You are on page 1of 1

РЕЦЕПТ ЗА ЗАЈАК

Најнапред зајакот се мие со млака вода внимателно се одстрануваат


влакната од бутовите бидејќи таму најчесто при дерењето се задржуваат. Се
тргаат изнутриците на страна од нив се прави чорба на крајот ќе биде напишан
рецептот за чорбата. Потоа се шпикуваат бутовите плешките и белото месо со
дел од чешниња лук тоа по вкус, се соли со мешавина од вегета и црвена сол од
пипер и сув магдонос со толчен рузмарин или мајчина душица и тоа по вкус се
расчеречува зајакот и се поставува да лежи со грбот нагоре врз него се редат
резенки кромид странично се налева вода од претходно сварените изнутрици и
бело вино сооднос 50 – 50. Потоа се покрива со фолија и се пече на 180 степени
по првиот половина час се отстранува фолијата и се прелева со течноста се
дополнува вино и од течноста од изнутриците и продолжува да се пече со
повторно затворање на фолијата.Така уште половина час, па се отстранува
фолијата и продолжува печењето додека зајакот не зарумени и фати златно
црвенкаста коричка одозгора, претходно може да се тргнат резенките кромид за
да тој процес се забрза не повеќе од 30 до 40 мин. Вкупното време на
приготвување е од 90 до 100 минути. Потоа се трга зајакот и е спремен за
гастрономско уживање.

Сега рецептот за чорбата со дронци и изнутрици

Откако ќе се измијат изнутриците се сецкаат ситно не поголеми од големина на


нокт на малиот прст, се варат со вегета. Откако ќе се сварат тоа не трае повеќе
од 20 мин до половина час бидејќи се ситно исецкани се прецедуваат. Дел од
течноста ќе се користи за печењето на зајакот а останатиот дел за чорбата.
Продолжува варењето овој пат се става рендан морков, пашканат, магдонос и
целер ситно исецкани, додека тие не се сварат а водата почне да врие настрана
се спрема мешавина од сооднос на едно јајце и една супена лажица брашно кои
се матат додека не се изедначат при матењето се става вегета по вкус. За тоа
дали смесата ќе биде со едно две или три јајца со еднаков соодно на брашно
зависи од тоа колкава количина на чорба сакате да приготвите. Кога водата ќе
врие се зема вилушка и се спушта смесата претходно приготвена во водата која
врие и се меша со дрвена лажица за да не лепи сместа на лажицата така додека
не се потроши смесата приготвена за многу кратко време ќе ја забележите
промената. По ставањето на смесата се исклучува ринглата и се остава некои
max 5 минути да се изедначи чорбата. Севкупно подготвувањето не трае повеќе
од 40 минути чорбата ја приготвувате додека се пече зајакот. Мене ми останува
да Ви посакам пријатен ручек.

You might also like