You are on page 1of 3

POLYRAM DF

ПОЛИРАМ ДФ
Фунгицид- вододисперзни гранули
Polyram DF е фунгицид за спречување на болестите на јаболкото, виновата
поза, зеленчуковите култури и цвеќарството.
Xi
Содржина: 1 kg

Содржи (а.м.): 70% Metiram

Знаци за предупредување:
R-22 штетно ако се проголта
R-36/38 ги надразнува очите и кожата Надразнувачко
R-43 во допир со кожата може да предизвика пречуствителност
N
Знаци за известување:
S-2 да се чува подалеку од дофат на деца
S-13 да се чува одвоено од храна, пијалоци и
сточна храна
S-20/21 при ракување да не се јаде, пие и пуши
Опасно по животната
S-24 да се спречи допир со кожата средина
S-45 во случај на незгода или мачнина да се бобара совет од лекар

Пред употреба задолжително да се прочита упатството за употреба кое е


приложено.
Дозвола за промет: Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство на Р. Македонија бр. 17-598 од 16.05.2013.

Трајност на препаратот: 3 години


Дата на производство и број на шаржа: втиснати на пакувањето

Производител: Застапник и дистрибутер:


BASF SE ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ
67056 Ludwigshafen Вардарска 148, 1400 Велес
Германија Р.Македонија
Упатство за употреба
Polyram DF е фунгицид врз база на 70% активна материја Metiram во форма
на концентрат за суспензија наменет за спречување на болести кај јаболкото ,
виновата лоза, компир, домат, сончоглед.
Средството се користи за спречување на:

- Чадлива краставост на јаболкото (Venturia inaequalis) во концентрација


од 0,2%, односно 20 g на 10 l вода;
- Пламеница на виновата лоза (Plasmopara viticola) во концентрација од
0,2%, односно 20 g на 10 l вода;
- Пламеница на компирот и доматот (Phytophtora infestans) во
2
концентрација од 1,5-2,0 kg/ha, односно 15-20 g на 100 м за компирот
и 1,5-3,0 kg/ha,односно 15-30 g на 100 м2 за доматот.
- Црна дамкавост по лисјата на доматот и компирот (Alternaria solani) во
концентрација од 2,0 kg/ha, односно 20 g на 100м2;
- Сивата дамкавост на сончогледот ( Diaporthe helianthi ) и црната
дамкавост (Phoma oleraceae var. helianthi) во концентрација од 2,0
kg/ha, односно 20 g на 100 м2 со две третирања во фаза на 4 и 8 листа.

Наведените количества од средството се користат со потрошувачка на вода


од 800-1000 l/ha, односно 8-10 l/100m2 .
Не смее да се меша со кисели инсектициди (дихлорфос, хептенофос,
вамидотион, диметоат, фосфамидон) и маслени средства.
При третирањето треба да се почитуваат водозаштитните зони и да се спречи
контаминацијата на водите, водотоци, бунари, езера и извори на вода
третирајќи најмалку 20 метри оддалечено од нив.
Подготовка на средството за употреба: измереното количество на
препаратот се замешува со малку вода во каша, а потоа се додава одредената
количина на вода со постојано мешање.
Компатибилност на средсрвото: пред мешање со други пестициди да се
изврши проба на можноста за мешање и фитотоксичност.
Фитотоксичност:средството применето во препорачаните количини, на
правилен начин и во оптималното време не е фитотоксично. Новите, ретки
или хибридни сорти се препорачува да се испитаат на фитотоксичност.
Отровност: отровен за луѓе,риби и топлокрвни животни.
Каренца:14 дена за компир и домат ( во поле и стакленици)
28 дена за јаболко и трпезни сорти на винова лоза, и
42 дена за вински сорти на винова лоза.
Симптоми и знаци на труење и прва помош: губење на апетит, миризба на
здивот, умор, сонливост, паѓање на крвниот притисок и температура. Првата
помош се состои од перкутана контаминација со обилно миење на кожата со
вода и сапун, исплакнување на желудецот, по потреба да се примени
вештачко дишење. Лекувањето е симптоматско.
Заштитна опрема:при работа да се носи заштитна облека, ракавици,
заштитни очила и респиратот.
Мерки во случај на незгода во затворен простор: повреденото лице да се
изнесе од просторијата и да му се укаже прва помош до пристигнувањето на
лекар. Излеаното средство да се собере со пилевина или друг абсорбционен
материјал кој потоа ќе се спали на место предвидено за таа намена.
Мерки во случај на незгода при транспорт: местото на несреќата веднаш
да се осигура со ознаки и да се извести полицијата,стручните служби, а по
потреба и противпожарната служба. До нивното доаѓање, доколку е можно,
средството да се локализира за да не се разлева по земјата и да не доспее во
водите.
Хигиена на животната средина и уништување на амбалажата:да не се
прска по ветер и на голема горештина. Празната амбалажа и остатоците од
средството не смеат да доспеат во почвата, нити во водата, не смее да се
закопуваат во земјата. Празната амбалажа да се измие со вода и истата да се
додаде во последното прскање, а потоа да се носат во депонија предвидена за
таа намена.
Ускладиштување: препаратот да се ускладиштува во оригинално затворено
пакување,одвоено од храна, пијалоци и сточна храна, на ладно и суво место,
под клуч далеку од дофат на деца и нестручни лица. Продажбата е дозволена
само во оригинално пакување на производителот.
Гаранција за квалитетот на производот:со грижливо испитување е
докажано дека производот одговара за препорачаната намена со
придржување кон упатството за употреба. Со обзир на тоа што
ускладиштувањето и примената се наоѓаат надвор од нашето влијание, ја
исклучуваме секоја одговорност за евентуалните штети од неправилното
ускладиштување и примена.
Трајност на препаратот: 3 години при правилно ускладиштување во
оригинално затворена и неоштетена амбалажа.

You might also like