You are on page 1of 1

СААТ КУЛА-БИТОЛА

Битола, вториот град по големина е местото каде се наоѓа Саат кулата,


најпознатото обележје на исламската архитектура во Македонија.

Саат кулата во Битола, била изградена во XVI век. Карактеристично е што при
изградбата биле користени јајца за цврстина. Најпрво објектот имал
полумесечина на врвот на куполата, за таа после да биде сменета со
комунистичка петокрака, и на крај на нејзино место да дојде христијански
крст.

Според старите преданија денешната Саат кула е изградена во истиот период


кога се градел и православниот храм Св. Димитрија,

Изградена е од масивни камени блокови. Висока е околу 32 метри. Главниот


и воедно најубавиот дел од Саат Кулата го сочинува делот каде се поставени
бројчаниците, и тоа од сите четири страни по еден.

Во 1927 год. поставен е првиот бројчаник и механизам, Луѓето задолжени да


ги удираат камбаните биле заменети со сајџиите кои се задолжени за
одржување на саатот и сатниот механизам.

Првиот бројчаник бил бел со црни броеви и стрелки и бил помал од


сегашниот. Овој саатен механизам бил заменет во 1936 год. , кога биле
поставени и нови 15 ѕвона, тешки 900 кг, - знак на благодарност за
изградбата на Спомен гробницата на германските војници загинати во Првата
Светска Војна.

Во 1962 год. механизмот е обновен, а во 1970 год. поставена е и клавијатура


за изведба на нови композиции. Оваа Саат Кула е една од вкупно 180те во
светот во која бил вграден ваков механизам. Музичките композиции ја прават
уште поневообичаена. На секои шест часа се огласува една од  вкупно шесте
композиции: Битола Бабам Битола, Билјана платно белеше.

You might also like