You are on page 1of 3

Упатство за пополнување на прашалникот

НТ.УСЛ.21 - Годишен извештај за увоз и извоз на услуги

Прашалникот се пополнува за 2020 година.


Трансакциите се однесуваат на годината во која се случиле – одредувачки е датумот на
прием/обезбедување на услугата или денот на издавање на царински/даночен документ или датумот
наведен во договорот на кој се пренесуваат правата (кое и да се случи прво).

Основни поими:
УСЛУГА
За избор на услугата се користи класификацијата ЕБОПС 2010 (Проширена класификација на
услуги на билансот на плаќање, 2010) .
Услугите се групирани во групи како основни носители, а секоја група има соодветна/и подгрупа/и
во кои се распределни сите услуги за полесно идентификување на бараната услуга. Со изборот на
конкретна група во делот подгрупа ги добивате сите услуги кои ѝ припаѓаат на избраната група и ја
избирате бараната услуга.
ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО
Земја на потекло е земјата во која е основан деловниот партнер, односно нерезидентот што ја дава
услугата. Поштенската адреса на доставувачот може да биде водич за нејзино утврдување. Не е
решавачко дали услугата е обезбедена во странство или во РСМ.
ЗЕМЈА НА ДЕСТИНАЦИЈА
Земја на дестинација е земјата во која е основан деловниот партнер, односно нерезидентот што ја
добива услугата. Поштенската адреса на нарачателот може да биде водич за нејзино утврдување. Не
е решавачко дали услугата е обезбедена во странство или во РСМ.
Земјата на потекло или земјата на дестинација се избираат од понудената листа.
ВАЛУТА
Валутата е означена на примената фактура. За избор на валута понудена е соодветна листа на
валути. Ако валутата не е позната, се избира „Трансакции без валути“.
Прашалникот се состои од дел со идентификациски податоци за деловниот субјект и четири
прашања на кои ќе треба да одговорите. Кога ќе го отворите е-прашалникот за внес, ќе забележите
дека податоците за вашиот деловен субјект се веќе пополнети.

1. Дали имате увезено услуги?

Ова прашање е навигациско. Ако сте реализирале увоз на услуги од странство, избирате
потврден одговор (ДА) и ќе бидете насочени кон следното прашање број 2, во спротивно, ако
не сте реализирале увоз на услуги од странство, избирате одговор НЕ и ќе бидете насочени
кон прашањето со реден број 3.
2. Увоз на услуги од странство
Потребно е да се пополнат сите редови во приложената табела.
Во првиот ред од опаѓачката листа се избира групата, а во наредниот ред од прикажаните услуги
во опаѓачката листа се избира конкретната услуга.
Во третиот ред се избира земјата, а во четвртиот ред ја избирате валутата од соодветната опаѓачка
листа.
Во петиот ред се внесува фактурираната вредност (без ДДВ).
Вредноста на податоците се изразува во илјади денари. Рангот на можните вредности е
ограничен, ако внесете вредност надвор од рангот, ќе се појави знакот (*) до полето за внес и нема
да може да продолжите со внесување на податоците сѐ додека не ја отстраните грешката. Со
позиционирање на курсорот на полето, ви се појавува рангот на вредности што можете да ги
внесете.
За секоја нова комбинација нова услуга, земја или валута со клик на знакот „+“ се отвара нова
колона и се пополнува соодветно. Ако направите грешка и непотребно отворите нова колона со
клик на знакот „-“, се враќате во првобитната состојба.

Напомена:
Ако имате увезено одредена услуга од повеќе земји, за секоја нова земја треба да се отвори нова
колона.
Ако сте платиле за дадена услуга увезена од една земја во различни валути, исто така за секоја
нова валута отворате нова колона.
Во секоја колона задолжително е да ги пополните сите редови.

Ако не е можно да ги обезбедите потребните податоци во посакуваната структура во документите,


дадете квалификувана проценка.

За конверзија на фактурираната вредност во странска валута, се користи средниот девизен курс на


оваа валута во македонски денари, објавен од Народната банка на РСМ, кој важи за време на
трансакцијата. Алтернативно, странската валута може да се конвертира по средниот курс на
НБРСМ за разгледуваниот период.

3. Дали имате извезено услуги?


Ова прашање е навигациско. Ако сте реализирале извоз на услуги во странство, избирате потврден
одговор (ДА) и ќе бидете насочени кон следното прашање број 4, во спротивно, ако не сте
реализирале извоз на услуги од странство, избирате одговор НЕ и ќе бидете насочени кон
прашањето со реден број 5.

4. Извоз на услуги во странство

Важи истата постапка како во прашањето број 2.

5. Забелешка
Наведете: Објаснување за значителни промени во развојот на пријавените податоци или логички
недоследности што произлегуваат од организациските промени или други околности (на пример,
поделба на компанијата, спојување со друга компанија, опаѓање на активностите, прекинување или
проширување на активноста, вонреден договор итн.)

Следните податоци се задолжителни


Поднесол – Внесете име и презиме за лицето кое го пополнило образецот
Одобрил - Внесете име и презиме за лицето кое го одобрило образецот
Потрошено време (часови и минути): Внесете ги часовите и минутите потребни за пополнување
на образецот.
Во случај да заборавите да ги пополните овие податоци, автоматски добивате потсетување.

You might also like