You are on page 1of 3

ПЛАН ЗА ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ЗА

УЧЕБНАТА 2019/2020ГОДИНА

Задачи на воннаставните активности:

Учениците:
 Да се поттикнува и негува детската љубопитност, сознајните
способности и креативноста;
 Да се воведуваат во задачи кои бараат поголема самостојност за
нивно извршување;
 Да ја негуваат доследноста и исрајноста во извршувањето на
задачите;
 Да ги развиваат мотивите и условите за афирмирање на
учениковата личност;
 Да се влијае на создавање навики за правилно користење на
слободното време;
 Поттикнување на љубов кон играта и спортските активности;
 Да ги јакне позитивните морални особини, љубовта кон
татковината, другарството.

Очекувани исходи од воннаставните активности:

Учениците:
 Ја развија детската љубопитност, сознајните способности и
креативноста;
 Се оспособија за самостојно извршување на задачите;
 Се разви доследност и истрајност во извршување на задачите;
 Се развија мотивите и условите за афирмирање на личноста на
ученикот;
 Се создадоа навики за правилно користење на слободното време;
 Се развија љубов кон играта и спортските активности;
 Се зајакна патритотизмот, другарството, почитувањето.

Наставни методи:

 Монолошко – дијалошка, дескриптивна, демонстративна,


аналитичко – синтетичка, метод на групна дискусија, метод на
игра.

Наставни форми:

 Фронтална, индивидуална, работа во парови, работа во групи.

Наставни средства и помагала:

 Енциклопедии, списанија;
 Интернет, компјутер, образовни софтвери;
 Дидактички средства и помагала;
 Извори на учење од непосредната околина – споменици;
 Театри, кина, музеи, саеми, библиотеки, национални паркови
итн.

Програма за воннаставни активности:

 Одбележување на државни, верски празници и други


значајни денови:
- 3 септември – почеток на учебната година;
- 8 септември – Ден на независноста на Република Македонија;
- 5 октомври – Ден на учителот;
- Одбележување на Детска недела;
- „ Македонија без отпад “ – собирна акција на хартија;
- 11 октомври – Ден на народното востание во Р. Македонија;
- 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба;
- 8 декември Св.Климент Охридски;
- Нова година;
- Божиќ;
- 8 март – Ден на жената;
- 21 март – Ден на екологијата;
- 1 април – Ден на шегата, маскембал;
- Ден на планетата Земја;
- Велигден;
- 1 мај – Ден на трудот;
- Бајрам;
- 24 мај – Ден на Словенските просветители.

 Планирани екскурзии:
- еднодневна есенска рекреативна екскурзија
- тродневна екскурзија во Западна Македонија
- организирано зимување за учениците
- еднодневна пролетна рекреативна екскурзија
- -организирано летување на учениците

 Планирани натпревари:

 Планирани посети:
- Посета на Музеј.

Времето на реализација ќе биде прилагодено според


содржините во текот на целата учебна година според Календарот за
работа на училиштето и Годишната програма за работа на
училиштето и одделението.

You might also like