You are on page 1of 13

Полициските службеници на терен може да добијат информација за пронајдено човечко

тело на терен. Веднаш по најбрз и безбеден пат се упатуваат на местото на настанот,


прибираат сознанија за настанот и повратно го информираат дежурниот во ПС. Го
обезбедуваат периметарот и постапуваат по добиени наредби од ЈО. Се задржуваат до
целосно завршување на увидот . Од големо значење за известување за настанот е
полициските службеници да имаат основни познавања и за последиците од дејствувањето
на сторителот, траги кои ќе укажат дали настанот се случил на едно место или сторителот
дејствувал на едно место, а последицата настапила на друго место, дали има елементи на
насилство или се работи за самоубиство и сл. Полициските службеници ќе интервенираат
и при настани каде има нанесени телесни повреди. Кривичните дела со насилство насочени
против човекот кои се јавуваат во форма на сериозен напад или во краен случај убиство,
универзално создаваат немир кај јавноста бидејќи го нарушуваат личното чувството за мир и
безбедност
Основните кривични дела се по следниов редослед:
-Основно кривично дело убиство (член 123 ст.1 од Кривичниот закон)
-Тешко убиство (член 123 ст.2 т. 1-8 )
-Повеќекратно убиство (член, 123 ст.3)
-Убиство од благородни побуди - Еутаназија (член 124)
-Убиство без предумисла (убиство на миг – член 125)
-Убиство од небрежност (член 126)
-Убиство на дете при пораѓање (член 127)
-Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство- чл.128
-Противправно прекинување на бременост- чл.129
Клучните елементи кои треба да се докажат за да се утврди постоење на основното
кривично дело убиство се следниве:
(а) лице кое починало,
(б) причината за смртта,
(в) постапките на осомничениот и
(г) причинско-последична, каузална врска помеѓу смртта и постапките на осомничениот.
За да се утврди точната причина за смртта ќе се спроведе судско-медицинско вештачење,
со што патологот ќе обезбеди докази со кои точно ќе се утврдат причините поради кои
настапила смртта.
Тешко убиство член 123, ст. 2
Став 2 од членот 123 се зголемува минималната казна за основно кривично дело убиство
во ситуација кога постои присуство на определени отежнувачки фактори.
2 Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни
тој што:
1 друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин,
2 друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство.
3) друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште
некое лице,
4 друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго
кривично дело, од безобѕирна одмазда,од омраза или од други ниски побуди,
5 друг ќе лиши од живот по порачка,
6 друг ќе лиши од живот заради вадење на орган, ткиво или клетки за пресадување
7 ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице и
8 ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата
функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на
јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на
сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.
Убиство од благородни побуди член 124
Во оваа ситуација, сторителот се смета за помалку виновен бидејќи тој/таа немал намера
да убие или да предизвика сериозни повреди, на пр. тој/таа имал благородни побуди,
Примерите вклучуваат: убиство на лице со неизлечива болест, како начин на
ослободување од болката, или убиство на лице кое е безнадежно болно, со намера за
намалување на болките или предизвикување брза и безболна смрт
Убиство од небрежност член 126
Како и во член 125, законодавецот пропишува помала казна за лице кое ќе лиши од живот
од небрежност или негрижа. Ако се докаже постоење на небрежност, судот диспозитивно
ќе одлучи и ќе изрече помала казна ,за разлика од онаа која е пропишана за основното
кривично дело или за посериозно кривично дело. Мора да се докаже дека постапките на
сторителот со кој ја предизвикал смртта биле извршени од негрижа. Кривично дело е
сторено од небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или
несторување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може да
ја спречи или дека таа нема да настапи или кога не бил свесен за можноста од
настапување на штетна последица, иако според околностите и според своите лични
својства бил должен и можел да биде свесен за таа можност.
Ова дело покажува ненамерни негрижа. Да постапува или прави пропуст и
неразмислувајќи дека со тоа сторувањето или со несторувањето ќе предизвика смрт.
Член 125 создава друго дело на “лишување живот на миг: Членот вели: Тој што друг ќе
лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад
или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на
убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.
За ова дело мора да се докаже дека:
• убиството се случило во миг моментално
• дека лицето било во состојба на силна раздразнетост не по негова вина на пр. жртвата е
таа која ја предизвикала раздразнетоста
• осомничениот бил цел на напад или цел на тешка навреда од жртвата
Главните карактеристики на ова дело е активниот придонес на жртвата кон извршувањето
на делото на сторителот. Жртвата со својот однос го предизвикала сторителот.
Пример: Сторителот доаѓа дома и ја наоѓа жена си со друг маж. Губи трпение, го вади
својот пиштол и пука кон љубовникот убивајќи го
Убиство на дете при пораѓање- член 127
Член 127 го дефинира и регулира кривичното дело убиство на дете при пораѓање: за ова
следи казна од три месеци до три години. Мора да се докаже дека:
• Мајката го одзела животот на новороденчето
• При пораѓањето или непосредно по пораѓањето
• Во состојба на растројство предизвикана од пораѓајот
Само мајката може да го изврши ова кривично дело.
Ако некое лице спротивно на прописите за прекинување на бременост,на бремена жена со
нејзина согласност ќе изврши,ќе започне да врши или ќе помогне да изврши прекинување
на бременоста ќе се казни со затвор од три месеци до три години
Тој што се занимава со вршење на вакви дејствија ќе се казни со затвор од една до пет
години
Ако некој на бремена жена без нејзина согласност ќе изврши или ќе започне да врши
прекинување на бременоста ќе се казни со затвор од една до пет години
Начини на извршување убиства
Кај убиствата со умисла постојат три фази:
1) Подготвување криминална замисла и подготвување на убиството
2) Извршување криминален чин
3) Прикривање на убиството бегство од местото на кривичниот настан, уништување на
вистинските и оставање лажни траги, симулирање односно фингирање, инсценирање
Проучувањето на modus operandi начин на извршување на убиствата како една од
најзначајните криминалистички карактеристики или параметри што во значителна мерка
го моделира првиот оперативен зафат, со оглед дека начинот на извршување воедно се
диференцира и како значајна индиција што упатува на постоење на нечија намера да се
посегне по туѓ живот
Најчесто средства кои се користат за извршување убиства се: нож, пиштол или револвер,
боева или ловна пушка, тврди предмети (камен, тула, шише, стап, метална шипка, стол
итн.), секира, земјоделски и други алатки (лопата, мотика, копач, вила, чекан, одвртувач-
шрафцигер и др.), употреба на раце, јаже и газа при задавување или загушување, удари со
раце и нозе, туркање од височина и тн.
При излегување на лице место полицискиот службеник треба да направи визуелен преглед
на трупот. Треба да обрне внимание на следните делови:
- главата, лицето, рацете, нозете и откриениет делови на телото,
- предметите што се најдени кај трупот
- лежиштето на трупот и неговата поблиска околина
- обувките и облеката на трупот.
Телесна повреда
Член 130
1 Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со
парична казна или со затвор до три години.
2 Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со
затвор од шест месеци до три години.
3 Со казната од став 2 на овој член ќе се казни тој што делото ќе го стори од омраза
4 Судот може на сторителот на делото од став 1 да му изрече судска опомена ако бил
предизвикан со особено навредливо или грубо однесување на оштетениот.
) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба а за ставот2 по предлог.
Тешка телесна повреда
Чл.131
Кривичното дело тешка телесна повреда според член 131, според Кривичниот закон може
да се подели на три области:
• основното кривично дело тешка телесна повреда член 131, став 1
• постоење на отежнувачки фактори кои би повлекле повисока казна член 131, став 2 ,3 и 4
и
• постоење на олеснителни околности фактори кои би го намалиле степенот на вина на
осомничениот член 131, став 5 и 6.

Дрога: Било која супстанција која влијае на промена на структурата или функциите на
живиот организам. Тоа се психоактивни субстанции кои имаат влијание врз
расположението на корисникот. Опојна дрога” или “наркотична дрога” е секоја
супстанција од природно или вештачко потекло која е распоредена во листата на опојни
дроги во согласност со меѓународните конвенции за контрола на опојни дроги или врз
основа на одлука на надлежен орган.
“Психотропна супстанција” е секоја супстанција од природно или вештачко потекло, која
е распоредена во листата на психотропни супстанции во согласност со меѓународните
конвенции за контрола на опојните дроги и/или врз основа на одлука на надлежен орган.
“Прекурсор” е секоја природна или вештачка супстанција која може да се употреби во
производство на опојни дроги и која е распоредена во листата на прекурсори во
согласност со меѓународните конвенции за контрола на опојните дроги и/или врз основа
на одлука на надлежен орган во Република Северна Македонија.
Постојат три (3) главни делувања кои се одвиваат во организмот откако дрогата ќе навлезе
во него. Тие се следните : Стимулативно делување, Депресивно делување, Психо-
реактивно т.е. халуциногено делување
Стимуланси: кокаин, крек, амфетамини и мета амфетамини во однос на нивните физички
карактеристики, начинот на кој се земаат, ефектите кои ги предизвикуваат и мерки на
претпазливост кои полицискиот службеник треба да ги преземе
Кокаинот е стимуланс кој се произведува од листовите од растението кока. Крек е форма
на кокаин кој е неутрализиран со алкали и личи на мали кристали со големина на камче, а
се внесува во организмот со пушење. Амфетамините се синтетички дроги-стимуланси,
што значи тоа се млади дроги. Тие ги држат луѓето будни и доста активни. Амфетамините
се во вид на прашок, таблети или течност. Мета-амфетамините се синтетички дроги со
скоро истата хемиска структура како амфетамините. Тие се или во форма на кристали или
во форма на прашок.. Депресантите вклучуваат разновидни транквилизери кои дејствуваат
депресорно врз централниот нервен систем, како и алкохол
Депресантите ги сочинуваат: барбитуратите и бензодијазепините
Халуциногени дроги: ЛСД и екстази
Халуциногените дроги можат да се поделат во две групи: природни и синтетички.
ЛСД е многу моќна дрога. Јачината варира, но потребна е мала количина за да се постигне
ефект
ПЦП (Ангелски прашок)
Првенствено, ПСП бил наменет за анестетик, но имал поинакви, неочекувани ефекти.
Поради овие ефекти, популарноста на оваа дрога е намалена.
ПСП може да се пуши, вшмркува или да се зема орално.
Хероинот, морфиумот и другите деривати од опиумот се моќни наркотици. Тие се познати
како наркотици бидејќи предизвикуваат спиење (или, во големи количини и кома).
Хероинот може да се пуши или повремено да се вшмркува, но најчесто се инјектира. Во
основа хеоинот има алкална форма.
Марихуана/Хашиш/Хашишово масло
Канабисот е категорија на дрога која се добива од растенијата Канабис. Главната
психоактивна компонента на оваа дрога е тетраксдроцанабинол, позната како ТХЦ
супстанција. Јачината може да варира.
Марихуана е заедничкото име за сите дроги кои се подготвуваат од растението.
Марихуаната е најчесто застапена дрога во РСМ
Прекурзор е класифицирена супстанција наведена во Чл.3 од овој закон, смесите кои ги
содржат овие супстанции, како и производите од природно потекло од кои лесно се
екстрахираат прекурсорите
Доколку полициски службеници проценат дека пронајдените предмети би можело да
претставуваат дроги, должни се веднаш да ги известат:
- Непосредниот старешина;

- Единицата за истраги на место на настанот и

- Надлежниот Јавен обвинител


За извршените КТО и Увид на лице место раководителот на тимот од Единицата за
истрага на место на настан, изготвуваат:
- Службена белешка за извршена КТО;
- Записник за Увид на лице место;
- Фотодокументација;
- Аудио и видео запис;
- Скица.
Полициските службеници задолжени за преземањето и транспорт на пронајдените и
одземени предмети, по остварени консултации со Раководителот на организационата
единица за НТ со дрога, се должни да обезбедат услови за безбедно, непречено и брзо
транспортирање и предавање на истите до ОКТ, откако претходно ќе биде извршена
проценка за потребниот број на ПС кој ќе го извршат транспортот на предметите.
Пронајдените предмети за кои постои основи на сомнение дека е дрога се транспортира во
депо за привремено складирање и чување во следните случаи:
- Во случаи кога од оправдани причини истите не се транспортираат и предаваат до ОКТ
(неработни денови, празници)
- Се до предавање на ОКТ;
Депото за привремено одземени и пронајдени дроги се формира со решение од
Началникот на СВР, согласно со членот 4 и членот 19 од Правилникот за постапување на
ПС со привремено одземени и пронајдени предмети. Контролата на депото за складирање
и чување се врши најмалку еднаш годишно од страна на комисија формирана од страна на
Началникот на СВР. За извршената контрола од страна на комисијата се изготвува
записник за утврдената состојба. Депото и работата на ракувачите во истото подлежат на
дополнителни контроли, а по проценка и од страна на раководителот на организационата
единица во чиј склоп е истото како и од непосредно повисоките старешини
Како оружје согласно Законот се смета:
1. огнено оружје;
2. колекционерско оружје;
3. оружје за самозаштита;
4. пневматско оружје;
5. гасно оружје;
6. експлозивно оружје;
7. оружје со тетива;
8. ладно оружје;
9. оружје за светлосно-звучна сигнализација и
10. електрични парализатори
За оружје, во смисла на овој закон, не се смета:
▪ декоративно оружје;
▪ имитација на оружје;
▪ оружје што е трајно онеспособено за употреба;
▪ старинско оружје;
▪ реплика на старинско оружје;
▪ оружје за индустриски цели и
▪ харпуни за подводен риболов
Кусо огнено оружје“ е оружје чија цевка е со должина до 30 см или чија вкупна должина
не
е поголема од 60 см;
“Долго огнено оружје“ е оружје чија цевка е подолга од 30 см или чија вкупна должина
надминува 60 см;
“Автоматско огнено оружје“ е оружје кое по секое пукање автоматски се празни и полни и
кај кое со едно притискање на чкрапецот се испукуваат повеќе или сите куршуми од
магацинот на
оружјето;
“Полуавтоматско огнено оружје“ е оружје кое по секое пукање, автоматски се празни и
полни и кое може да испука само еден куршум со едно притискање на чкрапецот;
“Репетирачко огнено оружје“ е оружје кое по испукувањето се полни и празни рачно, со
ставање на куршум во цевката, земен од магацинот и пренесен со помош на механизам;
“Еднострелно огнено оружје“ е оружје без магацин кое пред секое испукување се полни
рачно со ставање на куршум во лежиштето на куршуми и во вдлабнатиот дел предвиден за
таа цел
на влезот од цевката;
“Пневматско оружје“ се сите видови пушки, пиштоли, револвери и други направи кои под
притисок на компримиран воздух или друг компримиран гас низ цевката исфрлаат
проектили со
различен облик;
“Гасно оружје“ се сите видови пиштоли, револвери и други направи кои под притисок на
барутни гасови или сличен гас насочено распрснуваат или исфрлаат со муниција,
иритирачки гас
кој има краткотрајно дејство на здравјето на луѓето;
Ловечко оружје“ е огнено оружје, од Б и Ц категорија, со кое е дозволен лов согласно со
прописите за ловство;
“Спортско оружје“ е огнено оружје, од Б и Ц категорија, пневматско оружје и оружје со
тетива кое согласно со посебни прописи се користи во спортски дисциплини;
“Колекционерско оружје“ е оригинално оружје од Б и Ц категорија, кое е конструирано во
период од 1898 до 1945 година и потекнува од значајни историски настани
Муниција“ е цел патрон или негови делови (сите видови чаури, иницијални каписли, зрна
и проектили) кои под дејство на запално гориво служат за полнење и дејство на огненото
оружје;
“Боева муниција“ се сите видови куршуми, наполнети со проектил што има моќ да убие;
“Муниција со панцирно-пробивен проектил што пенетрира“ е муниција наменета за воена
употреба, чиј проектил содржи тврдо јадро, кое има голема пробивна моќ;
“Муниција со експлозивни проектили“ е муниција наменета за воена употреба, чии
проектили содржат полнило што експлодира;
“Муниција со запаливи проектили“ е муниција наменета за воена употреба, чии проектили
содржат хемиско соединение кое е запаливо;
“Маневарска муниција“ е муниција која содржи погонско полнење и чаура во која нема
проектили;
Според објектите на заштита, инкриминациите од оваа глава на кривични дела може да се
поделат во неколу подгрупи
-Дела против дејноста на службените лица во вршење на службени дејствија
-Дела против јавниот ред и мир,јавната безбедност во потесна смисла и
-Други дела против јавниот ред
Спречување службено лице во вршење службено дејствие Член 382
Делото се врши спрема службеното лице во вршењето службено дејствие,преземено во
рамките
на неговите овластувања.Не постои казнено дело ако службеното лице се спречува во
вршењето
службено дејствие што е надвор од неговите овластувања
Како незаконито службено дејствие,кога нема казнено дењло,може да се третира само
службеното дејствие преземено надвор од овластувањата што ги има едно службено
лице,дејствие што не влегува во кругот на неговите овластувања
Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста Член 383
Основниот облик на делото го врши тој што ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе
нападне службено лице или лице кое помага при вршење работи на јавната или државната
безбедност или заштита на уставниот поредок што се однесуваат на спречување или
откривање казнено дело,фаќање на сторител на казнено дело,чување на јавниот ред и мир
или чување на лице лишено од слобода

Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие Член 384
Основното дело го врши тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе
спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие,или на
ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие
Насилство дело Член 3864
Кај основниот облик на делото насилство предвидена е казна за сторител кој што
малтретира друг,грубо го навредува,ја загрозува неговата сигурност или врз него врши
грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност,згрозување или
страв Грубото однесување ги сублимира сите облици на напад врз честа и угледот на
некое лице,што по својот интензитет предизвикуваат негодување кај граѓаните,како и
повреди на некои други чувства како што е чувство на срам,пиетет,религиозно чувство и
сл.
Самовластие значи заобиколување на утврдениот пат за прибавување на
правата.Сторителот се става во позиција да пресудува самиот за постоење на некое
право,тој самиот ја зема власта на одлучување за правата во свои раце Самовластие
преставува и остварување на некое право што лицето веќе го има,но со пречекорување на
дозволената самопомош
Под комар(игра на среќа,хазардна игра)се подразбира игра на две или повеќе лица,за чији
што непредвидлив тек и резултат,целосно или во основа зависен од случајот,учесниците
врзуваат материјална или друга добивка или губиток.Тоа е игра чиј резултат не зависи од
способноста,вештината на нејзините учесници Поимот на комар ја опфаќа и опкладата,ако
се однесува истата на некаков иден факт што зависи од случајот Комарот може да има
,инаку различни облици-игра со карти,фрлање коцка,рулет,опклада при коњски трки,при
борба со кучиња и сл.

Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета,вклучувајќи
физичка или ментална повреда,емотивно страдање,материјална загуба или друга повреда
или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено
кривично дело“ Под дете жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18
години” Жртва на кривично дело е секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка
или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или
загрозување на неговите права и интереси како последица на сторено кривично дело
Повикувањето се врши со писмена покана, во која мора да се наведат причините за
неговото повикување и поука за правата.
Ако лицето кое ќе се јави на поканата одбие да даде известување, тоа повторно не може да
се повикува за истата причина.
Собирањето на известувањата од исто лице може да трае онолку време колку што е
неопходно да се добие потребното известување, а најдолго четири часа
Исто така полицијата има право лицата затекнати на местото на извршување на
кривичното дело да ги упати кај јавниот обвинител или да ги задржи до неговото доаѓање,
доколку тие лица би можеле да дадат податоци важни за кривичната постапка и доколку е
веројатно дека нивното испитување подоцна не би можело да се изврши или би било
поврзано со значително одолговлекување или други тешкотии. За причините за
задржувањето се известува задржанотолице. Задржувањето на овие лица на местото на
извршување на кривичното дело не може да трае подолго од шест часа
Граѓанинот не е должен да ги даде бараните информации на полицискиот службеник.
Сведок може да биде секој (освен осомничениот) кој што има информации за инцидентот
што се случил. Сведок е лицето кое може да ви каже за кривичното дело или за
осомничениот. Тој може да каже што слушнало, видело, почувствувало, вкусило или
помирисало во врска со криминалот или осомничениот
Полициските службеници собираат информации на следниве начини:
▪ преку непосредни разговори со граѓани
▪ со непосредно забележување
▪ користење на отворени извори на информации (средства за јавно информирање,
социјални
мрежи, интернет)
▪ преку добиени писмени известувања
▪ известувања по телефон или преку средства за електронски комуникации
▪ со привремено или постојано набљудување на определени лица, простор и објекти каде
што може да се очекува вршење на казниви дела или места каде што има предмети кои
можат да се користат за извршување на казниви дела, односно предмети кои потекнуваат
од извршено казниво дело.
Отворени прашања се користат за темите кои сведокот ќе ги наведе. Овие прашања
вообичаено почнуваат со Што ? Каде? Кога? Кој? и Како?. Овие некогаш се нарекуват
како отворени прашања, но бидејќи тие се остро фокусирани и бараат краток одговор,
овие прашања треба да се користат после исцрпни неодговорени прашања.
Затворени прашања се користат за понатамошна проверка и бараат многу краток одговор.
На пример: „Дали влезе во куќата?“ Затворените прашања може да се користат кога веќе
сме ги употребиле недовршените и отворените прашања.

Особини на добар полициски службеник кој води разговор со сведоците и жртвите се:
-Почит спрема лицата
-Ефективни вештини на комуникација
-Широкоумност и почит за другите
-Објективност
-Трпение и истрајност
-Професионализам
-Набљудувачки вештини
-Флексибилност во стилот на прашување
-Способност да се слуша она што е кажано, како е кажано и што не е кажано
Карактеристики на лицата со кои полицискиот службеникт може да се сретне:
-Лице кое соработува
-Лице кое не соработува
-Лице кое премногу помага
-Говорливо лице
-Тивко лице
-Зафатено лице
-Деца

You might also like

  • Prasanja
    Prasanja
    Document12 pages
    Prasanja
    Проектни Задачи
    No ratings yet
  • есеј
    есеј
    Document2 pages
    есеј
    Проектни Задачи
    100% (1)
  • 2014-2016 Prez
    2014-2016 Prez
    Document9 pages
    2014-2016 Prez
    Проектни Задачи
    No ratings yet
  • New Microsoft Office Word Document
    New Microsoft Office Word Document
    Document13 pages
    New Microsoft Office Word Document
    Проектни Задачи
    No ratings yet
  • 2014-2016 Prez
    2014-2016 Prez
    Document9 pages
    2014-2016 Prez
    Проектни Задачи
    No ratings yet
  • Analiza
    Analiza
    Document20 pages
    Analiza
    Проектни Задачи
    No ratings yet
  • Analiza
    Analiza
    Document20 pages
    Analiza
    Проектни Задачи
    No ratings yet