You are on page 1of 2

Лидија Мехинагиќ: „Се гордеам со мојата мала, но значајна улога во историјата на Детската

амбасада“

Со МЕЃАШИ стапив во контакт кратко по моето доаѓање во Скопје од Босна, како бегалец. Инаку,
сум родена во Скопје и имам живеено и растено недалеку од Гордана и Драги, во населбата
„Ѓорче Петров 1“, но не бев ги запознала дотогаш, летото 1992 година, кога како бегалец од Босна,
дојдов во својот роден град.

Во немањето никакви други активности од тоа да бидам немоќна и да размислувам за тоа што се
случило, размислував што би можела да сторам да би си помогнала и себеси и на другите
бегалци, кои несопирливо пристигнуваа од Босна, слушнав од татко ми за формирањето на една
невладина организација, која им помага на бегалците и веднаш се пријавив.

Веднаш бев примена да бидам волонтер и оттогаш до денеска 30 години понатаму, Горде и Драги
ми се не само лични пријатели, туку и личности кои не потклекнаа под огромните општествени,
политички, економски и секакви други притисоци и останаа

доследни на политиката на МЕЃАШИ која со својот јак тим ги вршат своите хумани задачи на
најдобар можен начин.

Се гордеам со мојата мала, но значајна улога во историјата на Детската амбасада од самите


почетоци, којашто ми беше инспирација и да ја напишам мојата автобиографска книга „Разрушени
меѓници“, во која едно големо поглавје им посветив на МЕЃАШИ и на прекрасните луѓе кои
поминаа, заминаа или останаа во него. Со голема почит, Лидија
***

Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa

You might also like