You are on page 1of 1

Работен лист 2-2: ПОСТАПКИ НА ОЦЕНУВАЊЕ

Упатство:
Внимателно прочитајте ја секоја од ситуациите и крај секоја запишете која постапка на
оценување е употребена и за каква цел – за формативно (Ф) или за сумативно оценување (С).

Која Каква
Ситуација постапка? цел?
1. На крајот од учебната година, наставникот по биологија спроведува тест што
самиот го подготвил. Резултатите од тестот ги користи за да формира оценки на
учениците. Оценките ќе им бидат соопштени на учениците и ќе се чуваат во
училишната документација.

2. Наставничката го прашува со секој ученик за тоа што тие разговараат вон


училиштето. Таа планира да ги користи овие информации за да ги определи
книгите и списанијата коишто би можела да ги користи на нејзините часови по
јазик.

3. Од децата во шесто одделение се бара да ја оценат содржината на своите


есеи, користејќи скали од 5 оценки (одличен, многу добар, добар, доволен и
слаб). Овие оценки ќе се земат предвид при формирање на оценките на крајот
од полугодието.

4. Наставничката по хемија пополнува листа која покажува дали групата


ученици правилно го спроведува експериментот. Листата ќе ù послужи да го
регистрира учеството на секој одделен ученик и да го процени неговиот
придонес во групната работа.

5. Во текот на првото полугодие, секој ученик ги собира своите творби


изработени на часовите по ликовно во посебна папка. Од нив се бара за секоја
творба да напишат што во творбата најмногу им се допаѓа, а што најмалку, и да
понудат како би можело подобро да се изработат.

6. На крајот од полугодието, наставникот по математика спроведува тест што


самиот го составил. Намерата му е да ги користи резултатите за да ги определи
оние ученици на кои им е потребна дополнителна помош по неговиот предмет.

7. Наставничката бара од учениците прво да прочитаат даден текст за


демократијата во Европа во ХХ век, а потоа да состават свои прашања во врска
со текстот.

8. Наставничката по мајчин јазик бара од учениците да водат белешки во вид на


дневник за најзначајното нешто што им се случило во текот на денот. На крајот
од секоја недела, таа ги чита дневниците и освен што им пишува коментари, им
поставува и прашања на кои учениците треба да одговорат.

9. Наставникот по историја усно ги испрашува учениците во врска со претходно


обработената наставна целина. За одговор се јавуваат доброволци.
Наставникот внимателно ги слуша и става белешки за нивните одговори во
својот бележник.

You might also like