You are on page 1of 1

Белезите на Шарл Бодлер во лириката

Доколку направиме анализа на делата на Бодлер ќе забележиме дека тој


твори спротивно на реализмот и успешно создава врска со романтизмот.
Веројатно под влијание на својот животен пат, од кого и неговото дело е
инспирирано, во својата работа тој внесува егзотичност, новост,
необичност и несекојдневност. Пред се, како една од карактеристиките на
творештвото на Бодлер мора да се истакне дека е т.н. проклетство на
поетовата судбина. Тој велел дека овој свет кој ние го живееме е
материјален и е манифестација на некој повозвишен свет. Проклетството е
во тоа што тој ја согледал таа разлика и ја пренел во неговите дела но
простиот читател не може да ја долови бидејќи не направил растројство на
досегашниот начин на гледање на работите.
Во неговото творешто ја осознаваме неговата размисла дека симболите кои се
употребуваат во делата не треба да бидат копија на некои претходни
зададени значења за истите, туку тие треба да произлегуваат од самите нас,
да се раѓаат од нашата духовност. Тоа се постигнува преку слободната имагинација да
размислуваме за овој материјален свет на некое повисоко ниво и со симболичка
уреденост.

Поезијата на Бодлер во себе иако го содржи сплинот, како дефиниција за


егзистенцијална мачнина, чмаење и здодевност исто така го дефинра и
убавото. Во песната „Химна на убавината“ тој ја претставува убавината во
сосема ново светло – како нешто што не припаѓа ни на доброто ни на злото
но најчесто опасна и зла. Од друга страна, во песната „Мрша“, Бодлер
успешно го пронаоѓа убавото дури и во ситуации каде тоа е невозможно да
се пронајде. Сепак, како една од најзначајните за Бодлеровото дело е „Кон
читателот“ која многумина ја сметаат за „Цвеќиња на злото“ во мало. Таа
претставува вовед во неговата стихозбирка но и вовед во целокупната
поетика на Бодлер.
Не може да се претстави влијанието кое Бодлер го извршил врз вкупното
литературно творештво. Тој е заслужен пред се за развитокот на
францускиот симболизам. Пишувајќи исклучиво во сонет тој ги зајакнува
своите дела и својата мисла. Неговата творечка побуна го означува
почетокот на модерната поезија, а особено влијание има извршено врз
симболизмот и надреализмот. Поради тоа Шарл Бодлер, со неговото
животно дело „Цвеќиња на злото“ може да се истакне како еден од
најзначајните творци на сите времиња.

You might also like