You are on page 1of 40

oKult

poetska zbirka

Nikola Ristevski
2021
оКулт

1
оКулт

АЕИОУ
Армакедон
Еон
Изменет
Отворен
Униние
Научив дека незнам
Запаметив да заборавам
Живеев а умирав
Уништив за да создадам
И слушнав молк
И вкусив крв
И допрев прв
И помирисав смрт
АЕИОУ
И видов огледало
Времето запре
Просторот исчезна
И би ден
И видов дека е лошо
И би ноќ
И видов дека е добро
Мракот е светлина
Светлината е лажна

2
оКулт

Лагата прелестува
Прелеста буди

Будењето е несвесно
Во ноќите глуви
Воздивнувам
Созерцувам
При светлина умирам
Во мрак воскреснувам
АЕИОУ
И би ноќ
И видов дека е лошо
И би ден
И видов дека е добро

( 2011 )

3
оКулт

Обратно
Пан проѕирен оди кај Ад црниот
За Персефона црвено - бела да исткае плетка
И проклетиот јазол да го отплетка
Како што е горе, така е и долу
Оти огледалото е проѕирно
А овој пат е и обратно

( 2011 )

4
оКулт

Дон на трон
Не го мери тон, ниту пак се гледа на сон!
Проѕирниот трон си е неговиот дом.
Што е тоа што не го собира ни на сон,
а цело време си седи на трон во својот дом?

( 2011 )

5
оКулт

Кога ме љубеа древните Бакхи


Без срам и перде, врз лист еден куп факти
Перото од паун пишувало уште со Шакти
Во глава дупки, внимавај - не се шахти
Многу млад те заведоа древните Бакхи
Оние што трчаат меѓу дабовите голи
Со змии спијат, а ти пак колни
Мртвите денови од еони се згустија
Во времињата болни
Најди пештера, па се засолни
О, ти
Трпеливо, љубовта е вечна, а не итна
И не е никој крив што обратно е анти
Сончев зрак ѕирка пак
Тоа темно не е мрак
Седумте зраци не се враг

( 2012 )

6
оКулт

(К)рај
Небо обоено во различни бои
Одамна исткаени сонови древни
На сред гумно стожер стои
Самовили боси по росни треви
Кој ли цело време ти вреви?!

Небо обоено
Вина невина
Теменина
Суетлина
Темнина
Светлина
У се ја
Јамка
Змеј
Греј

Трај и прај
Не им кажувај
Не е ова пекол
На крај к рај
Трај

7
оКулт

Кој тоа на чело има знак


Ил да Ве прашам пак
Што е светлина
А што мрак
Искривен крак
Виновен враг
Од снегулки прав
Врат крвав
Трпи
Лузни закрпи
Летни, гаврану дебел
Крвта беше прва
Врв, а?

( 2012 )

8
оКулт

Приказна од нашата вселена


Здраво живо
Мир и љубов
Како се чувствувате?
Барам дозвола од советот на старците
Да проговорам
Оти долго веќе горам
Не морам, но сепак можам
Би било убаво да ви пренесам
За Ѕеус, Деус, Теос
Ѕе, Дион, Титаните
Ќерка им Селена
Случувањата се сепак од нашата Вселена
Овчарчето Ендимион, таткото на Пеон
Ендимион, Селена и 50те им ќерќи
5 1вата и со ЅЕ - полната
И паднатата со Пан - 52рата месечина
Ми се чини
Чинка
Чи
Ки
Прана
Маана
Ка

9
оКулт

Ба
Боо
Меркаба
Мераба
Евала
Алал вера
Мера според мера

( 2012 )

10
оКулт

Видение за последните дни


Око
Во вир клокоти лава
Ко змеј да запалил клада
Кај ѕидот на реката шеста
За одново ламја да слета
Од облак на реката петта
Тркало тргна од воденица
Подземен тунел до најголемата кривина на
Брегалница
Оти над, ко и под тунелот исто има
Крстот извади го од реката небесна
Саргентиос никој не знае кај е
Река е, или таен рај е?
Зар река може да гори?
Ке кажат белите зори
За проѕев здив што бараат
Низ проѕир живот хранат
Мана

( 2012 )

11
оКулт

Аирлија
Ѓуриште
Куриште
Мур
Руг баир
На здравје
Нов аир
Аирлија
Несреќата излиј ја
Во бунарот свет
Па восок капни
И сркни мед

( 2012 )

12
оКулт

Вруќ круг
Вруќ е патот во круг
Од поле на баир Руг
Со чудна ќуд, туѓ блуд
Сам свој суд
Канда
Падна
Осамна

( 2013 )

13
оКулт

Царски сон
Не толку одамна сонував сон
Како се стројам пред белиот трон
Чиј што цар дојде на слон
Рече - тука се родив, ова е мој дом

( 2013 )

14
оКулт

Воин на слон
Свет слон во својот дом
Седнат на трон
Воин во сон
Воин на слон
Свет слон на трон
Пеперутки рој
Од лет створија пој
Со воинот на слон
Тргнаа во бој

( 2014 )

15
оКулт

Ѕе гледа сè
Здраво живо.
Зар друг ви е крив оти не сте писмени?
Од далеку ви се гледа и слабиот нервен систем.
Ѕе, не ни треба LSD да ве гледаме ко на LCD.
Ббекни бе, гледаш дека има лента. Скиваш,
муклес?
Се е во ред, или редот од хаосот треба да се роди?
Знаеме ли кој со светлото во мракот не води?
Промените на ликот не се од бес, тоа е само
црниот пес.
Мефисто.
Веќе ии ттт то не е исто.
При три очи - ќори.
Некој ќе проговори. . .
Само што почнав, знам и кога да кочам.
Па џабе стискавте палци - не ме држат ни
решетки, ни лисици, ни
ланци!
За што се борите кога децата ви велат ЅЕ -
Вајстина време е некој да ве спаси од целата
мизерија!
Поздрав од С'нце и Пајонија, онаа страна е и оваа,
гледате како крилјата ги ширам,

16
оКулт

многу сте па морам да бирам кој да земам на


патов
за да ми го подржи од шаманот стапот.
Бууу апо, вистината истина,
па кој е од глина, а кој од светлина?
Авангардата со скршен аван и без толчник,
нема Бард па сте со спуштен гард,
не ми треба извичник на крај -
гласот ми се чуе од оваа до онаа страна,
слободно најдете уште некоја маана додека
мантраме АЕИОУм,
на каузата Сонцето и е Кум.

#иМАГ иНАРиУМ
р.ѕ. допрва нема да ви се допаѓа

( 2014 )

17
оКулт

Простум, со прост ум
Разумен ум верен на друмот небесен
Простум, со прост ум и рајот е извесен
Бесконечноста е конечна
Оти нешто и ништо исто се
При три очи ќори
Проговори
Прослови
Проглаголи
Голи
Градината
Еден
Ден е
ЅЕ

( 2014 )

18
оКулт

Азбука
Армакедон
Бол
Вода
Грабнавме
Два
Гума
Ендимион
Жеден
Заедно
Ѕе
И
Јас
Кренавме
Лост
Љубовен
Меден
Небесен
Њ. Небесен
Оти
Пак
Рајот
Сјае
Трај

19
оКулт

Ќути
Униние
Фалангата
Храбра
Цела
Чавки
Џабе
Штетата

( 2014 )

20
оКулт

Пињау

Ра - та - та - та - та!
Та Ат
Букефал од исток ме носи
Да стапнам на тронот со нозе боси
Тишина, не гракајте чавки
Идат од исток грифоните царски

( 2014 )

21
оКулт

22
оКулт

Колото на Кољо
Од глог кол посипан со сол
На сред точка, од околе круг
У мрак врела вода на праг
Темјан пред прв сончев зрак
Наоколе проникнува д'н
Како унатре, така и надвор
На небо пее хор
Од под земја свире вода
Изникнал нов д'н
Еон цел
Ѕрррн
Ѕе!
Кољо го врте колото околе кол
Како горе, така и доле
Одамна тука имало и море
Затоа водата иде па
Ра Ар
Деница
Аурора
Бела Зора
Ново СонЅе на Слободата
Ѕе
...и не е сеедно што сè едно е.

23
оКулт

Ѕеркало

Ѕирнав
Стивнав
Ме дигна
Се симнав за да видам
Што треба да бидам
Ооооо Ти
Ти и Јас
Taivas
Maa
Сонѕе
Луна
Круна

24
оКулт

Поход
Тргнав на пат
до крај на свет
За да најдам нешто
Кое беше во мене
И кога на крајот
Имаше само едно ништо
Тргнав назад
Од крај на свет
До дома
По пат сркнав мед
Стопив троа восок
кркав и многу бед
а бев лут и ко поскок
Оти не знаев зошто
на крајот имаше едно ништо
И по пат
Оооооп
Знак
Ни лево, ни десно
Ни за напред, ни па за назад
Знак за пат
Угоре
Погоре

25
оКулт

Нагоре
Изгорев сам
Пепел и прав

26
оКулт

По патот на Иса и Искандар


Далеку
Далеку
До Индија
и назад
Ти и Јас
Индија
Далеку
Од
Пеонија
До
Индија
Од
До
Дома
Си дојдовме дома

27
оКулт

Сеедно или сè едно е


Огледалото е обратно
Сликата се слуша
Мирисот гали
Звукот се гледа
Допирот мириса
Не е сеедно што сè едно е

28
оКулт

Збор
Збор
Nevermore
Проговорив
Сам сум или ми пее цел хор?
Слушна?

Ѕе!

Дали го слушна Зборот?


Проговорив од ќеф и мерак
Сончев зрак
Неутрино
Мугри
Бела Зора
Аурора
Деница
Утринската ѕвезда пее песна
Слушна?

Еден збор испеан од ѕвезден хор


Додека Ора Он и изустува „Изида“
Во старата гилда тропна чук
Чуј го овој звук

29
оКулт

Хор
Хорус
Го слушна ли Зборот?
Ѕе!

30
оКулт

Апокриф
Аркадија
Исткаени спомени
Прокадени долмени
Ја покрив
Аз покрих
А покриф
Апокриф
Ѕвонат ѕвона
Персефона
Калинката засади ја
Аркадија
Дрвен сплав
Пат прав
Никулец
Од глог колец
Никнува
Синор чува
Ника
Лика и прилика

31
оКулт

Ника
Оф аман аман
Таман
Анама
Оф аман аман
Севда
Либе
Ооо ти бре
Вешта невеста
Небесна
Таман
Толчник и аван
Оооо
Да
Нема "не знам" ни па "ама"
На секое "дали" се огледува "да"
Ѕе и Зееа
Ѕеркало
Ѕирнав
Здивнав
Викнав
Ника

32
оКулт

Поезија
Пое и зјае
Трае и прае
Бае од упла
Нејќе дума шупла

Пој
Ѕвезден сој
Убав крој
Стројна кројка

Ка
Ки
Бо
Ба
Меркаба
Мераба
Евала
Мера според мера

Соѕвездија напишале поезија


Пред еон цел
Затоа уште вулканот е врел
Црното сонце и златната лава

33
оКулт

Алхемија
Поезија за едни соѕвездија
Ти и Ја
Меркаба

34
оКулт

Тумба, Тумба, дивина


Тумба, Тумба, дивина
Не фаќам кривина
Право по пато
Со на дедецо стапо

Врз грб вунест кулак


Ѕирка знак
На чело око
Ѕе
Преко рамо торба
Стара е ваа борба

Тумба, тумба, тумула


Голема могила
Древна гилда
Лонджа

Канџа од змеј
Гранче од багрем
Арам на арам
Алал на алал

35
оКулт

Тумба, думба, дивина


Дамба, дамла, одамна
Аголни камења
Од тајфата знаења
Големиот Неимар
Траење и правење
Слава на трудот
Алал на разбудениот

Думба, думба дивина


Јавнав коња пауна
Мана насушна
Иносуштна
Кумова слама
Млечен пат
Крилест ат
Ѕвезда
Кривина
Мост
Космос
Вселена

Онаа која со оној ја прават природата зелена


Исцелена

36
оКулт

Посветено на синот на вдовицата


...срцето на СонЅето

Контрола
Сакав, без да морам
Створив храм
На руфиите срам и арам

Столбот е скршен
Храмот остана незавршен
Царот имаше маана
Не знаеше да чува тајна

Багремот остана за спомен


Клучот е до стариот долмен

37
оКулт

38
оКулт

39

You might also like