You are on page 1of 1

Македонија

vs
Венециското биенале

Во овој монет, напротив, македонската уметничка сцена треба да биде заедно како
никогаш досега.
Република Македонија мора да се појави во Венеција
на 8 јуни, му се допаѓало тоа некому или не. Ако некогаш во светот се зборувало за
неа, тогаш тоа е овој
период. Можеби таа ја има судбината на земја за која
се дознава и по рабни настани: сетете се на изградбата
на Скопје по земјотресот, на колекцијата, зградата и формирањето на Музејот на
современата уметност,
на воспоставените контакти, на симпатиите и пријателставата кон неа по
осамостојувањето. Убеден сум
дека овој пат во Венеција таа ќе предизвика многупати
поголем интерес, отколку сите досегашни нејзини
настапи заедно, едноставно заради тоа што сите го
слушаат нејзиното име катадневно.
Понатаму, се јавува нужноста од нејзино континуирано присуство. Тоа не смее да биде
прекинато, без
разлика што таа нема да биде застапена во официјалната програма или каталогот.
Сопственото искуство
ми кажува дека на Биеналето не се посетуваат „националните селекции“, туку
изложбите: уметничкиот
свет таму доаѓа да гледа уметност и да се информира,
а патем дознава и за државата, односно – силните
дела оставаат силен впечаток. На Македонија е да го
направи напорот така да ги измери силите.
Веќе е сосема неважно кој и чиј избор ќе биде во
Венеција, колку тој ќе чини и кој ќе ги даде средствата,
дали тој избор има подобра алтернатива или не, дали е
тој на „оваа“ или „онаа“ критичарска група. Конечно,
на Биеналето се видени и купишта лоши уметници и
селекции, сомнителни комесари, непрофесионални
претставувања и т.н. – но, тие, сепак, биле присутни.
Во овие времиња и во овие околности и окруженија
на Македонија, нејзиното вистинското претставување
е – тамошното присуство.P. S. Во деновите на отворањето на 45 Венециско
биенале 1995, бев (најверојатно) единствениот присутен од Македонија. Многубројните
колеги и пријатели
ми поставуваа само едно единствено прашање: никој
од нив не праша „Дали учествувате?“,туку „Каде сте?“,
бидејќи по учеството во 1993, никој не очекуваше да
нè нема, бидејќи ниту еден умен нема да ја испушти
веќе еднаш дадената можност да се биде таму. За жал,
мојот одговор може да се претпостави. Заради тие
тогашни и такви чувства не сакам истите повторно
да ми се случ

You might also like