You are on page 1of 1

Македонија

vs
Венециското биенале

Македонскиот синдром“ не се одредува со „вината на другиот“ (Бошнаковски), туку со


незнаењето, неможноста и несакањето да се лоцира
вистинскиот извор на проблемот или: кон што
да се насочи творечката енергија?
Иако актуелноста на македонското совремие е дефинирана од многу поприземни проблеми
отколку од
оние на и за културата и за уметноста, тоа воопшто
не смее да биде причина вториве да бидат маргинализирани. Напротив, после „сликите“
и „приказите“ на
странските медиуми за Македонија, токму културата
и уметноста присутни вон од овие простори мораат
да ја имаат задачата за покажување и на други „слики“ и „прикази“ од овие простори.
Ова е императив
на сите оние кои не сакаат да се идентификуваат со
наметнатите „слики“ и „прикази“.
Оттука, откажувањето на учеството на Република Македонија на 47 Венециско биенале
од страна
на Министерството за култура е неоправдливо и, пред
сè, непростливо. Од целиот бран написи на оваа тема
во печатот, а особено од неразбирливиот и неаргументираниот напад на тимот
одговорен за реализација на
проектот (Драган Бошнаковски и Сузана Милевска)
врз Музејот на современата уметност, се стекнува една
збунувачка слика, која сепак не одговара на прашањето
зошто Република Македонија не учествува на Венециското биенале. Но, колку што е
можно поскоро треба
да се остават настрана производите на тукашната т.н.
„муабетџиска култура“ (чијшто најдобар пример е и
толкувањето на синтагмата „македонски синдром“
од страна на Бошнаковски), иако последиците од
неа секогаш се крајно контра-продуктивни. После сè
ова, се плашам и да помислам што ќе се случи со оној
или оние кои сепак ќе изнајдат сили да ја прикажат
рецентната уметничка продукција во Македонија во
Венеција, без разлика во која форма и на кој начин,
а како реакција на перманентните незадоволници и
„синдромичари“.

You might also like