You are on page 1of 7

 Штo е менаџмент?

 МЕНАЏМЕНТ е универзален процес на ефективно и ефикасно


извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на
ресурсите во остварување на однапред дефинирани цели.
 Објасни го терминот ефикасно извршување на работата.
 Ефикасност е мерка за тоа колку добро или колку продуктивно се
користени ресурсите за остварување на целта. Организацијата е
ефикасна кога менаџерот успева со користење на најмалку ресурси да
добие резултат.
 Објасни го терминот ефективно извршување на работата.
 Ефективност односно успешност може да се дефинира како
способност да се детерминираат и постигнуваат целите односно
претставува израз на задоволување на потребите на потрошувачите
со создадените производи и услуги. Таа е мерка за тоа колку фирмата
ги прави вистинските работи (doing the right things).
 Кoи ресурси ги знаеш? Напиши ги карактеристиките на секoј oд
ресурсите oд аспект на мерка вo кoја се мерат? Дали се oграничени и
кoј не oграничени?
 Ресурсите се влезови во процесот на производството во
претпријатието и може да се поделат на: човечки, материјални,
финансиски и информациони ресурси.Материјалните ресурси ги
сочинуваат средствата и предметите за работа ( машини, опрема,
инсталации, суровини, материјали, енергија и др.) кои се неопходни за
нормално одвивање на процесот на работа.Финансиските ресурси ги
опфаќаат паричните средства и сите хартии од вредност со кои
претпријатието располага во своето портфолио. Информациите
претставуваат значаен ресурс без кои не може да се одлучува
ефективно во поглед на користење на сите други расположливи
ресурси во претпријатието. РЕСУРСИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ!!!
 Од кој латински збор потекнува терминот „менаџмент“?
 Manus (рака)
 Што значи во превод италијанскиот збор maneggieare?
 ракување со алатки
7. Кои се аспектите кои ги регулира Фредирик Тејлор во неговото научно
дело The Principles of Scientific Management од 1911?
 Внимателно специфицирање и мерење на сите организациски
задачи.
 Задачите се стандардизирале колку што е можно повеќе.
 Биле воведени награди и казни.
 Одлично функционирал во линиското производство и кај сите
механизирани и рутински активности.
 Што е визија?
 Визијата е идеална слика од иднината која ја отсликува идеалната
промена која сакаме да ја постигнеме.
 На кои нивоа можеме да креираме визија?
 Можеме да креираме на повеќе различни нивоа: лична, на ниво на
организациски сегмент, цела организација, држава...
 Што е мисија?
 Мисија се акциите кои треба да ги преземеме за да ја оствариме
нашата визија.
 Кои се четирите односи на човекот и визијата?
1. Некои луѓе никогаш не ја гледаат (тие се скитници).
2. Некои луѓе ја гледаат но никогаш не одат сами во нејзино
остварување (тие се следбеници)
3. Некои луѓе ја гледаат и чекорат кон нејзино остварување (тие се
успешни луѓе)
4. Некои луѓе ја гледаат, чекорат кон нејзино остварување, но им
помагаат и на другите да ја видат и да тргнат кон нејзино
остварување (тие се успешни менаџери и лидери)
 Кои се карактеристиките на целите?
 Целите се јасни, мерливи, временски ограничени и остварливи
состојби, резултати или ситуации. Целите се сущтината,
пришината и наспката. Тие се идна состојба, ситуација или
резултат кон кои е насочена одредена планска активност.
 Кои се карактеристиките на желбите?
 Желбите се општи, нејасно дефинирани, неодредени,
неконкретни, емотивни посакувања за некоја промена.
 Што е разликата помеѓу целите и желбите?
 Целите се јасни, мерливи, временски ограничени и остварливи
состојби, резултати или ситуации. Желбите се општи, нејасно
дефинирани, неодредени, неконкретни, емотивни посакувања за
некоја промена.
 Ќе добиете пример за желба,треба да ја претворите во цел.
 Пр. за желба: сакам да изгледам убаво.
 Пр. за цел: имам цел до 15ти овој месец да ослабам 2 kg.
16.Ќе добиете пример за цел,треба да ја претворите во желба.
17.Кoја е дефиницијата за целите?
Целите се идна состојба, ситуација или резултат кон кои е насочена
одредена планска активност.
18.Според рокот како се делат целите?
 Долгорочни (3-5 години)
 Среднорочни (1-3 години)
 Краткорочни (1-6 месеци)
19.Како оди постапката од визија до дневна цел?
 ( Визија ) 1. Што сакаме да промениме? → 2. Каде сме сега? → 3.
Каде сакаме да стигнеме за 5 години? (долгорочни цели ) →4. Каде
сакаме да стигнеме за 1 година? (среднорочни цели) → 5. Каде
сакаме да стигнеме за 1 месец? (краткорочни цели) →6. Што треба да
постигнеме денес за ја оствариме целта за овој месец ? (дневни
цели)
20.Што значи кратенката СМАРТ цел?
 Specific -КОНКРЕТНИ
 Measured -МЕРЛИВИ
 Attainable–ОСТВАРЛИВО
 Relevant –РЕЛЕВАНТНО
 TIME FRAMED -ВРЕМЕНСКИ ОГРАНИЧЕНИ
21.Ќе дoбиете цел кojа треба дa oбјасните зoштo е или не е СМАРТ?
22.Штo е одлучување?
 Мисловен процес преку кој завземаме став за одредено прашање,
ситуација или активност.
23.Што е одлука?
Завземен став за одредено прашање, ситуација или активност.
24.На база на што се носат одлуките?
 На база на информациите кои ги добиваме.
 На база на претходни искуства.
 На база на знаењето со кое располагаме.
 На база на интелигенцијата со која располагаме.
 На база на сугестиите од другите луѓе.
 На база на емоционалната состојба во која се наоѓаме.
 На база на времето со кое располагаме.
25.Кои се најважните аспекти за правилно донесување на одлуки?
•Да собереме доволно информации.
•Да направиме добра проценка на ресурсите.
•Да бидеме трпеливи.
•Да влеземе подлабоко во проблемот. (клучно е прашањето зошто?)
•Да имаме способност за предвидување (причинско последична врска).
•Да бидеме отворени за сугестии, но да имаме и свој став.
•Да бидеме отворени за наоѓање на нови уникатни решенија.
•Да можеме да размислуваме под притисок.
•Да имаме храброст да „пресечеме“ кога е потребно.
26.Кои се7-те чекори на донесување наодлуки?
1.Дознавање напроблемот.
2.Точно и прецизно дефинирање на проблемот
3.Откривање на причините на проблемот.
4.Дефинирање на неколку можни решенија.
5.Тестирање (практични или само теоретски) на можните решенија
6.Избор на едно решение –ОДЛУКА!
7.Следење нарезултатите!
27.Кои се 5-тефункции на менаџментот?
1.Планирање→2.Организирање→3.Координирање→4.Мотивирање→
5.Контролирање
28.Кои се петте нивоа/видови на менаџментот?
Стратегиски менаџмент, оперативен менаџмент и менаџмент на основно
ниво.
29.Кои се содржините на планирањето?
 Проучување на проблемот (контекст,ризици - SWOT)
 Поставување цели
 Одредување на активности
 Одредување на потребните ресурси (луѓе, време, простор, финансии,
МТС и сл.)
 Посакувани резултати
 Индикатори
30.Што е SWOT анализа?
SWOT анализа е метод на стратешко планирање, кој се користи за проценка
на предностите, слабостите, можностите и опасностите при остварување на
целта.
31.Што значи секоја од буквите во SWOT анализа?
 S (Strengths) -Силнистрани
 W (weaknesses) -Слабистрани
 О (Opportunities) (можности)
 Т (Threats) (Опасности)
32.Што се тоа индикатори?
33.Што опфаќа проценката во функцијата планирање?
 Каде сме?
 Каде сакаме да стигнеме?
 Щто имаме на распплагање? (луѓе, време, финансии, ...нивна
состојба, дисциплина и сл.)
34.Што опфаќа визуелизацијата и предвидувањето во функцијата
планирање?
 Што се треба да направиме за да стигнеме до целта?
 Како најправилно да ги распределиме луѓето, средствата...?
 Како треба да се синхронизираат активностите?
 Со кои пречки може да се соочиме?
 Колкава ни е способноста да ги поминеме пречките?
 Колку време ни треба да се поминат секој чекор посебно?
 Колку време ни треба за да се стигне до крајната цел?
35.Кои елементи треба да ги содржи планот?
 Дијагноза-каде сме и зошто
 Прогноза-каде одиме
 Цели-каде треба да одиме
 Стратегија-кои се најдобрите начини да се стигне до таму
 Тактика-Кои специфични акции треба да се преземат,од кого и кога
 Контрола-кои мерила треба да се следат за да се соглеа дали ланот е
успешен
36.Што опфаќа креирањето на структурата?
 Како да го расчленам извршувањето на активностите за да добијам
ефикасност и ефективност
 Првиот елемент од менаџмент на луѓе
 Менаџерот размислува со ум на режисер,го визуелизира процесот и
сите актери на сцената
 Се црта структурната шема
 Јасно се дефинира:Кој на кого е надреден,кој на кого му е
подреден,кој кого контролира,кој за кого одговара?
 Се дефинираат јасни и конкретни задолженија на секоја улога и секој
си одговара за своите задолженија
 Структурата може да биде динамична во зависност од периодот на
денот
 Не смее да има двосмислености и преклопувања
 Од структурата произлегуваат процедурите
37.Што треба да се дефинирани низ процесот на креирање на структура?

38.Дали структурата може да биде динамична?


 Структурата може да биде динамична во зависност од периодот на
денот

39.За кои активности се креираат процедури?


Се креираат за активности кои се повторуваат
40.Што прават процедурите?
Прават автоматизирање на активностите
41.Што обезбедуваат процедурите?
Обезбедуваат сигурност за начинот и квалитетот за извршување на
активностите
42.Од што се составени процедурите
Процедурите се составени од чекори
43.Со кои елементи е дефиниран секој чекор во процедурата?
Секој чекор е дефиниран со :Кога? Кој? Што? Како?
44.Што овозможува процедурата?
Овозможува лесна контрола и лоцирање на одговорност
45.Ќе добиете задача да креирате процедура за одредна активност.
46.Што опфаќа функцијата организирање?
 Издавање на задачи
 Воспоставување на односите
 Дефинирање на авторитет
 Проверка дека сите ја разбрале задачата
47.Што опфаќа функцијата координирање?
 Надгледување
 Поврзување
 Синхронизирање
 Помош на вработените
 Потикнување на комуникација
48.Зошто има потреба од фунцкијата координирање?
49.Што опфаќа функцијата мотивирање?
50.Од кој збор потекнува терминот мотивација и што значи?
MOVERE-Се движи
51.На кој внатрешен меаниза се базира процесот на мотивација (кратка и
долга верзија)?
Потреба-Активност-Награда
Потреба(Незадоволена потреба- Тензија)-Активност-Награда(Задоволена
потреба-Задоволство)
52.Кои се основните човекови потреби?
 Физиолощки потреби (храна, вода, дом, секс)
 Потреба за сигурнос т (сигурна работа и безбедност)
 Потреба за припаднпст (компанија, тим, семејство)
 Потреба за признание (пофалба, благодарност)
 Потреба за сампреализација (предизвик, развој, учење)
53.За секоја од нивоата наведете конкретни начини преку кој АРМ прави
задоволување на потребите кај професипналните војници?
54.Што се може да се појави како мотиватор?
 Платата како мотиватор
 Целите како мотиватор
 Бонусот како мотиватор
 Казната како мотиватор
 Односот како мотиватор
 Припадноста како мотиватор
 Слободата/Автономијата како мотиватор
 Можноста за учење,знаење и развој како мотиватор
 Кариерниот развој како мотиватор
 Причината значењето како мотиватор
55.Што опфаќа контрплирањето како функција во менаџментот?
Проверка дали активностите течат по планот,Мерење до каде е
квантитативното постигнување на целите,Согледување дали се работи со
потребниот квалитет,Воочување на слабостите на планот,Воочување на
проблеми поради некоординираност и неорганизираност,Потврдување дека
целта е исполнета или делумно исполнета
56.Зошто воопшто е потребна контрола во менаџментот?
 Да тежнее да ги прави работите на полесниот начин
 Да тежмее кон активностите кои му причунуваат задоволство
 Често да гледа прво себично после колективно
 Да не ги разбира задачите а со тоа и да не може соодветно да ги
изврши
 Да заборава
57.Во кој идентитет треба да влезе тој што контролира?
58.Кои се трети внатрешни чекори низ кои тече контролата?
59.Како тече внатрешниот процес при отпосле увидена грешка?
60.Што е содржината на менаџментот?

You might also like