You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ РИМСКО КРИВИЧНО ПРАВО

ТЕМА : ДЕЛИКТИ ПРОТИВ ИМОТОТ

Ментор кандидат

Доц.д-р Димитар Апасиев Андреј Митевски 207556

Штип , март 2018 година


Содржина

Краток извадок...........................................................................................................3

Клучни зборови..........................................................................................................3

Вовед..........................................................................................................................4

1.Поим на кривично право и кривично дело во Римското право...........................5

1.2 Видови кривични дела........................................................................................6

2.Казнени дела од јавното право………………………………………………………..6

2.1 Казнени дела против државата и државното уредување……………………....6

2.2 Казнени дела против правосудството……………………………………………...7

2.3 Казнени дела против јавниот морал………………………………………………..8

2.4 Казнени дела против личниот и телесниот интегритет…………………………9

2.5 Казнени дела против имотот……………………………………………………….10

2.6 Други деликти против имотот………………………………………………………13

3. Казнени дела од приватното право………………………………………………...13

3.1 Injuria……………………………………………………………………………………13

3.2 Dolus……………………………………………………………………………………14

3.3 Metes (принуда)……………………………………………………………………….14

3.4 Изнуда (repentudae)………………………………………………………………….15

3.5 Корупција (caries,venaliter)………………………………………………………….15

4.Видови на санкции во Римското право……………………………………………..16

Заклучок....................................................................................................................17

Користена литература.............................................................................................18

2
Краток извадок

Во оваа семинарска работа се анализираат основните прашања за


кривичното право и посебните видови кривични дела во Римското право.

Опфатена е поделбата на казнените дела на delicta privatа и deicta publica и


наведени сите видови посебни кривични дела во чија што основа е правилото
дали со стореното зло и се наштетува на државата и поединецот.

Овде се наведуваат и кривичните санкции кои можеле да бидат изречени


односно капиталните и некапитаните казни.

Клучни зборови

Деликт , сопственост , казна , тужби , delicta private , delicta publica

3
Вовед

Развитокот на кривичното право започнува со првичните определби на


одредени човекови постапки како кривични дела. Овие кривични дела најпрвин
биле против религијата и боговите и биле нарекувани како смртоносни
гревови. За нив не важеле државните закони туку божественото право.
Кривичните дела против луѓето и сопственоста во почетокот биле
квалификувани како приватни кривични дела,затоа што повредата и штетата
од нив го погодувала само поединецот , па државата немала обврска да го
казни сторителот. За овие дела важел принципот на талион. Со развитокот на
цивилизацијата кривичните дела против религијата исчезнале, а се појавиле
кривичните дела против телесниот интегритет, личната безбедност и
сопственоста.

Развитокот на кривичното право во Рим било исполнето со два вида на


кривични дела : кривични дела кои ги провоцирале боговите и за кои казните
биле жртвување на грешникот за да се воспостави хармонија на небото, а со
тоа и на земјата и кривични дела против државата и државното уредување.
Кривични дела во овој период биле: навредата и пеењето навредливи
песни,телесна повреда,оштетување на имотот,кражба, палење куќи или ниви
со пченка, давање лажен исказ или лажно сведочење, убиство и
предизивикување јавни нереди. Така, ако кражбата била извршена ноќно
време, на сторителот, доколку бил полнолетен можела да му се изрече смртна
казна.

Со развојот на Империјата се развивал и казнениот систем и бројот на


кривичните дела за кои што казната била poenta publica.

Во почетокот поимот нa кривичнотo дело во римското правo бил


определен многу генерално. Кривичните дела биле дефинирани како зло
сторено на заедницата. Никој не можел да утврди кое кривично дело е сторено
прoтив заедницата, а кое против индивидуата. Со појава на првите казнени
законски одредби во законите и поставувањето на основниот принцип на
кривичното право,nullum crimen nulla poean sine lege stricta oдносно кривично
дело е она што законот вели дека е казниво, не постои кривично дело ако не

4
постои закон и за секое кривично дело предуслов е да постои законска одредба
затоа што кривично дело може да постои само во контекст на законот.

1.Поим за кривично дело според римско право

Според римското право едно дело за да биде квалификувано како


кривично дело треба кумулативно да ги исполнува следните услови:

1) Кривичното дело настанува со извршување на некое надворешно


дејствие (delicta in commissione), a по класичното право е утврдено како
кривично дело кое може да се изврши и со несторување односно dellicta
omissionе.1

2) За кривичното дело се бара превземеното дејствие да и претходи на


одредена последица ,во спротивно се сметало дека кривичното дело не
постои.

3) Кривично дело постои само тогаш кога меѓу дејствието што и


претходело на последицата и самата последица постои вистинска причинска
врска или каузален однос.

4) Превземеното дејствие да биде противправно,а неговата последица


да биде нанесување штета на друг. Противправност нема доколку се работи за
случаи на самоодбрана и состојба на нужда (in culpate tutela).

5) За настанување на кривичното дело се барало сторителот со


дејствието да биде свесен или барем можел да биде свесен за последиците на
своето дејствие. Со други зборови за настанување на деликт се бара вина или
одговорност на деликвентот.2

6) Последен елемент на кривичното дело е истото да биде


санкционирано. Кај delicta publica казната била физичко зло кое му се
заканувало на телото на сторителот или парична казна што се исплатувала во
полза на државната благајна. Кога станувало збор за delicta privatа сторителите
биле санкционирани или со надомест на штета или со poena privatа односно
со парична казна што обвинетиот му ја исплатувал на оштетениот.
1
Ѓуркова, О. (2010)„Кривична постапка за коруптивните кривични дела во Римското право“ , Алфа 94 ,
Скопје стр.20
2
Ибид стр.21
5
Оттука кривичното дело во римското право можеме да го дефинираме
како противправно дело кое што со законот е определено како кривично дело
(согласно начелото nullum crimn nulla poena sine lege stricta).

Под поимот кривичен закон Римските правници подразбирале видови на


обвиненија кои што можат да бидат поднесени и процедуралните и пеналните
последици кои што ги трпеле обвинетиот и обвинителот од тие обвиненија. 3

Според санкцијата пропишана против деликвентот и според природата


на штетата предизвикана со противправните дејствија деликтите се делеле на
Delicta publica ili crimena - биле оние противправни дејствија кои според своите
последици и својот интензитет предизвикувале голема општествена опасност и
Dеlicta privatа - биле противправни дејствија со кои се повредувале приватните
интереси,а кои бил санкционирани со надомест на штета или со парична казна.

1.2 Видови кривични дела

Според поделбата што ја направил Sherman казнените дела се делат на:

2. Казнени дела од јавното право, а тоа се:

2.1 Казнени дел против државата државното уредување :

Предавство ( perduellio, crimen laesae majestas).

Според Римската концепција предавството во себе ги опфаќа сите други


казнени дела со кои се штети на државата. Под предавство се подразбира
напад, навреда, телесни повреди на Императорот, Сенатор, советници на
Сенатот, конзули, заговор за убиство на магистрат, земање во заложништво на
некој од државните службеници, бунт, ослободување на лице кое што
прогласено за виновно и на кое му е изречена казна.

Лицата кои биле обвинети за предавство можеле да бидат подложени на


тортура. За квалифицираните облици на ова дело можела да биде изречена и
смртна казна.Имало случаи некои лица да бидат обвинети за осудени за
предавство со цел нивниот имот да биде конфискуван во полза на држават

Пиратство

3
Ибид стр.22
6
Во ова кривично дело спаѓале кражбите и бандитството.Во модерното
кривично право во Америка пиратството е подвид на кражбите. Во
Македонското кривично право пиратството спаѓа во казнените дела против
човечноста и меѓународното право.

Фалсификување и фалсификување на пари

Фалсификувањето на документ или јавна исправа и фалсификувањето


пари се казнени дела за кои можела да се изрече смртна казна или
депортација.4

2.2 Казнени дела против правосудството

Кај несовесно вршење на службата од страна на државен службеник се


казнувале оние службени лица кои што незаконски дозволиле невино лице да
биде подложено на тортура ,измачувано или убиено, непроцесуирање на
жалбата на пресуда од страна на судија до повисокиот суд и незаконско
собирање на даноци. Казнувањето било со смртна казна или со депортација.

Спречување на спроведување на правдата

Во оваа група спаѓаат казнените дела: прикривање на кривично дело,


намерно осудување на невина личност, лажно обвинување за сторено
кривично дело - клевета или calumnia( за кое казната била телесна и инфамиа-
врежување на буквата ,,К,,20 на челото на осудениот) и опструкција на судски
процес, tergiversatio односно несоодветно повлекување на обвинението од
страна на обвинителот за време на судењето.

Кривоклетство и лажно сведочење

Во оваа група се вбројуваат делата како давање лажен исказ на судење


лажење под заклетва. Доколку лицето кое било обвинето и осудено на смртна
казна неправедно поради лажното сведочење тогаш сведокот којшто сведочел
лажно му се изрекува санкција смртна казна или депортација.

Поткуп

4
Ибид стр.25
7
Во оваа група се казнените дела : примање поткуп за да неправедно се
обвини или да не се покрене обвинение, корупција и посредување при
корупција, примање поткуп од страна на судија и примање пари од страна на
државен службеник за да ја злоупотреби својата должност.

Изнуда

Под поимот Res repetundae се подразбира кривично дело кое што


опфаќа изнудување на пари или било каква друга имотна корист од страна на
носител на јавна функција, а од жителите на одредена провинција да стори
нешто кое што е обврзан да го изврши без никаков надомест или истото да не
го изврши иако е обврзан на тоа,како и да прикрие докази во текот на
постапката како и преземање на слични дејствија. Во примањето и
изнудувањето на пари остварувањето на друга имотна корист можеле да се
вбројат и подароците, наплаќањето на консултации со службениците кои спред
правните прописи биле бесплатни, стекнување на противправна имотна корист
преку принуда, неправедната компензација помеѓу функционерот и неговата
странка.5

2.3 Казнени дела против јавниот морал

Како казнени дела биле: бигамија, неверство, заведување, абортус,


противприроден блуд. Полигамијата и бигамијата била строго казнувана во
Рим. Неверството или adulterium било казнувано со смртна казна.Кај
неверството жената мора да е во брак. Ако мажот е во брак а жената не е
тогаш нема неверство .Заведувањето на слободни и немажени жени исто така
е кривично дело. За ова казните биле телесни и имотни. Абортусот
претставувал кривично дело незавино од тоа дали жената била во брак или не
казната била:релегација, конфискација,работа во рудник,камшикување до
смртна казна.

2.4 Казнени дела против личниот и телесниот интегритет

Убиство, parricidium и самоубиство. За убиство казната секогаш била


смртна. За убиство на блиски роднини казната била смртна и извршувана на

5
Ибид стр.26
8
начин што убиецот бил ставан во вреќа заедно со куче,петел, змија и мајмун
фрлан во река. Труењето, исто така спаѓало во групата на казнени дела.

Доколку убиството било сторено од небрежност тогаш казната била


релегација или принудна работа во рудниците.Нема да се казни мажот или
таткото кој ќе го убие љубовникот на својата жена или ќерка .Исто така казниво
било убиството сторено во нужна одбрана.Самоубиството се казнувало со
конфискација на половна од имотот на оној кој си го одзел животот. 6

Силување, грабнување од неморални причини.

Казната за силување (rapus mulirum) била смрт,а за грабнувањето од


неморални причини било казнувано со прогонство или смрт.

Неоправдано лишување од слобода,киднапирање

Неправедното лишување од слобода е кривично дело кое што било


санкционирано со прогонство,принудна работа во рудници или со парична
казна.За киднапирање (plagium) била изрекувана смртна казна.

Навреда,уцена.

Нападот на честа и угледот е меѓу првите и најчести казнени дела. Уште


во Законот за XII таблици стои дека доколку некој даде срамна изјава за некого
тогаш тој треба да биде истепан до смрт.Казната за уцена била релегација или
депортација.7

2.5 Казнени дела против имотот

Намерно предизвикување на пожар Палењето на туѓа куќа е кривично дело,а


за квалифицирани облици можела да биде изречена смртна казна.

Кражба

Кражбата или furtuм можела да припаѓа и на групата приватни деликти


и во групата на јавни деликти. Кражбата преставувала деликт што се состоел

6
Ибид стр.27
7
Ибид стр.28
9
во одезмање на туѓи предмети со намера за прибавување полза на
деликвентот. Зачетокот на концептот на кражбата се наоѓа во два деликти во
Leh Duodecium Tablarum.tignum linctum (кражба на греди и метална
конструкција) и т.н.arborum caesorium (дрвокрадство,тајно сечење дрва од туѓ
имот).8

Објектот на кражбата бил подвижна ствар (res mobiles) која се наоѓа во


сопственост на друг заради присвојување на стварта или да се извлече
одредена корист од стварта (lucre faciendi, lcrandi causa). Покрај одземањето на
владението врз стварта,во кражба се вбројувало и секое злонамерно посегање
односно нечесно мешање во некое од сопственичките овластувања.Кај
кражбата важна била намерата да се одземе стварта (animus furandi, afectus
furd faciendi).

На оштетениот му стоеле на располагање едната или двете тужби:


condictio furtive и actio furti (која можело да биде поднесена и против
наследникот на крадецот) кога се барало враќање на украдената ствар, додека
ictio furtive имала карактер на action poenalis и пресудата по неа била
повеќекратна казна.

Римското право познавало и повеќе посебни облици на кражба,во


зависност од извршувањето на дејствието: furtum manifeстum (јавна кражба);
furtum nec manifestum (тајна кражба); frutum conceptum (откриена кражба);
furtum oblatum (подметната кражба); furtum lanc et licio (кражба откриена со
свечено пребарување во куќата). Постоеле и специфични облици од аспект на
стварта која била украдена, или каде било извршено делото: furtum balnarium
(кражба на облека или други ствари во бањите); furtum domesitcium (кражба од
лице кое припаѓа на семејството, домашна кражба) итн. 9

Damnium iniuria datum

Со донесувањето на Leh Aquilia, повредата на материјалните добра


биле издефернцирани од некогашниот деликт iniuria,односно бил воведен

8
Ибид стр.28
9
Апасиев, Д. (2017). „Римско кривично право“ Правен факултет УГД. Штип стр.433
10
деликтот damnum iniuria datum,со што во некогашната iniuria останала само
повредата на личните добра.

Damnum iniuria datum опфаќала секое скривено,противправно и


непосредно предизвикување штета врз телесни ствари,без притоа да се стекне
имотна полза за деликвентот што била една од основните разлики меѓу
damnum iniuria datum и furtum.

Kaj damnium iniuria причинетата штета била материјална и резултат на


определено физичко дејствие (corpore) сторено in commisioen која на
оштетениот му стоела на располагање acti legi aquiliae. Во поглед на
одговорноста во Leh Aqilius e предвиден и т.н. culpa levissima (најмала и
накнезначителна небрежност).

RAPINA

Секој облик на кражба сторен на сила (vis) бил дефиниран како rapina
(разбојништво).Овој деликт бил воведен со преторското право како резултат на
појавата на вооружени банди по целата територија на Италија, поради
последиците од граѓанските војни и немирите по смртта на Сула.

Гонењето на разбојништвото било по барање на оштетениот со посебна


actio vi bonorum et raptorum, која треба да биде поднесена во рок од една
година од разбојништвото. Пресудата гласела на четворен износ,а осудениот
бил прогласуван за инфамен: Доколку тужбата била поднесена по истекот на
една година , пресудата била in simplum(во единичен износ).10

Plagium

Plagium бил воведен со т.н.Leh Fabia de plagiaris. Се претпоставува дека


законот е од II или I век пред н.е.Leh Fabia се споменува и во еден од говоритe
на Кикерон. Plagiumot e сличен на денешниот институт ,,противправно
лишување од слобода,, и ги опфаќа облиците на задржување и затворање на
слободен човек (лице кое имало статус на status libertatis). Plagiumot постоел и
во случаи кога како роб бил продаден човек за кој продавачот знаел дека е
слободен.Од одговорност за plagium бил ослободуван bona fidei possessor на

10
Ибид стр.434
11
туѓ роб. Во зависност од обликот на plagium била предвидена или смртна казна
или полесна казна .11Сторителот на plagium бил означуван како plagiarus.

Stellionatus

Како stellionatus било сметано секое деликтно дејствие кое не потпаѓало


под веќе постоечките деликти,а кое на некаков начин ја вклучувало измамата.
Како најчести примери за stellionatus се наведуваат (замена на една ствар со
друга со измама, размена на ствар за пари,кога стварта му припаѓа на друг а
тој факт бил скриен и сл.).наведувајќи дека е невозможно да се исцрпат сите
видови на stellionatus..

Писмената заклетва дека одредена заложена ствар (so pignus) е во


сопственост на оној што се заколнал, исто така се третирале како stellionatus,
доколку се докажало дека тоа не е вистина. Најчести случаи на stellionatis во
трговските друштва биле: лажното претставување(ipostura) и лукавштината
(caliditas).

Stellionatus бил delictum privatum, но можел да биде процесуиран како


crimen доколку така оценел магистратот(најчесто градскиот префект,urbi).
Санкцијата за лицата сторители на stellionatus со повисок статус била
привремено прогонство, додека за лицата со понизок статус (плебејците),
санкцијата била присилна работа, не потешка од работата во рудници (ad
metalla).12

Аbigeatus

Иако сличне на римскиот firtum, abiegeautus бил специфичен поради


висината на казната, како и поради фактот дека сторителите (abigei) најчесто
носеле оружје. Abigeatus e пример за трансформација на еден од облиците од
delictum privatum во delictum publicum.

Како причини за посебниот третман на abigeatus одредени автори ја


наведуваат и потребната кривично правна регулација од времето на Трајан,по
пат на репресија, во постапка ehtra ordinem, да одговори на зачестеното
наислство и несигурност во Италија и Шпанија, односно разбојништвото кое
11
Ибид стр.435
12
Ибид стр.436
12
зело замав во сточарството и другите стопански дејности. Кај abigeatus се
работело за насилно одземање на крупна стока ,штала и воопшто место каде
се наоѓа. Дали се работело за furtum или abigeatus зависело од бројот на
украдените животни ,се третирале сите случаи кога бил украден коњ или вол,
десет овци или пет свињи.13

2.6 Други деликти против имотот

Меѓу останатите деликти против имотот во римското право се


вбројуваат и поткуп на робови (servus corruptum), подметнување пожар на
недвижноти , или на бродови и пловни објекти (de incendio ruina naufragiorate
nave efpugnata 830, отстранување или менување на мегите 9( de termino moto),
кражба на res religiosae sacrilegium и др.14

3. Казнени дела од приватното право

3.1 Injuria

Injuria во старото римско право или во Законот за ХII таблици можела да


се вброи и во delicta privatа и во delicta publica.Таа од почетокот била
дефинирана како секоја повреда на туѓи материјални и лични добра,била
категоризирана во delicta privatа и за нејзе постоела единствена казна од 52
аси.Со воведувањето на Leh Aquila, Injuria била поделена на два одделни
деликти: Injuria datum или напад врз материјални добра и обична injuria која
што претставувала напад врз личните добра односно телесниот интегритет и
истата била подетално регулирана во едиктите на преторите.Како injuria
можело да се смета и навредата и тоа усмена навреда и јавна навреда. Во
навреда на почетокот спаѓало и кривичното дело силување кое било
квалификувано како навреда на моралот.Тужбата за Injuria се викала injuriarum
aestimatoria а санцијата веќе не била единствена, туку истата се утврдувала од
случај до случај.

3.2 Dolus

Dolus бил приватен деликт што настанал со измама на содоговорувачот


во моментот на склучување на договорот или со несовесно однесување кон
13
Ибид стр.436
14
Ибид стр.437
13
него во текот на траењето на некој облигационен однос.Тужби за овој деликт
биле ehceptionis doli и action doli. Казните биле надомест на штета,а во случај
на action doli можела да биде изречена и инфамија.

3.3 Metes (принуда)

Metes (принуда) бил деликт што се остварувал со противправни дејствија


од физичка природа (via absoluta) и протипрaвни дејствија од психичка природа
или страв предизвикан со цел некое лице да се наведе да се согласи со нешто
што инаку не би го сакало. Други деликти кои често се извршувале во Римското
општество се: foenus или лихварство што се казнувало со четирикратен износ
на сумата, tignum junictum или неовластено вградување на туѓ материјал во
сопствената зграда, depositum или затајување на ствари дадени на чување,
damnum Injuria datum или оштетување на туѓи предмети,frauds creditorum или
свесно изигрување на доверитeли со цел да не можат да ги наплатат своите
побарувања при што дејствие на извршување на ова кривично дело било
склучување на симулирани (фиктивни) договори или договори за подарок на
имотот на трети лица, inflammo или предизвикување нa пожар кој ако е скривен
тогаш влегува во delicta publica ,а ако е извршен од небрежност тогаш е delicta
privata.15

3.4 Изнуда (repentudae)

Називот repentudae доаѓа од латинсиот збор res – ствар и pecuniae –


пари кои што можат да бидат изнудени како поткуп и повторно вратени на
лицето од кое што биле изнудени- repetere. Ова кривично дело е воведено со
формирање на првиот поротен суд во 149 п.н.е. со Законот Leh Calpurnia. Се до
126 п.н.е.тужители можеле да бидат само не-римјаните што биле најчесто
жртва на изнуда,а потоа како тужител можел да се јави секој. Доколку судот
нареди исплаќање на оштета,таа би била едноставна исплата на изнудена
сума. За овие дела била изрекувана казната infamia.16

Според common law оние што изнудуваат пари обично ги бараат во вид
на поткуп. Во common law законодавствата постојат три вида на изнуда. Првиот
15
Ѓуркова, О. (2010)„Кривична постапка за коруптивните кривични дела во Римското право“ , Алфа 94 ,
Скопје стр.31
16
Ѓуркова, О. (2010)„Кривична постапка за коруптивните кривични дела во Римското право“ , Алфа 94 ,
Скопје стр.32
14
вид е поткуп кој се дефинира како давање или ветување на идно предавање на
нешто во вредност на лице кое е во позиција на доверба и кое за возврат на
поткупот ќе ја злоупотреби својата службена положба за да го задоволи
барањето на подмитувачот. Поткупот е казнив само за државните
службеници.Оние кои што даваат пари на приватни лица не вршат кривично
дело.Вториот вид на изнуда е уцената која е дефинирана како обид да се
изнудат пари од жртвата преку закана за објавување на некој штетен факт за
личноста или за нејзиното минато.Третиот вид изнуда е откуп при киднапирање
кое се дефинира како задржување или бесправно лишување од слобода со цел
за истото лице да бидат барани пари во облик на поткуп за да биде пуштено
лицето на слобода.

Во нашето законодавство корупцијата односно кривичните дела


примање и давање поткуп спаѓаат во групата на кривични дела против
службената должност односно истите не се подвидови на изнудата, која како
кривично дело во нашиот кривичен законик е систематизирана во кривичните
дела против имотот.Кривичното дело изнуда во македонското законодавство
не спаѓа во групата delicta propria.За разлика од нашето законодавство ова
дело во САД може да го изврши само службено лице.

3.5 Корупција (caries,venaliter)

Според Римкото право корупцијата била секое уништување на


нормалниот курс на владеењето во општеството ,а посебно во правната
сфера. Латинскиот превод на ,,corruptio е поткуп, расипништво, оштетување,
гнило, загадување, Современата употреба на терминот корупција е со цел да
се имплицира како поткуп односно на давање и примање поткуп. Во
македонското законодавство:Под корупција се подразбира искористување на
функцијата,јавното овластување, службената должност и положба за
остварување на каква и да било корист себе или за друг.

Во Римското право, исто како и во денешните правни системи,


најпозната форма на корупција е поткупот. Римските правници правеле
дистинкција помеѓу корупцијата во судството и политичката корупција со
нејзиниот најчест феномен на корупција при изборите и гласањето.

15
4.Видови санкции во Римското право

Поимот,,капитална казна,, во римското право опфаќа многу поширок


дијапазон на казни отколку што е тоа случај со денешното право.Во Римското
право капитални казни се и оние кои што влијаат на статусот на осуденот
односно губење на граѓанството и губење на слободата.Главна била смртната
казна позната како summum supplicium или poena portis односно poena capitis.

Судијата морал да има предвид одредени фактори кога ја одбирал


формата на предвидената казна или ја одредувал соодветната казна во
посебни случаи каде неговата моќ ја определувала пресудата.

Казната била одредувана во зависност од тоа на која класа припаѓа


осудениот, дали на honestiores или на humiliores. Прекршителите што
припаѓале на honestiore биле подложувани на суров и деградирачки начин на
погубување. Највообичаени форми на казнување биле депортацијата обично
на некој остров и истерување ограничување на прекршителот на одредена
територија, најчесто во Италија и нејзините провинции. Првата казна била
пропратена со губење на граѓанството и сопствeноста, не и личната слобода,а
истерувањето било блага форма на азил кој вклучува едноставно затворање
на острово, без натамошни последици. Некапиталните казни биле
спроведувани во рудниците и околу рудниците, затворање проследено со
тешка работа и камшикување и жигосување.

Заклучок

Во оваа семинарска работа е објаснет поимот кривично дело во


Римското право кој се дефинира како зло сторено против заедницата. Според
Римското право кривичното дело треба да настане со извршување на некое
надворешно дејствие (delicta in commisione) или со несторување односно delicta
omission), превзменото дејствие да претходи на одредена последица, меѓу
дејствето што и претходело на последицата и самата последица да постои
причинска врска и превземеното дејствие да биде протвправно, а неговата
последица да биде нанесување штета на друг. За секој деликт се барало вина
или одговорност за вина како последен елемент на кривичното дело и истото
да биде санкционирано.

16
Според тоа кривичното дело во Римското право се дефинира како
противправно дело кое што со закон е определено како кривично дело.

Потоа е прикажана поделбата на кривичните дела извршена според


санкцијата пропишана против деликвентот и според природата на штетата
предизвикана со противправните дејствија. Според оваа поделба кривичните
дела се делат на delicta publica I delicta privatа. Казнените дела против јавното
право или Delicta publica или crimina билe оние противправни дејствија што по
своите последици и по својот интензитет предизвикувале голема општествена
опасност.Овде влегуваата казнените дела против државата и државното
уредување, казнени дела против правосудството, казнени дела против јавниот
морал,казнени дел против личниот и телесниот интегритет,со посебен акцент
на казнените дела против имотот.

Казнените дела од приватното право или Delicta privatа биле


противправни дејствија со кои се повредувале приватни интереси,а кои биле
санкционирани или со надомест на штета или со парична казна што обвинетиот
му ја исплаќал на оштетениот во кои влегуваат : измама (dolus), принуда
(metes), изнуда (repentudae) или изнудата и корупција (carie,venaliter).На крајот
е даден сосема мал осврт на пенетецијарниот систем во Римската империја
односно видовите на санкции во римското кривично право.

Користена литература

Апасиев, Д. (2017). „Римско кривично право“ Правен факултет УГД. Штип

Ѓуркова,О.(2010)„Кривична постапка за коруптивните кривични дела во


Римското право“ , Алфа 94 , Скопје

17

You might also like