You are on page 1of 2

Предмет: Наследно право (испит, августовски испитен рок, 2020 год.

)
Наставник: Доц.д-р Елизабета Спироска
Датум: 31.08.2020 год.

Име и презиме ______Сандра Лазаров__________________________________________


Број на индекс ______1881026__________________________________________

Упатство: Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателно прочитајте ја


ситуацијата која ви дава информации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите
одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примените знаењето од областа
на наследното право за да го решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето.
Од вас се очекува да го опишете решението и да дадете рационално објаснување на
одговорот што ќе го дадете (објаснување, зошто сте го одбрале тоа решение).

1. Објаснете го односот помеѓу уставот како извор на правото и судската пракса како
извор на правото. - Уставот на Република Македонија од 1991 година, како највисок
правен акт во нашиот правен систем, предвидува неколку одредби кои се од голема
важност за наследното право. Значајна цивилизациска придобивка за наследното право е
начело на еднаквост и рамноправност, според кое граѓаните на Република Македонија се
еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата,
националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и
опшествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Врз основа на ова
начело сите граѓани се еднакви и рамноправни во наследувањето. Од особена важност за
наследувањето е одредбата со која се гарантира сопственоста и наследувањето). Уставот и
покрај тоа што изречно не предвидува, со оваа одредба ја фаворизира приватната
сопственост на граѓаните, бидејќи само таа може да се наследува. Основна задача на
судовите е да обезбедат заштита на субјективните права кои се повредени или чие
остварување е оневозможено од страна на трети лица. Во европско-континенталното
право судската практика претставува пред сè примена на правото (iuris dicere), но не и
создавање на правни правила, како што е тоа случај со англо-саксонското право. Судот ги
применува апстрактните правни правила на конкретните случаи, а донесената пресуда има
важност само во случајот во кој е донесена (iudicatum ius inter partes est). Поради тоа, во
македонскиот правен систем одлуките кои еден суд ги донел во конкретен случај не се
задолжителни и не ги обврзуваат останатите судови во решавањето на такви или слични
случаи. Во Македонија судовите се самостојни и независни и тие судат врз основа на
Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во 36 согласност со Уставот
(чл. 98). Врз основа на тоа, судската пракса на е извор на правото, вклучително и на
наследното право. Меѓутоа, со оглед дека законот не може да ги уреди во целост сите
односи, во случај да постои правна празнина, судовите, со донесувањето на одлуката
можат да создадат ново правно правило кое ќе се јави како извор на наследното право.
Имајќи го во предвид ова, за разлика од минатото – периодот по Втората светска војна,
Предмет: Наследно право (испит, августовски испитен рок, 2020 год.)
Наставник: Доц.д-р Елизабета Спироска
Датум: 31.08.2020 год.

кога постоел недостиг од правни прописи, денес судската пракса има карактер на
дополнителен извор на правото.

2. Објаснете од што се состои оставината.


- Оставината, односно наследството, претставува збир од имотни права и обврски кои се
изразливи и проценливи во пари. Оставината се состои од: ствари кои се подобни за
пренесување во сопственост или владение; стварни права; облигациони права; наследни
права и материјални права од правата на интелектуална сопственост (авторски права и
права од индустриска сопстеност).

3.Исчезнатото лице Блажо Мојсов од Неготино со правосилна судска одлука било


прогласено за умрено. Како наследник се појавила неговата сопруга и двата сина. Според
податоците од смртовницата примена од надлежниот матичар, починатиот оставил само
подвижен имот. Објаснете што треба да направи судот во овој случај.
-Во овој случај оставината се дели на 3 дела сразмерно. Секој од наследниците наследува
по 1/3 од оставината - тоа е законско наследување. Судот може да одлучи да ја даде на
лецитација оставината и да ја подели паричната сума на три дела или во втор случај може
да остави на наследниците сами да се договорат. Без разлика од што се состои оставината
таа се наследува на тој начин.

4.Лицето В.В. починало. Ова лице има брачен другар С.В, син Д.В, ќерка Г.В и вонбрачна
ќерка М.Н. Починатото лице оставило тестамент согласно кој тестамент починатото лице
располагало со целиот свој имот и истиот во целост го оставило на неговиот брачен
другар. Дали син Д.В, ќерка Г.В и вонбрачна ќерка М.Н имаат некакво наследно право?
Образложете го својот одговор.
- Доколку постои тестамент, тогаш оставината се дели согласно со тестаментот, односно
во овој случак целата оставина припаѓа на брачниот другар. Тестамемталнотто
наследување го побива законското наследување и наместо да наследат секој од
наследниците 1/4 со постоењето на тестамент и децидно образложено дека оставината
припаѓа на брачниот другар, во тој случај децата се исклучени од наследување и целата
оставима припаѓа на брачниот другар, односно во овој случај на сопругата на оставителот.

You might also like