You are on page 1of 3

Чичко Горио

1. Почетокот на романот започнува со претставувањето на сиромашниот пансион на


госпоѓата Вокер. Кои е на четири ката, првиот кат бил најубав и таму седеле
најбогатите, во кои едниот стан е на Вокер тој бил помал. Како се качувале погоре
станевите биле се посиромашни. На последниот кат седел Чичко Горио, кои бил бивш
фабрикант на фиде,макарони и нишесте. Во поткровјето се наоѓал таван за сушење на
алишта и таму биле сместени слугата Кристоф и готвачката Силвија. Eжен де Растињак
живеел на истиот кат со чичко Горио и тој потекнувал од пропаднато благородничко
семејство и сакал да постигне нешто во животот, па тој работел и учел, но приметил
дека жените имале огромно влијание во општествениот шивот па решил да си најде
заштитничка. Неговата тетка го запознала со една богата девојка.На балот Ежен се
запознал со грофицата Анастазија де Ресто со која танцувал и ја поканил на средба. За
време на ручекот тој им раскажал за балот за Анастазија, а Горио го слушал со
задоволство и бил среќен. Кога заминал сите го оговарале и кажале дека таа му
припаѓала на Горио,всушност таа била неговата ќерка. Ежен утредента отишол кај
грофицата и се сретнал со нејзиниот љубовник Максим де Трај.Таа повеќе внимание му
обрнувала на Максим, а Ежен се обидувал да се бори со соперникот за вниманието на
Анастазија.Кога Ежен го спомнал Горио нивниот однос со Анастазија се сменил. Тој оди кај
неговата тетка Босеан и и кажува се и тогаш тој дознава дека Горио всушност и е татко на
Анастазија и на Делфина.
Кога бил млад, чичко Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со неговата упорност тој
успеал да се збогати, и по смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на
ќерките и ги разгалил.Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството
оставајќи си за себе само колку што му било потребно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа
станала грофица де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжан.

2. Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан каде
што седеле богатите. Секој ден се дотерувал, со убава облека, и со златен синџир. Но, неговите
ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, и тој станал сиромашен.Госпоѓата
Вокер сакала да го заведе Горио и да се омажи со него, но сфатила дека единствена љубов во
неговиот живот се неговите две ќерки, и се откажала од него.
Кога Ежен ја дознал вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат
повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажил. Босеан тетка му му
предложила да го запознае со Делфина која сè би дала за да влезе во високите кругови. Освен
тоа, сестрите биле многу завидливи и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и
врати на Анастазија за нејзиниот понижувачки однос кон него.
Ежен решил да преземе акција за да влезе во високото општество, па затоа им напишал писма
на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив,за да може
да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува
ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.
Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната за Вотрен и
Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу богатите
преку љубовни односи со богати жени.
Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек кој
се познава со сите, се разбира од сè, пријатен, услужлив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен
поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници – да се ожени со Викторина Тајфер.
Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала. Татко
и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека
преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена
наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива.
Влезот на Ежен во високото општество

3. Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека ќе го запознае со


Делфина.
Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов, сепак
попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина која била
пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува
Ежен на неа).
Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со
случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како неќерка
(всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè што се однесува на
неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен, пак, го потсетува на
разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја
отфрла сосема можноста за спојување со неа.
Со нова облека и почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои ѝ ги дава на Делфина за
да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен љубовник и на тој начин ја започнува врската
со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови, а за да се раздолжи позајмува
пари од Вотрен.

Расплетот на трите приказни

4. Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле, а


таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува
пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина загинал во
двобој.
Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избеган
робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За доказ,
требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека
била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и Поаре и
ги бркаат од пансионот.
Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.
Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè расипуваат. Прво доаѓа
Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна караница
меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и
се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина само ветува дека
иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е предоцна, а Анастазија доаѓа, но доаѓа
предоцна.
Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување, уште повеќе доаѓа
до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само празни кочии.
Не сакале ни да дадат пари, па Ежен го заложува својот часовник за да може да го плати
бедниот погреб на чичко Горио.
Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон Горио, но тој не се
откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество, лицемерието, злобата и
решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера кај госпоѓа
де Нисенжан“. (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е
поважна.)
Заклучок

Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се


претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите –
оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот.
Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.
 

You might also like