Вооруженото востание во Македонија

You might also like

You are on page 1of 4

2 лекција

Вооруженото востание во Македонија

 КПЈ со своите антифашистички определби земала решителен став за борба


против фашистичките окупатори превземајќи ја улогата на организатор и
раководител на вооружената борба кај југославските народи и народности.
При тоа во КПЈ и нејзината народнослободителна определба, македонскиот
народ го нашол својот сојузник.

 КПЈ се покажала како единствена политичка сила која можела македонскиот


народ да го доведе до победносниот пат. За остварување на овие цели во
таа борба биле повикане членови на КПЈ и комунистичката младина на
Југославија, како и сите патриоти. Борбата за национално ослободување на
македонскиот народ заедно со другите југославски народи бил освоен
предуслов за привлекување на населението во НОВ и неопходен услов за
победа.

 Меѓутоа комунистичкото раководство во Македонија уште во првите месеци


на окупација го зафатиле разни недоразбирања, влијанија и поделби. Затоа
имало голем број недоразбирања и тешкотии на организационен и
политички план. Во прв ред тоа било мешањето на БКП во работата на ПК
на КПЈ за Македонија, на чело со Методија Шатров-Шарло и отпорот на ЦК
на КПЈ преку своите делегати и приврзници на македонските комунисти.

 Наспрот организаторските проблеми во ПК на КПЈ за Македонија месните


комитети на КПЈ во Македонија формирале воени штабови, собрале оружје,
вршеле обука на членството во ракување со оружје, формирале
диверзантски групи, набавувале облека, обувки и воена опрема.
Подготовките за оружена борба станале основна активност на партиските
организации. Заради сите овие новонастанати состојби во Македонија на 2
август 1941 год. во Битола и др. места на Македонија биле организирани
илинденски демонстрации.

 На 22 август 1941 год. од постоечките диверзиски групи, во близина на


Скопје бил формиран Скопскиот народноослободителен партизански одред
со Македонци, Срби, Турци, Црногорци, Хрвати и др. На 12 септември
прилепски комунисти ја формирале Прилепската партизанска чета.

You might also like