You are on page 1of 2

ДОГОВОР ЗА АВТОРСКО ДЕЛО

Склучен во _______ на ден ________ година, помеѓу:

1. _________________________(име на работодавачот), ул. _____________(седиште)


____________(град), застапувана од ____________________________ (во понатамошниот текст
Нарачател) од една страна, и
2. ____________________(име на работникот) со адреса на живеење ул. ______________________,
ЕМБГ _________________ бр. на сметка ___________________, банка депонент
_________________________ (во понатамошниот текст Извршител) застапуван од
_____________________________ (во понатамошниот текст Застапник) од друга страна.

Член 1
Извршителот по нарачка и за потребите на Нарачателот се обврзува да извршува работни задачи во
________________________________________.
Нарачателот има право да ја надгледува работата на Извршителот и да му дава напатствија.

Член 2
Нарачателот се обврзува на Извршителот да му исплати еднократен надомест во вкупен бруто (или нето)
износ од ___________ ден. Аконтацијата за персоналниот данок ќе го плати Извршителот или
Нарачателот.

Член 3
Нарачателот и Застапникот се согласни прибирањето и наплатата на надоместот кој произлегува од овој
договор да го прибира и исплатува Застапникот на начин и под услови утврдени со закон и овој Договор.

Член 4
Во смисла на член 3 од овој Договор Застапникот составува фактура во која точно го наведува бројот на
договорот, името и презимето на Извршителот, основот и видот на авторското дело, износот на
надоместот со пресметан персонален данок на доход, данок на додадена вредност и агенциска провизија.
Во прилог на фактурата, Застапникот доставува еден примерок од овој договор, потпишан од трите
договорни страни, а еден примерок доставува на Извршителот.
Застапникот се обврзува навремено да го извести нарачателот во случај на какви било промени во
законската регулатива кои би влијаеле на договорените стапки на персонален данок на доход, данок на
додадена вредност и агенциска провизија.
За уплатата на аконтацијата на персоналниот данок на доход и обврската за известување на Управата за
јавни приходи за исплатените надоместоци врз основа на договор за дело, одговара Застапникот.

Член 5
По приемот на фактурата, Нарачателот ја прегледува содржината на истата а со нејзината исплата значи
дека ги потврдил и прифатил како свои податоците и обврските наведени во истата.

Член 6
По приемот на исплатата од страна на Нарачателот, Застапникот е должен веднаш и без одлагање на
Извршителот да му го исплати на негова трансакциона сметка во банка.

Член 7
Доколку Извршителот не ги почитува одредбите од овој договор, Нарачателот е овластен веднаш да го
раскине договорот и да ја прекине исплатата по основ на истиот, а веќе исплатениот дел на надоместот
да го побарува од Извршителот.

Член 8
За сите права и обврски кои не се регулирани со овој Договор важат соодветните законски прописи и
начелата на чесни деловни обичаи.

Член 9
Во случај на спор кој би настанал поради неизвршување на обврските, надлежен е Основниот суд
Скопје.

Член 10
Овој Договор е составен во 3 (три) еднакви примероци, од кои за секоја страна по 1 (еден) примерок.

Нарачател Извршителот Застапник

_______________ _______________ _____________


м.п. м.п.

You might also like