You are on page 1of 4

Проверка на знаењата

1. Кои од броевите во речениците означуваат точно избројано количество, а кои


приближна вредност?
 Дедо има две крави,три-четиринаесет пилиња,едно прасе и десетина кокошки.
 На птиците им фрлив пет-шест грста пченица.
 Во нашата паралелка има дваесет и шест ученика.
 Четири деца се распеале на цел глас.
 За стотина денари може да се купат два-три килограми овошје.
Броеви
приближна бројност точно избројано количество

2. Состави пет реченици во кои ќе ги употребиш броевите за приближна


бројност од табелата.
1.
2.
3.
4.
5.
3. Внеси ги броевите по примерот
Броеви составени од повеќе збора Броеви за приближна бројност

56 педесет и шест 7-8 седум-осум


238 двесте триесет и осум 12-13
349 3-4
731 6-7
1009 илјада и девет 15-16
2357 17-18
25 20-30
63 52-53 педесет и два-три
118 200-300
226 120-130
672 500-600

4.Како се пишуваат броевите што означуваат приближна бројност, а како се


пишуваат дропките ? (10,20,30 ... ; 1/10, 1/20,1/50 ..итн)

Билјана Чурлевска Маневска проверка на знаењата јазик 4 одд Page 1


5. Како треба да го напишеме глаголот во оваа реченица за таа да искажува идно време?

„Врнеше силен дожд“

6. Кој глагол недостасува во оваа реченица за таа да искажува минато време?

„Горан со работа“

7. Кој број недостасува во оваа реченица за таа да искажува приближна бројност?

„Те чекав часа“.

8. Кое изразно средство се препознава во стиховите?

„Очите на мама,
како сонце сјајни,
како извор бистри.“

9. „Еден жежок јунски ден, бато Кире и Керим ловеа риби по течението на Радика.
Бистрата пенлива вода во која се криеја пастрмките ги мамеше со својата убавина. Уловот
беше голем.“
Каде се случувало дејствието во горниот
извадок?
Кои се носители на дејствието?

10. „Недела е. Наскоро ќе дојдат неговите другари. За миг на улицата ќе


направат еден голем Снешко. Црните јаглени очи ќе гледаат во разиграните деца. Ќе
полетаат санките на брегот.“
Колку глаголи има во извадокот од текстот, искажани во идно време?

11. Во кое време се искажани глаголите читаше и земаше? Како ќе гласат истите во
сегашно време, а како во идно време?

12. Во реченицата: Една глава, а стотина капи, бројот стотина искажува:

13. Пронајди ги именките и глаголите и смести ги на соодветното место


Бубамарата летка над цвеќињата во градината и плаче.
- Зошто плачеш? - ја праша пеперугата.
- Тие ќе свенат. Не можам да ги напојам со своите солзи... - продолжи да
плаче бубамарата. - Девојчето заборави да ги навади. А јас постојано ги
чистев од вошките. Но сега ќе се исушат.

Билјана Чурлевска Маневска проверка на знаењата јазик 4 одд Page 2


Именки Глаголи
Минато време Сегашно време Идно време

14. Покрај секој глагол напиши ја формата и за другите две времиња:

трча ќе играме ќе читам


дојдоа викнаа цртате
летавте седнав мислам

15. Дополни !
Сите внимателно. Мајка ми ми нова блуза.

Александар писмо.Тој го и го скри во книгите.

Билјана на театар. Ние понеделник на кино .

16. Доврши ги речениците.


Глаголи се зборови што означуваат

Кај глаголите разликуваме времиња.

Минато време - дејството се врши

Сегашно време - дејството се врши

Идно време - дејството ќе се врши

17. Како се пишуваат броевите за приближна бројност коишто се образувани од два соседни броја?

А како броевите образувани од десетиците

Како се пишуваат повеќецифрените броеви: споено или одвоено?

Со кое зборче (сврзник) се одвојуваат последните два броја во повеќецифрените броеви?

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17.


3 3 4 2 2 2 2 2 2 2 2 1 4 3 3 4 4

45 – 41 = 5 40 – 35 = 4 33 – 27 = 3 26 - 18 = 2 Наставник
родител

Билјана Чурлевска Маневска проверка на знаењата јазик 4 одд Page 3


* Подвлечи ги со црвена боичка именките а со сина боичка
глаголите во расказот ,,Валканата училница,,

ВАЛКАНАТА УЧИЛНИЦА
Учителката влезе во училницата и веднаш се намурти,
иако сите седевме мирно на своите места.
- Хм! Неубава глетка! - тажно рече учителката.
Ние зачудено се погледнавме еден со друг.
- Мошне грда глетка! - повтори учителката и уште
потажно нѐ погледна.
Но, зошто велите така, учителке? - се осмели да праша
Рашо.
- Погледнете ја само училницава. Колку е валкана! А
вчера сите до еден учествувавте во акцијата ,,Сакаме чист
град,! Како ќе го исчистите градот, кога ви е тешко да ја
одржувате чиста вашата училница?
Сите засрамено ги наведнавме главите. Но, што
видовме: струганици од молив, лушпи од сончоглед, фрлени
хартии...
Навистина грда слика.

Билјана Чурлевска Маневска проверка на знаењата јазик 4 одд Page 4

You might also like