградени ex votos / посветени на некој прочуен странски
мартир. За голем број од ваквите споменици нема палеографски
записи и натписи . Понекогаш во сеќавањето на народот по традиција се
сочувани спомените за името на светецот врз чиј гроб или реликвии е
изградена црква. Археолошките откритија во повеќето случаи го
потврдуваат ова сеќавање по предание . Како добар пример служи
откритието на храмот посветен на Петнаесетте Струмички маченици во
Струмица.
Во Македонија се забележителни неколку ранохристијански и
рановизантиски центри од кои некои од нив своето црковно значење го
задржале те обновиле и во средниот век . Од доцната антика таков еден
ходочаснички центар по се изгледа бил Стоби . а по своето значење не
заостанувал ниту Лихнид и Тибериополис , а исто така најновите
истражувања во Хераклеја го потврдуваат и го зајакнуваат сознанието дека
и овој наш древен македонски град бил еден од позначајните епископски и
култни религиски центри . Брегалничката област би можеле исто да ја
вброиме во овој ред на венерирани места со храмови ad corpus или ex
votos. Во Македонија , покрај култовите на Христос и Богородица ,како
особено популарни и венерирани маченички култови во доцната антика се
посведочени и следниве : Четириесетте Севастиополски Маченици ,
Петнаесетте Тибериоплоски /Струмички Маченици , Свети Великомаченик
Димитрие, Свети Еразмо (во Охрид и охридско), кои биле венерирани со
храмови а преку теракотните икони од Винчкото кале дознаваме за
венарација и на некои други како што се Св. Тодор, Св Архангел Михаил,
и др . Во средниот век особено популарни култови се оние на Св климент
Охридски , Св Наум , Св Ахил Лариски (врз чии што мошти Самуил ја
изградил својата прва катедрална црква на преспанскиот остров кој до
денеска го носи името на овој светец .
5.

Култните христијански структури во Македонија во


ранохристијанскиот , рановизантискиот период и континуитетот на
старите култни места – разрушени храмови во време на обновата на
христијанскиот живот во Македонија во 9 век .

Во старохристијанските храмови во Македонија наоѓаме култни места


поставени во олтарниот простор , често под чесната трпеза. Тоа се гробови
, крипти реликвијари со правоаголни или крстовидни планови или
засводени локулуси . Формирањето на повеќе јадра како епископски
центри во доцноантичките градови на Македонија укажува на силна и
организирана ранохристијанска црква . Ова е потврдено и со големиот број
изградени храмови надвор од градовите, на јурисдикцискиот простор на
секој од тие епископски центри а и континуираната изградба на
крстилници во кои преку посебен ритуал и администрирање , неофитите
станувале христијани.
Овие наши доцно антички градови стануваат забележителни христијански
центри и настојуваат во својот град да изградат култни храмови врз
реликвии на локални мартири, како и ex votos на големи мартири чии
култови се создадени во престолнините или опширните малоазиски
територии. Ова е по углед во прв ред на престолнините што го прифаќаат и
големите градови но и помалите места . Концентрацијата на култни градби
во градовите , изградени врз гробови или реликвии на локални мартири
или подигнати во чест на големи странски мартири , придонесуваат за
славата на градот , бидејќи тој станува регионален , а понекогаш поради
прославениот , и на широк простор почитуван култ , и центар за
ходочастие на поширок простор .

Според досегашните сознанија од откриените старохристијански


храмови на нашата територија такви големи центри за ходочастие по
мирот на црквата се Стоби , Скупи , Хераклеја, Лихнидос и Баргала
со објектите по Брегалница . Струмица во ова набројување заслужува
посебно место , бидејќи во самиот град е создаден еден од големите
култови на 15 те маченици

Овие старохристијански /доцноантички центри за ходочастие , поклонение


и исцелување – Мартириополиси продолжуваат да ја играат истата улога
по населувањето на Словените на овие простори . Светите браќа Кирил и
Методиј и нивните ученици Климент и Наум , христијанизацијата на
словенското население ја спроведуваат врз веќе создадените христијански
вредности и култови . По углед на создадениот култ на маченикот во
раниот христијански период , подоцна на нашата територија се создава
култот на светите Климент и Наум . Врз нивните гробови изградени се
култни градби кои претставуваат обновени мартириуми подигнати во
старохристијанско доба .
И другите култови , оние старохристијанските продолжуваат да бидат
славени и почитувани во нашава земја , и нивните храмови биле
повеќепати обновувани и доградувани , меѓутоа без изменета дедикација.
Доколку еден храм носи две или повеќе дедикации , нашето искуство
укажува дека се работи за население придојдено од други краишта на
Македонија кое култот почитуван во својот крај го придодава на црквата
во чија епархиска област се населува.

Како заклучни моменти од овој краток Есеј би можеле да нагласиме


повторно како и на почетокот дека Македонија поради својата положба на
Балканскиот полуостров била предодредена да игра посебна улога во
трансмисијата на културните вредности од Исток кон Запад, како на оние
кои беа резултат на големите достигања на античката македонска
цивилизација така и на оние подоцнежните кои носеле христијанско
обележје. Константиновиот , посебно Теодосиевиот потфат да и дадат
посебен печат на христијанската културна сфера на тлото на Источното
Римско царство оставил видни траги во материјалната култура во
Македонија.
Со организирањето на Архиепископијата Прима Јустинијана во 553 – 545
година за прв пат во Источен Илирик и во Македонија е етаблирана
самостојна црковна организација помеѓу Рим и Константинопол. Оваа
архиепископија со многу епископски црковни центри во својата
јурисдикција одиграла посебно важна улога во христијанизацијата на
териториите под нејзина законска власт. Посебно треба да се обележи дека
таа поставила основа за понатамошниот развој на црквата на Балканот и
особено во Македонија која добива една нова индивидуална димензија
преку подоцнежното етаблирање на Охридската Архиепископија која во
своите документи ги инкорпорирала вредностите и достигнувањата на
Јустинијана Прима како нејзина директна претходничка на овие простори
кои во времето на Охридската црковна превласт ги доживеале своите
најславни денови. Токму во вековите кои следат по христијанизацијата на
Словените Охридската Архиепископија дала извонредни достигања во
духовниот , културниот и верски развој на средновековна Македонија и
останала и после нејзиното укинување непреболен копнеж на
Македонците се до нејзиното возобновување во 1967 година , 200 години
по нејзиното неканонско укинување.

Библиографија

Алексова Блага,LOCA SANCTORUM MACEDONIAE ,култ на


мартирите во Македонија од 4 до 9 век, Скопје:Матица
Македонска,1995

You might also like