You are on page 1of 5

ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОСЕГАШНАТА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА

РЕХАБИЛИТАЦИЈА
„ИЗБОР“, СТРУМИЦА ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ

Стручниот тим на Реха центарот „Избор“, Струмица во состав:


Сократ Манчев Проектен менаџер
Иван Кантурски Психолог
Горан Василев Бизнис координатор
Елена Јовановска Социјален работник
Илиев Љупчо Кинезитерапевт
Зорица Делева Специјален едукатор и рехабилитатор
(дефектолог)
Наташа Георгиева Дефектолог (Специјален едукатор и
рехабилитатор)
     Распоред и План за работа за месец Април
 

Дата Стручен Активност  „On line“ во групата  Групна Индивидуална


работник Реха Центар на Facebook Мesenger работа работа

1.04.2020 Љупче Информации за корона вирусот 8 4


Илиев

2.04.2020 Зорица Вежба – „Настан во животот што ви 9 3


Делева изгледал многу тежок, а од кој сте
извлекле поука“

3.04.2020 Иван Вежба – „Совететот како техника и 8 4


Кантурски инструмент во градењето на
карактерот на човекот“

6.04.2020 Наташа Вежба – „Евоцирање спомени преку 7 3


Георгиева споделување заеднички фотографии“

7.04.2020 Елена Вежба - “Како се однесуваме кога сме 8 2


Јовановска лути“

8.04.2020 Љупче Вежба – „Како физичката активнност 7 3


Илиев делува на нашата психофизичка
состојба“

9.04.2020 Зорица Вежба – „Вежбај оптимизам - Пофали 8 2


Делева се себе си на крајот од денот“
10.04.2020 Иван Вежбa – „Организиран и 7 3
Кантурски дисциплиниран начин на живот и
рутината како потреба во
секојдневниот живот“

13.04.2020 Наташа Вежба – „Позитивни и негативни 5 4


Георгиева работи што ги научив во кризата“

14.04.2020 Елена Вежба – „Пријателство и Правила на 6 4


Јовановска пријателството“

15.04.2020 Љупче Вежба – „Стрес и анти стрес терапија 6 3


Илиев со вежби“

16.04.2020 Зорица Вежба – „Личност која ве подржала во 7 2


Делева животот. Како оваа ситуација влијае на
вас?“

17.04.2020 Иван Психоедукација на тема 8 2


Кантурски „Самомотивација“

20.04.2020 Наташа Вежба - Личен осврт за состојбата 7 4


Георгиева Како таа влијае на вас

21.04.2020 Елена Вежба – „Како го помина денот, како 8 4


Јовановска се чувствуваш денес?“

22.04.2020 Љупче Вежба - „Физичка болка и како да се 8 5


Илиев намали со помош на физичка
активност“

23.04.2020 Зорица Вежба – „Одберете едно од 7 6


Делева човечињата и кажете како се
чувствувате“

24.04.2020 Иван Психоедукација на тема: „Како да се 8 5


Кантурски справиме со нашите емоции?“
27.04.2020 Наташа Вежба – „Нацртај го Корона вирусот 8 5
Георгиева онака како го замислуваш
Напиши мотивирачка порака за
новонастанатата состојба“

28.04.2020 Елена Вежба - 8 5


Јовановска
„Среќно место?“
„Каде е твоето среќно место?“
“Што гледаш? Како се чувствуваш?“

29.04.2020 Љупче Едукација на тема: „Пролетен замор“ 8 5


Илиев

30.04.2020 Зорица Вежба на тема: „Дали си борец или 8 5


Делева жртва?“
Задача: „Пронајди ги разликите во
сликите“

Согласно ситуацијата во која се наоѓаме и начинот на кој што работиме во месец април ги
изреализиравме сите наши предвидени активности. Стручниот тим при Реха центарот „Избор“,
Струмица, во просториите на здружението „Избор“, секој понеделник одржуваше средба и
состанок со координаторот на проектот - Сократ Манчев. На состанокот се изработуваше план и
распоред за тековната недела. Стручниот тим од своја страна секој ден online спроведува
состаноци за сите активности кои ќе се преземат и кои треба да се релизират. По утвреден план и
динамика се остварува online комуникација со клиентите вклучени во процесот на професионална
рехабилитација. Психосоцијалната подршка се спроведува групно и индивидуално во согласност
со желбите и потребите на клиентот.
Напоредно со тоа се прави психосоцијална подршка и на лицата сместени во ЈУ „Завод за
заштита и рехабилитација Бања Банско“, како и со корисниците сместени во станбените единици
во с. Дабиље и во Струмица. Се разговара за нивната состојба, за потребата од почитување на
мерките дадени од страна на надлежните институции. Оваа состојба сметаме дека е добро
прифатена и испочитувана од самите корисници и сите тие покажуваат солидна општествена
одговорност. Бројката со која се контактира е околу 25 корисника. Контактите се обавуваат
телефонски и преку интернет комуникација.
Во последната недела од овој месец, стручниот тим учествуваше во повеќе активности
поврзани со новиот објект кој треба во најскоро време да профункционира
● Се учествуваше во изборот на канцелариски мебел кој треба да се набави за да работата
непречено функционира;
● Се направи генерално чистење на самиот објект;
● Избор на завеси и сл.
Последниот понеделник во просториите на здружението „Избор“ бевме посетени од страна на
компетентни лица кои имаа задача да ги снимат одредени наши активности. Се снимаше online
работа со клиент и стручно лице, разговор со клиент, дел од состанокот на стручниот тим со
координаторот, новиот објект и сл.
Стручниот тим при Реха центарот „Избор“, Струмица смета дека и покрај отежнатата состојба
во која се наоѓаме, професионално и стручно ги обавува своите задачи и е од огромна помош и
подршка на клиентите вклучени во процесот на професионална рехабилитација.

Стручен тим

You might also like