You are on page 1of 17

04/10/2016

ОПТИЧКИ  МЕТОДИ  НА  АНАЛИЗА

Оддел IV. Спектрохемиски анализи
Поглавје 21. Спектроскопски методи на анализа
Ског, Вест, Холер, Крауч, Аналитичка хемија

Поглавје 10. Спектроскопски методи на 
анализа
Харви, Модерна аналитичка хемија

Предавање 3, Инструментални аналитички методи (А), M. Стефова, 2016
http://hemija.pmf.ukim.edu.mk/predmeti/view/212

ОПТИЧКИ  МЕТОДИ  НА  АНАЛИЗА
ЗАСНОВАНИ НА ЗАЕМОДЕЈСТВО НА СИСТЕМИТЕ СО
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО/КОРПУСКУЛАРНО ЗРАЧЕЊЕ
Поделба 1 – според заемодејството материја‐зрачење
ЕЛАСТИЧНО ЗАЕМОДЕЈСТВО – нема промена на вкупната Е(фотони):
р у ф
• микроскопска анализа (оптичка, електронска, јонска)
• дифрактометриски методи (дифракција на рендгенски зраци, на 
електрони, на неутрони, на јони)
• рефрактометриски методи (рефрактометрија, полариметрија)

ИНЕЛАСТИЧНО ЗАЕМОДЕЈСТВО – има промена на вкупната Е:
• методи базирани на молекулска спектроскопија (микробранова, 
инфрацрвена раманска ултравиолетова и видлива спектроскопија
инфрацрвена, раманска, ултравиолетова и видлива спектроскопија, 
фотометрија, флуоресцентна спектроскопија, нефелометрија и 
турбидиметрија, електрон‐парамагнетна резонанца, нуклеарно‐
магнетна резонанца)
• методи базирани на атомска спектроскопија (рендгенска емиси‐
она и флуоресцентна спектроскопија, атомска емисиона и апсорпци‐
она спектроскопија, атомска флуоресцентна спектроскопија…)

1
04/10/2016

ОПТИЧКИ  МЕТОДИ  НА  АНАЛИЗА
ЗАСНОВАНИ НА ЗАЕМОДЕЈСТВО НА СИСТЕМИТЕ СО
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО/КОРПУСКУЛАРНО ЗРАЧЕЊЕ
Поделба 2 – според областа од електромагнетниот 
спектар која се користи при мерењето
• γ‐ спектроскопија
• рендгенска спектроскопија (емисиона и флуоресцентна)
• ултравиолетова и видлива (UV‐Vis) спектроскопија 
• методи базирани на молекулска спектроскопија
• инфрацрвена спектроскопија
• микробранова спектроскопија
• радиофреквентна спектроскопија (на која се заснова нуклеарно 
магнетна резонантна спектроскопија)
магнетна резонантна спектроскопија)
Поделба 3 – според појавата што се случува при 
заемодејството материја‐зрачење
• апсорпција • дифракција
• емисија • рефракција
• флуоресценција • резонанца

ОПТИЧКИ  МЕТОДИ  НА  АНАЛИЗА
СПЕКТРОСКОПИЈА е историски дел од науката: 
светлината се разложува на одделни бранови со 
определени бранови должини и во интеракција со 
материјата т.е. примерок за анализа ⇒ спектар
(графички приказ на зависноста на моќноста на 
зрачењето од бранова должина/фреквенција)
Спектроскопијата денес ‐ најмоќна алатка за квалитативна 
и квантитативна анализа!
на почетокот: светлина = видливо зрачење
денес поимот спектроскопија вклучува и техники за кои се 
користат и други видови на електромагнетни бранови 
(UV, IR, Рендгенски, микробранови, радиобранови)

2
04/10/2016

СВЕТЛИНА: ЧЕСТИЧКА, БРАН ИЛИ ДВЕТЕ?
Електромагнетното зрачење е вид на енергија која патува
низ средината со енормна брзина. 
Електромагнетниот бран се состои од две меѓусебно нор‐
мални компоненти на електричното и магнетното поле.

СВЕТЛИНА: ЧЕСТИЧКА, БРАН ИЛИ ДВЕТЕ?

Својства на бран (за објаснување на појавите: рефлексија, 


рефракција, интерференција, дифракција):

•амплитуда
•фреквенција, ν/Hz
•периода, p/s
•бранова должина, λ/m
•бранов број (1/λ), ν со црта/cm‐1
•брзина, V или c/m∙s‐1

3
04/10/2016

СВЕТЛИНА: ЧЕСТИЧКА, БРАН ИЛИ ДВЕТЕ?
c = ν∙λ (во вакуум) V = ν∙λ (во др. средина)
c = 2,99792∙108 m/s c ‐ зависи од средината!
Во воздух само 0,03% помала брзина!
А во материјална средина? V = c/n (n=индекс на прекршување)

V = ν∙λ
V се намалува, ν = const   ⇒ λ се намалува

СВЕТЛИНА: ЧЕСТИЧКА, БРАН ИЛИ ДВЕТЕ?
Моќност на зрачење P/W = енергија на зракот кој се 
простира на одредена површина за единица време

Интензитет = моќ на зрачење по единица просторен 
агол (стерадијани, sr)

ДВАТА ‐ пропорционални со квадратот на амплитудата 
на електричното поле

Не е баш точно, но често се заменуваат еден со друг!
б !
Подоцна ќе се навратиме на моќност на зрачење P!

4
04/10/2016

СВЕТЛИНА: ЧЕСТИЧКА, БРАН ИЛИ ДВЕТЕ?
Некои интеракции материја‐зрачење не може да се 
објаснат со брановата природа на светлината!

З
Затоа – светлината се состои од фотони или кванти со 
ф
енергија: 

h = Планкова константа = 6,626∙10‐34 Ј∙s

Моќноста на зрачењето на снопот зраци зависи 
правопропорционално од бројот на фотони во секунда!

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?

Најзначајните интеракции за спектроскопските техники 
= премини  помеѓу различни енергетски нивоа! 

Други интеракции (рефлексија, рефракција, еластично 
расејување, интерференција, дифракција...) = повеќе 
поврзани со својствата на материјата отколку со 
енергетските нивоа на одделните атоми и молекули

Наш интерес:
Наш интерес: ИНТЕРАКЦИИ ШТО ВКЛУЧУВААТ ПРЕМИНИ 
ИНТЕРАКЦИИ ШТО ВКЛУЧУВААТ ПРЕМИНИ
ПОМЕЃУ ЕНЕРГЕТСКИ НИВОА!

5
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Електромагнетен спектар

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Електромагнетен спектар

6
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Електромагнетен спектар

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Што мери спектроскопистот?
Како од интеракциите на зрачењето со материјата да се добијат 
информации за примерокот?
спектроскопија – малку историја
•спектроскопија малку историја
•Исак Њутн (1672) – призма – спектар на сончевата светлина
•Воластон (1802) – опис на темните линии во спектарот на сонцето
•Фраунхофер (1817) – ги опишал и означил со букви главните линии
•Кирхоф и Бунзен (1859‐60) – го објасниле потеклото на линиите
•Бунзенов бренер со спектроскоп
⇒ набљудување на емисија и апсорпција 
во пламен
• D‐линиите се од Na 
• A и B линиите се од K; Li има малку
⇒ различни елементи = различни линии!
⇒ примена за хемиски анализи!!! 
⇒ откривање на нови елементи!!!
⇒ Cs, Rb (1860); Tl (1861); In (1864)…
⇒ СПЕКТРОСКОПСКИ АНАЛИЗИ

7
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Што мери спектроскопистот?

Како од интеракциите на зрачењето со материјата да се добијат 
информации за примерокот?
• на примерокот се доведува енергија во вид на топлина, електрична 
енергија, светлина...
• од основната состојба, со доведување на енергија, примерокот 
преминува во високо‐енергетска или ексцитирана состојба
• информација за аналитот се добива со мерење на емитираното
зрачење при враќање во основната состојба или со мерење на 
апсорбираното
б зрачење при ексцитацијата
ј

Секоја супстанца (молекули, атоми, јони, радикали) поседува 
единствен карактеристичен сет од енергетски нивоа и премините 
помеѓу тие нивоа со апсорпција/емисија на точно определени енергии 
се специфични за секоја супстанца
⇔ можност за нивна карактеризација – анализа!!!

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Што мери спектроскопистот?
Емисиона спектроскопија
Хемилуминисцентна спектроскопија Апсорпциона спектроскопија

Фотолуминисцентна спектроскопија
(флуоресценција и фосфоресценција)

8
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина

Секој молекулски вид може да ги апсорбира своите карактеристични 
фреквенции од определено подрачје на електромагнетно зрачење
⇒ интензитетот на електромагнетното зрачење се намалува токму во 
тие подрачја специфични за дадениот молекулски вид 
⇒ карактеристичен апсорпционен спектар = идентификација!
Закон за апсорпција = Беров закон = Beer‐Lambert‐ов закон
‐квантитативно го опишува намалувањето на интензитетот на 
електромагнетното зрачење во зависност од концентрацијата на 
аналитот и дебелината на слојот од примерокот
T ‐ трансмитанца ‐ дел од упадното зрачење што поминало низ р‐рот, %
%
A‐ апсорбанца – логаритамски поврзана со трансмитанцата, А=‐logT

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Мерење на трансмитанца и апсорбанца
Трансмитанцата и апсорбанцата – НЕ МОЖЕ ДИРЕКТНО ДА СЕ МЕРАТ!
P0 – проблематично!
• 8,5% од снопот на жолта 
светлина се губи поради 
рефлексија кога минува низ 
стаклена  ќелија,
• Расејување од поголеми 
молекули или честички во р‐рот, 
прашина
р д д д
• Гребнатини на ѕидовите од садот
• ...

Решение = „слепа проба“ = чист растворувач или р‐р што ги 
содржи сите компоненти како и пробата, но не и аналит!
P0 ‐ моќност на снопот што минува низ слепа проба
P ‐ моќност на снопот што минува низ пробата

9
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Беров закон
Апсорбанцата линеарно зависи од концентрацијата на апсорбирачките 
видови, дебелината на слојот и константа на пропорционалност.
б ј

• А – апсорбанца – бездимензионална величина, нема единици
• а – апсорпционен коефициент – единици што ги поништуваат единиците на 
b  и c, па така ако c е масена концентрација (g∙L‐1), а b има единици cm, тогаш 
има единици L g‐11∙cm
а има единици L∙g cm‐11. Ако c е количинска концентрација (mol L‐11), а b
Ако c е количинска концентрација (mol∙L ) а b има 
има
единици cm, тогаш а се нарекува моларен апсорпционен коефициент се 
означува со ε и има единици L∙mol‐1∙cm‐1 и Беровиот закон го добива 
повообичаениот облик:

A = εbc

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Терминологија

10
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Примена на Беровиот закон

T = P/P0
A = –logT
A = εbc
• измерена апсорбанца ⇒ се пресметува 
концентрација ако се познати апсорпцио‐
ниот коефициент и дебелината на слојот 
• апсорпциониот коефициент зависи од 
различни променливи: природата на 
аналитот, брановата должина, растворувачот, 
температурата и се определува 
експериментално при истите услови (стд. р‐р)
• почесто се подготвува серија од стандардни 
раствори на аналитот и се подготвува 
калибрациона крива на зависност на A од c Види Пример 21‐1 и 21‐2

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Примена на Беровиот закон

T = P/P0
A = –logT
A = εbc

11
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Примена на Беровиот закон

T = P/P0
A = –logT
A = εbc
• Беровиот закон важи и за раствори кои содржат повеќе од една 
апсорбирачка супстанца! Под услов да нема интеракции помеѓу присутните 
компоненти, вкупната апсорбанца на повеќекомпонентниот систем е збир од 
поединечните апсорбанци

Авкупно = А1 + А2 + … + Аn = ε1bc1 + ε2bc2 + … + εnbcn


• индексите 1, 2, ... n одговараат на апсорбирачките компоненти

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Ограничувања на Беровиот закон
Вистински ограничувања
• Беровиот закон важи само за разредени раствори (c < 0,01 М)
• При поголеми концентрации или присуство на поголеми 
концентрации од други супстанци (јони) ⇒ интеракции помеѓу 
честичките кои влијаат на апсорпционите карактеристики
⇒ отстапувања од линеарноста 
Хемиски отстапувања
• При можност за асоцијација, 
дисоцијација или реакција со р‐рувачот
дисоцијација или реакција со р рувачот 
⇒ продукти со различни апсорпциони 
својства од аналитот 
• Типични примери: рамнотежи мономер‐
димер, киселина‐база, комплекси на 
метали...
• Пример 21‐3:  cвк = [Hin] + [In‐]

12
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Ограничувања на Беровиот закон
[In–] ‐ базна [Hin] ‐ кисела [Hin]+[In–]
непуфериран р‐р

• При можност за асоцијација, 
дисоцијација или реакција со р‐рувачот
дисоцијација или реакција со р рувачот 
⇒ продукти со различни апсорпциони 
својства од аналитот 
• Типични примери: рамнотежи мономер‐
димер, киселина‐база, комплекси на 
метали...
• Пример 21‐3:  cвк = [Hin] + [In‐]

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Ограничувања на Беровиот закон
Инструментални отстапувања
• Ограничена применливост заради нужноста од
• монохроматско зрачење (од полихроматски извор на зрачење се 
изолира потребното подрачје, бранова должина)

• компензација од случајно зрачење 
(случајна светлина) ‐ резултат на
расејување или рефлексија од површини 
на решетки, леќи, огледала, филтри. 
При тоа

13
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Апсорпциони спектри

Апсорпционен спектар = дијаграм 
на зависност на апсорбанцата од 
брановата должина (бранов број 
или фреквенција).
• модерни скенирачки инструменти –
апсорпциони спектри 
• стари инструменти –
стари инструменти %Т 

Апсорпциони спектри на KMnO4 (броевите 
се концентрации во ppm при b = 2 cm)

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Апсорпциони спектри

Како гледаме бои?

14
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Молекулски апсорпциони премини
Енергетските промени кај молекулите може да бидат од три 
вида зависно од енергијата на зрачењето:
• Електронски премини како резултат на електронска 
апсорпција при апсорпција на УВ, видливо зрачење – што 
предизвикува премин на електрон/и од ниско‐енергетска во 
повисоко‐енергетска орбитала 
• Вибрациони и ротациони премини
карактеристични за молекулите 
поради постоење на хемиски врски 
во нив. Вибрационата енергија на 
молекулата е квантизирана и може 
да има определени нивоа помеѓу кои 
се можни премини со апсорпција на 
енергија од подрачјето на ИЦ и 
микробранови.

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Молекулски апсорпциони премини
Енергетските промени кај молекулите може да бидат од три вида 
зависно од енергијата на зрачењето:
• Електронски премини 
• Вибрациони премини
• Ротациони премини
Вкупната енергија на молекулата може да се претстави на следниот начин:
E = Eелектронска + Eвибрациона + Eротациона + Eтранслациона
Eелектронска ‐ енергија во врска со електроните во надворешните орбитали на молекулата, 
Eвибрациона ‐ енергија на целата молекула што се должи на меѓуатомските вибрации, 
е ер ја а цела а оле ула о се дол а е уа о с е брац ,
Eротациона ‐ се однесува на енергијата поврзана со ротацијата на молекулата околу 
нејзиниот центар на гравитација,
Eтранслациона ‐ ја претставува транслационата енергија на молекулата. 

Односот на големините на енергетските разлики помеѓу соодветните енергетски нивоа


е следниот: ΔEелектронска ≈ 10 ΔEвибрациона
≈ 100 ΔEротациона
>> ΔEтранслациона

15
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Дијаграм за енергетските нивои во молекулите
• Електронски нивоа: E0, E1, E2
• Вибрациони нивоа: 0, 1, 2, 3, 4
• Ротациони премини во рамките на едно 
вибрационо ниво (не се прикажани)
ΔEелектронска ≈ 10 ΔEвибрациона
≈ 100 ΔEротациона
>> ΔEтранслациона
Инфрацрвена апсорпција доволна само за 
вибрациони и ротациони премини со λ
вибрациони и ротациони премини со λ
точно од λ1 до λ4
УВ и видлива апсорпција ‐ електронски  
премини со λ точно λ’1 до λ’5 за премин во E1
и λ’’1 до λ’’5 за премин во E2
⇒ленти составени од блиску 
поставени линии т.е.
молекулските спектри се лентести!

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Дијаграм за енергетските нивои во молекулите

• Електронски премини
• Вибрациони премини
В б
• Ротациони премини (ако се 
можни)

UV‐Vis апсорпционен спектар на 1,2,4,5‐тетразин

16
04/10/2016

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Енергетски нивои во атомите
• Електронски нивоа: E0, E1, E2
• Вибрациони нивоа: 0, 1, 2, 3, 4 –
Вибрациони нивоа: 0 1 2 3 4 ПОСТОЈАТ ЛИ КАЈ АТОМИТЕ?
ПОСТОЈАТ ЛИ КАЈ АТОМИТЕ?
• Ротациони премини ‐ ???

Инфрацрвена апсорпција доволна само за вибрациони и ротациони 
премини со точно определени λ
УВ и видива апсорпција ‐ електронски  премини со точно 
определени λ

Видовме, молекулските спектри се лентести!
А какви се атомските спектри? Зошто?

Харви, стр. 383, прочитај и разјасни зошто 
молекулските и атомските спектри се различни???

КАКО ЗАЕМОДЕЈСТВУВААТ ЗРАЧЕЊЕТО И МАТЕРИЈАТА?
Апсорпција на светлина
Енергетски нивои во атомите

Енергетски дијаграм на последните  Атомски апсорпционен 
електронски слоеви на Na спектар на Na
ЛИНИСКИ!

17

You might also like