You are on page 1of 2

Почитувани наставници,

Во пресрет на новата учебна година сакаме да ви се заблагодариме за вашиот досегашен


труд и придонес во реализирање настава за време на глобална пандемија.

Сепак, и пред пандемијата податоците покажуваа дека нашиот образовен систем има
потреба од крупни реформи. Во таа насока се и новите материјали за учење кои ги разви
Бирото за развој на образованието. Целта е осовременување и диверзификација на
материјалите за учење кои им се на располагање на наставниците и учениците. На овој
начин го правиме првиот чекор кон настава во која нема само еден учебник, туку мноштво
од материјали за учење во различни формати, со современи мултимедијални елементи и
охрабрување до нашите ученици да истражуваат, да преиспитуваат и да откриваат. За
овие материјали ја развивме апликацијата Е-библиотека и првиот чекор во нејзиниот
развој е објавувањето на материјалите за учење за четврто одделение на сите пет
наставни јазици.

Во моментов апликацијата ги содржи материјалите за учење за 4-то одделение по сите


предмети. и истата може да ја преземете за користење на Windows и Android уреди
(компјутер, телефон или таблет), а наскоро ќе биде достапна и онлајн.

За преземање на апликацијата за Windows уреди кликнете тука:

Преземи апликација + материјали за учење (МК)

Merr aplikacionin + materialet për mësim (SHQ)

Uygulamayı + ders malzemelerini yükle (TUR)

Преузми апликацију + материјале за учење (SR)

Preuzmi aplikaciju + materijale za učenje (BA)

За преземање на апликацијата за Android уреди кликнете тука:

Android
(Ве молиме прво ажурирајте ги вашите андроид уреди)*

За полесно да ја инсталирате апликацијата погледнете го ова видео:

Windows

Android
Визијата за развој на Е-библиотека е да стане централна локација за дигитални
образовни материјали развиени во поддршка на наставниот процес во основните и
средните училишта, како и во предучилишните установи во државата. Овие материјали
ќе потекнуваат од автори и универзитетски професори, наставници и стручни
соработници, воспитувачи и сите други едукатори кои сакаат да придонесат во
Е-библиотеката. Тимот на Бирото за развој на образованието внимателно ќе ги прегледува
материјалите и ќе гради партнерски однос со сите автори, се со цел и понатаму да ја
гради културата на ко-креирање која успешно ја воспоставивме со Едуино.

Доколку имате некои други технички проблеми обратете се до училиштето за да може


систем администраторите да пружат дополнителна техничка поддршка. Доколку сакате да
пријавите проблем кој не се разрешил во рамки на училиштето со подршка на систем
администраторите ве молиме испратете порака на следнава адреса:
e-biblioteka@mon.gov.mk

Ви посакуваме успешна учебна година!

You might also like