You are on page 1of 13

konto@profit.mk | facebook.

com/kontoprofit
02 609 1551 | 070 22 11 65

Регистрација за целите на ДДВ


Содржина
Регистрација за целите на ДДВ .......................................................................................................... 3
Доброволна регистрација за ДДВ .............................................................................................. 3
1.1.1. Доброволна регистрација со почеток на вршење на стопанска дејност ....................... 4
1.1.2. Доброволна регистрација на почеток на календарска година ....................................... 4
Задолжителна регистрација за ДДВ .......................................................................................... 5
1.2.1. Задолжителна регистрација со остварен промет во предходна календарска година . 5
1.2.2. Задолжителна регистрација со остварен промет во текот на годината......................... 6
1.2.3. Задолжителна регистрација со почеток на вршење на стопанска дејност: предвиден
вкупен промет над прагот за регистрација ....................................................................................... 6
Праг за регистрација и вкупен промет за регистрација за целите на ДДВ ............................ 7
Примери ....................................................................................................................................... 8
Рокови за поднесување на Пријава за регистрација за целите на ДДВ (ДДВ-01) ................. 9
Пополнување на Пријава за регистрација за целите на ДДВ (образец ДДВ-01) ................. 10
Одобрување или одбивање на решение за регистрација за целите на ДДВ ...................... 13

2
Во овој напис ќе се осврнеме на регистрацијата на даночните обврзници
за целите на ДДВ. Оваа тема е секогаш актуелна бидејќи Законот за данокот
на додадена вредност не прави разлика меѓу правниот субјективитет на
даночните обврзници.

Така, сите даночни обврзници, правни или физички лица како и


здружувања на лица кои вршат стопанска дејност оданочива за целите на ДДВ
доброволно или задолжително можат да влезат во системот на ДДВ.

Регистрација за целите на ДДВ


Сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска
година надминал износ од 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се
предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го
надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за
регистрација за данокот на додадена вредност.

Статусот на регистриран даночен обврзник за целите на ДДВ се добива по


добиено решение од Управата за јавни приходи. Согласно Законот за данокот на
додадена вредност регистрацијата за ДДВ може да биде доброволна и по
поднесена Пријава за регистрација за целите на ДДВ (“образец ДДВ-01“) да биде
одобрена за даночниот обврзник, а со надминување на прагот за регистрација за
целите на ДДВ истата станува задолжителна и даночниот обвзрник законски е
обврзан да се регистрира за целите на ДДВ.

Доброволна регистрација за ДДВ

Даночниот обврзник може доброволно да се регистрира за целите на


ДДВ доколку отпочнува да врши стопанска дејност во текот на годината, но
заради висината на претпоставениот промет не е обврзан за задолжителна
регистрација за ДДВ, што значи дека претпоставува дека ќе оствари промет
помал од 2.000.000 денари на почетокот од вршењето на стопанската дејност
или пак во минатата година остварил промет помал од минималниот праг за

3
регистрација за целите на ДДВ а сака доброволно да влезе во системот на
ДДВ.

1.1.1. Доброволна регистрација со почеток на вршење на стопанска


дејност

Даночниот обврзник во рок од 15 дена од почеток на вршење на


дејноста може доброволоно да се регистрира за целите на ДДВ.

Како почеток на вршење на дејност се смета првото вршење на


активност на даночниот обврзник како прва извршена набавка на добра
(основни средства, трговска стока и друго), користена услуга (закуп,
истражување на пазар, консултантски, сметководствени услуги и друго) или
извршен промет на добра или услуга.

Во текот на постапката за регистрација по поднесена Пријава за регистрација


(образец „ДДВ-01“) од страна на даночниот обврзник, Управата за јавни приходи
може да побара дополнитени докази (прва влезна или излезна фактура, доказ
дека истата е платена или договор за закуп на деловен простор), а
дополнително даночниот обврзник може да биде посетен во работните
простории од страна на даночен службеник од Управата за јавни прходи со
цел да ја потврди реалната намера за вршење на стопанска дејност.

Доколку не бидат приложени наведените документи регистрацијата може да


биде одбиена од страна на Управата за јавни приходи.

1.1.2. Доброволна регистрација на почеток на календарска година

Даночниот обврзник на почеток на секоја календарска година може


доброволоно да се регистрира за целите на ДДВ и покрај тоа што во
предходната календарска година не го надминал прагот за регистрација за
целите на ДДВ, најдоцна до 15 јануари во тековната година.

Регистријата може да биде одобрена од страна на Управата за јавни


прииходи по поднесена Пријава за регистрација за целите на ДДВ (образец „ДДВ-
01“) од страна на обврзникот.

4
Задолжителна регистрација за ДДВ

Даночниот обврзник има обврска за задолжителна регистрација:

• доколку во претходната календарска година, во месец декември


надминал вкупен промет повисок од 2.000.000 денари;
• доколку во текот на годината оствариле вкупен промет повисок од
2.000.000 денари;
• доколку отпочнува да врши стопанска дејност и во текот на годината
предвидува дека ќе оствари вкупен промет повисок од 2.000.000
денари.

1.2.1. Задолжителна регистрација со остварен промет во предходна


календарска година

Даночниот обврзник има обврска за задолжителна регистрација за целите на


ДДВ доколку заклучно со месец Декември во предходната календарска година го
надмине прагот за регистрација за целите на ДДВ од 2.000.000 денари.
Регистријата ќе биде одобрена од страна на Управата за јавни прииходи по
поднесена Пријава за регистрација за целите на ДДВ (образец „ДДВ-01“) од страна
на обврзникот.

Во текот на постапката за регистрација по поднесена Пријава за


регистрација од страна на даночниот обврзник, Управата за јавни приходи
може да побара дополнитени документи и тоа:

• бруто биланс за месецот во кој е надминат прагот за


регистрација за целите на ДДВ,
• бруто билнас за период од почеток на календарска година до
месецот во кој е наминат прагот,
• бруто биланс за три предходни календарски години,
• аналитичка картичка за сметки од група 74,
• периодичен финансики извештај од фискален апарат (доколку
даночниот обврзник користи фискални каси) и сл.

5
1.2.2. Задолжителна регистрација со остварен промет во текот на
годината

Даночниот обврзник има обврска за задолжителна регистрација за целите на


ДДВ доколку во текот на предходната календарска година го надмине прагот за
регистрација за целите на ДДВ, односно доколку во текот на годината даночниот
обврзник го надмине износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари.
Во овој случај регистрацијата се врши по истекот на месецот кога е остварен
прометот.

Регистријата ќе биде одобрена од страна на Управата за јавни прииходи по


поднесена Пријава за регистрација за целите на ДДВ од страна на обврзникот.

Во текот на постапката за регистрација по поднесена Пријава за


регистрација (образец ДДВ-01) од страна на даночниот обврзник, Управата за
јавни приходи може да побара дополнитени документи (најчесто истите кои
ги споменавме кај задолжителната регистрација со остварен промет во
претходната година).

Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет


од 2.000.000 денари, даночниот обврзник ја поднесува пријавата најдоцна до
15 во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.

1.2.3. Задолжителна регистрација со почеток на вршење на стопанска


дејност: предвиден вкупен промет над прагот за регистрација

Даночниот обврзник има обврска за задолжителна регистрација за


целите на ДДВ доколку отпочнува да врши стопанска дејност и претпоставува
дека до крајот на календарската година ќе го надмине прагот за регистрација
за целите на ДДВ. Регистријата ќе биде одобрена од страна на Управата за јавни
прииходи по поднесена Пријава за регистрација за целите на ДДВ од страна на
обврзникот.

Во текот на постапката за регистрација по поднесена Пријава за регистрација


од страна на даночниот обврзник, Управата за јавни приходи може да побара
дополнитени документи и тоа:

6
• прва влезна или излезна фактура,
• доказ дека истата е платена,
• договор за закуп на деловен простор,
• договор за сметководствени услуги (ако има надворешен снабдувач),
• склучен договор за продажба на добра или вршење на услуги од кој
може да се утврди дека даночниот обврзник ќе го надмине прагот за
регистрација за целите на ДДВ.

Доколку не бидат приложени наведените документи регистрацијата може да


биде одбиена од страна на Управата за јавни приходи.

Праг за регистрација и вкупен промет за регистрација за


целите на ДДВ

Задолжителниот праг за регистрација за ДДВ е остварен вкупен промет


во изминатата календарска година над 2.000.000 денари.

Вкупен промет за цели на регистрацијата за ДДВ претставува збир на


оданочивиот промет, остварен во изминатата календарска година, вклучувајќи го и
данокот на додадена вредност кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од
данок без право на одбивка на претходниот данок.

Во вкупен промет влегува:

• прометот на добра и услуги оданочив според ЗДДВ (вклучувајќи


го и ДДВ);
• сите промети ослободени од данок според ЗДДВ со право на
одбивка на претходниот данок.

Во вкупен промет не влегува:

• прометот на добра и услуги кој не подлежи на оданочување со


ДДВ (например доколку место на промет не е во земјата согласно
член 14 од ЗДДВ);

7
• прометот ослободен од данок без право на одбивка на
претходниот данок (член 23 од ЗДДВ).

Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од


календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на
вкупен промет за целата календарска година (член 51, став 2 од ЗДДВ).

Примери

Пример: Даночен обврзник издава под закуп станбен и деловен простор


и до 31.12.2020 година остварил вкупен промет од 2.200.000 денари (300.000
денари од издавње на станбен простор за станбени цели, 1.900.000 денари од
издавање на деловен простор. Дали даночниот обврзник има обврска да се
регистрира за целите на ДДВ до 15.1.2021 година?

Од причина што дел од остварениот промет (издавање под закуп на


станбен простор за станбени цели во износ од 300.000 денари) е ослободен
од ДДВ без право на одбивка на претходен данок, а овој вид на промет не
влегува во вкупно остварениот промет даночниот обврзник нема да има
обврска да се регистрира за целите на ДДВ.

Пример 2: Даночен обврзник врши стопанска дејност – трговија на мало


со прехранбени артикли, почнувајќи од месец Јули 2020 година. Заклучно со
31.12.2020 година има остварено вкупен промет во износ од 1.200.000 денари.
Дали даночниот обврзник има обврска да се регистрира за целите на ДДВ до
15.01.2021 година?

1 Бруто приход за 6 месеци 1.200.000 денари


2 Број на месеци 6
3 Месечен промет (ред.бброј 1 / ред.бброј 2) 200.000
4 Проектиран вкупен годишен промет (ред. број 3 2.400.000 денари
* 12)

Според податоците внесени во примерот даночниот обврзник има


обврска да се регистрира за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за
регистрација (образец „ДДВ-01“) најдоцна до 15.01.2021 година.

8
Рокови за поднесување на Пријава за регистрација за
целите на ДДВ (ДДВ-01)

Пријавата за регистрација за ДДВ се поднесува до:

• 15-ти јануари во тековната година за даночните обврзници кои во


предходната календарска година оствариле вкупен оданочив промет
над 2.000.000 денари и за даночните обврзници кои доброволно се
регистрираат за целите на ДДВ на почетокот на годината;
• 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот
за даночните обврзници кои во текот на календарската година го
надминат износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари;
• во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста за
даночните обврзници кои започнуваат со вршење на дејност во текот
на календарската година.

За извршената регистрација за целите на ДДВ, УЈП во рок од 15 дена од


денот на поднесување на Пријавата за регистрација донесува решение за
регистрација за данокот на додадена вредност во кое го назначува датумот на
почеток на регистрацијата за ДДВ, првиот даночен период, како и даночниот период
на поднесување на ДДВ пријавите.

Даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ остануваат


регистрирани најмалку три години, независно од висината на вкупниот промет.
Доколку вкупниот промет во третата календарска година не го надминува износот
2.000.000 денари, даночниот обврзник може по истекот на рокот да поднесе пријава
за отповикување на регистрацијата за данок на додадена вредност до надлежниот
даночен орган, кој му издава решение за бришење од регистарот на обврзници за
данокот на додадена вредност.

Пријавата за регистрација може да се поднесе електронски преку системот


е-даноци http://etax.ujp.gov.mk или во хартиена форма во надлежната Регионална
дирекција.

9
Пополнување на Пријава за регистрација за целите на ДДВ
(образец ДДВ-01)

Начинот на пополнување на ДДВ-пријавата е опишан во Упатството коe e


составен дел од Пријавата за регистрација за целите на ДДВ (образец ДДВ-01).

При пополнување на пријавата задолжително со “X“ се означува


правниот основ за доставување на истата односно обележете дали се работи
за доброволна регистрација, задолжитена регистрација или за промена на
податоци и тоа конкретно:

1) Доброволна регистрација - Даночните обврзници кои не ги исполнуваат


условите за задолжителна регистрација, односно даночни обврзници кои
започнуваат со вршење на стопанска дејност, но предвидуваат дека
вкупниот промет во тековната година нема да го надмине износот од
2.000.000 денари.
2) Задолжителна регистрација - Даночните обврзници кои започнуваат да
вршат стопанска дејност и кои предвидуваат дека ќе остварат вкупен
промет во тековната година над 2.000.000 денари. Даночните обврзници
кои во текот на календарската година, ќе остварат вкупен промет над
2.000.000 денари.
3) Промена на податоци - Даночните обврзници кои имаат промена на
претходно наведените податоците во Пријавата за регистрација за
данокот на додадена вредност задолжително треба да пријават промена
на податоците.

Исто така задолжително се внесуваат следните податоци:

▪ податоците за подносителот:
• Единствен даночен број (ЕДБ) / Единствен матичен број
на граѓанинот (ЕМБГ) - Даночните обврзници-физички
лица кои вршат регистрирана дејност (како занаетчии,
трговци поединци и сл.) и правните лица го впишуваат
Единствениот даночен број добиен од УЈП при нивната
регистрација. Даночните обврзници - физички лица кои не

10
вршат регистрирана дејност, го впишуваат Единствен
матичен број на граѓанинот од личната карта.
• Назив / Име и презиме - Даночните обврзници - физички
лица кои вршат регистрирана дејност и правните лица го
наведуваат називот (фирмата) што вообичаено го
користат во секојдневното работење. Даночните
обврзници - физички лица кои не вршат регистрирана
дејност, го наведуваат своето име и презиме.
• Седиште / Адреса - Се наведува полната адреса (улица,
број, населено место, општина) на вистинско седиште
(локацијата на која претежно се врши дејноста и која не
мора да е иста со адресата на седиштето пријавена во
Централниот регистар на РСМ). Даночните обврзници -
физички лица кои не вршат регистрирана дејност, ја
наведуваат адресата на живеалиштето.
• Телефон.
• е-Пошта.
▪ податоци за вршење на дејност
• Претежна дејност (шифра и опис) - Даночните обврзници
- физички лица кои вршат регистрирана дејност и
правните лица ги наведуваат шифрата и описот на
претежната дејност што ја вршат. Даночните обврзници -
физички лица кои не вршат регистрирана дејност, го
наведуваат описот на стопанската дејност што ја вршат и
заради која се регистрираат за данокот на додадена
вредност.
• Правна форма - Даночните обврзници - физички лица кои
вршат регистрирана дејност и правните лица ја
впишуваат организационата форма (овој податок обично
се содржи во полниот назив на даночниот обврзник).
Даночните обврзници - физички лица кои не вршат
регистрирана дејност, впишуваат “физичко лице”.

11
• Датум на почеток на вршење на дејност - Даночните
обврзници кои започнале да вршат стопанска дејност во
текот на годината, како датум на почеток го впишуваат
датумот кога започнале да ја вршат дејноста. Под
започнување на вршење на дејноста се подразбира
првото вршење на активност на даночниот обврзник како
прва извршена набавка на добра (основни средства,
трговска стока и друго) користена услуга (закуп,
истражување на пазар и друго) и извршен промет на
добра или услуга. Даночните обврзници кои во текот на
календарската година го надминале износот на остварен
вкупен промет од 2.000.000, како датум на почеток на
вршење на дејност го впишуваат првиот ден од месецот
кој следи по месецот во кој го оствариле прометот.
• Вкупен промет - Означете со “Х” за каков вид на промет
станува збор и наведете го износот на вкупниот промет.
Вкупен промет претставува збир на оданочивиот промет,
вклучувајќи го и данокот на додадена вредност кој отпаѓа
на него, освен прометот ослободен од данок без право на
одбивка на претходниот данок, остварен во текот на
календарската година. Ако даночниот обврзник се
регистрира при отпочнување со вршење на стопанска
дејност во текот на календарската година, вкупниот
промет се определува врз основа на проценетиот промет
до крајот на календарската година. Ако даночниот
обврзник ја врши својата дејност само во еден дел од
календарската година, фактичкиот вкупен промет се
пресметува на ниво на вкупен промет за целата
календарска година.

12
Одобрување или одбивање на решение за регистрација за
целите на ДДВ

Согласно членот 51-а од Законот за данокот на додадена вредност Управата


ја јавни приходи носи решение за регистрација за целите на ДДВ во рок од 15
дена од денот на поднесување на Пријавата за регистрација за целите на ДДВ.

Управата за јавни приходи со решение за одбивање на регистрација може


да ја одбие Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност поднесена
од даночниот обврзник кој започнува да врши дејност и даночниот обврзник кој
доброволно се пријавил за регистрација во следните случи:

• доколку даночниот обврзник не може да го најде на пријавената


адреса и на адреса за вршење на деловни активности;
• доколку даночниот обврзник не може да ја докаже реалната намера
да врши дејност;
• доколку кај даночниот обврзник предходно е идетификувано даночно
затајување.

Подготвил:

М-р Благоја Грозданов

Скопје, ноември 2020

13

You might also like