You are on page 1of 3

25.

јануари 2021

Големите австриски трговци


врбуваат муштерии со гратис маски

Spar и други трговци со храна во Австрија сакаат да ќарат поени кај


муштериите со гратис FFP2-маски.
Муштерите во Австрија сега мораат да носат FFP2-маски при пазарувањето.
Заострените хигиенски прописи првин придонесоа за ценовна борба во
малопродажбата на прехранбените производи, а сега трговците се борат за
муштерии со гратис заштитни маски. Во Германија се приклучуваат Lidl и
Aldi.
Од овој поеделник, во маркетите во Астрија според прописите смеат да влезат
само муштерии со FFP2-маски или еквивалентни на нив. Многу трговци потоа
реагираа и со подароци: Групацијата Rewe, Spar и други компании ја користат
приликата и врбуваат потрошувачи со бесплатни маски. На пример,
Групацијата Rewe соопштува дека Billa, Merkur и Penny на секој муштерија од
понеделник до среда му ставаат на располагање бесплатна FFP2-маска.
Понудата важела додека има маски на залиха на дотичната локација. 
„Побарувачката од FFP2-маски во последниве денови е навистина мошне
висока“, известува Марсел Харашти од УО на Rewe International AG. Воделе
сметка и за дополнување во продажбата: На Billa, Merkur и Penny веќе им биле
испорачани повеќе од 5 милиони маски, а биле нарачани уште 15 милиони
маски. Spar исто така ќе дели маски пред своите маркети. Како што соопштува
овој трговец, на муштериите ќе им се давало по една маска гратис на ден. На
лагер имале околу 20 милиони парчиња сертифицирани FFP2-маски.
Бидејќи многу муштерии си собираат залихи од маски, многу трговци ги
ограничуваат своите понуди. На пример, Spar замолува со маските да се
постапува грижливо и да се користат повеќепати за пазарување. При купување
маски на парче, важело ограничувањето на количините од 5 парчиња од човек.
Компанијата ги нуди по цена од 59 центи од маска. Претходно, со заштитата
од вируси се тргуваше многу поскапо. Заштитата за уста и нос чинеше дури и
до осум евра. Кон средината на минатата недела, австриски Aldi Hofer поита
со понуда од 59 центи.

Hofer и Lidl го следат нивниот пример


Дисконтот собра доста позитивен фидбек на социјалните мрежи. Во моментов,
објавата заработи повеќе од 4200 лајкови. Корисниците изразуваат голема
доверба во овој трговец. Еден муштерија праша дали Hofer ќе ги дели маските
бесплатно. Дисконтот отпрвин даде непрецизен одговор: „Дистрибуцијата на
гратис FFP2-маски за лицата со ниски примања е одговорност на сојузната
влада и тоа во наредниве денови треба да се разјасни во Министерството за
здравство“, напишува минатата недела тимот за социјални мрежи на Hofer. Но
реагираше и Hofer, која исто така сака бесплатно да ги дели маските, пишува
„Frankfurter Allgemeine Zeitung“. Соодветно на тоа, во текот на наредната
недела нивниот пример ќе го следи и Lidl.
Во меѓувреме, маските станаа задолжителни и во Германија. Се разбира,
FFP2-варијантата не е експлицитно пропишана. Важи поширокиот опис на
поимот „медицинска маска“, кој вклучува и хируршки маски, кои веќе се
продаваат по пониски цени. Во Германија во моментов пред ниеден маркет
нема гратис FFP2-маски. Сепак, Aldi и Lidl веќе ги вклучија во игра своите
понуди. На пример, на својот леток за 4. февруари Aldi Југ ги рекламира
маските во пакување од по две парчиња за 1,95 евра. Според некои медиумски
информации, и Lidl ги има ставено маските во асортиман. Како што
дознаваме, и Rossmann и dm продаваат маски.

Превод: Од утре достапно во сите филијали на HOFER!


FFP2-маска за 0,59 еур/парче
Превод:
Внимание!
Од 25.01. за нашите муштерии во трговијата е задолжително
носењето FFP2-маски. Веќе од 22.1. маските ќе можат да се добијат
на нашите каси. За да се избегне оскудица, FFP2-маските ќе се
даваат само во количини за домашна употреба (5 парчиња од
човек).
Oдлуката за ослободување од данок за FFP2-маските стапува во
сила дури од 25.01.2021. Меѓутоа, ние сакаме уште сега на нашите
муштерии да им ја понудиме најдобрата цена и затоа во периодот
од 21. до 23.01.2021 Ви ја подаруваме оваа давачка.

You might also like