You are on page 1of 1

Џинот припаѓа на групата македонски просветители од средината на 19 век.

Тој е роден во велес во


1821 г. во сиромашно семејство на црковен клисар. По завршувањто на образованието во Самоков и Солун
тој дошол во Велес каде отворил училиште и почнал да предава на народен јазик Гркоманите, на кои им
пречела учителската работа на Џинот го протерале од Велес, па продолжил за учител во Скопје. Таму тој
отворил училиште кое станало едно од најдобрите во Македонија, и во него почнале да доаѓаат ученици од
низ цела Македонија. Но неговата работа на гркоманите и во Скопје почнала да им пречи, па повторно го
истерале. Тој извесно време престојувал во Белград, каде се запознал со истакнати културни дејци.

Џинот повторно се вратил во Скопје да работи како учител, но Турците го затвориле и го пратиле во
Призрен, па во Битола. Откако излегол од затвор, првен ја прошетал цела Македонија барајќи учителско
место, па потоа најдил во Прилеп. Но ни таму не останал долго, бидејќи повторно бил протеран, но овој пат
во Ајдан во Мала Азија. Таму останал три години и со помош на пријатели и роднини бил откупен. Се вратил
во Велес, каде отворил приватно училиште во кое работел се до пред крајот на животот.

Џинот освен што се занимавал 14 години со просветителска дејност, тој се појавил и како истакнат
културен деец. За училиштата во Македонија тој ја преработил ДОстиевата ,,Ижица,, како и букварот ,,
Таблица перваја,,. Тој исто така испечатил и свои дела, како што се описи на некои градови и манастири во
Македонија. Меѓу неговите ракописи има една ,,Хронологија,, и две збирки афоризми од познати
филозофи. Џинот има напишано и некои песни, како што му се ,,Плач за скопското училиште
многотрудное”, ,,Труд ми е името” , ,,Аврора”, ,,Рај божји”, ,,Реката Вардар”, ,,Горка чаша кнез Лазара”.

Песната ,,Труд ми е името,, е објавена во ,,Цариградски весник,, во 1851 г. Основен мотив во неа е
размислувањето на поетот за човечките добродетели: мудроста, љубовта и трудот. Според карактерот таа е
дидактичка, зашто нејзина основна цел е да поучи. Песната е составена од десет катрени. Таа нема
поголеми уметнички квалитети како песна, и покрај настојувањата на Џинот да го застапи познатиот
принцип во дидактичката поезија ,,Полезното да се испреплете со пријатното,,. Тонот на песната е
раскажувачки и сувопарен и таа сведоштво за обидите на овој наш преродбеник да пишува полезни песни
со кои ќе може воспитно да влијае.

Со името на Џинот е поврзана и појавата на првите драмски претстави кај нас. Тој со своите ученици
во Скопје подготвувал пијеси за крајот на учебната година за родителите и претставниците на власта, но кои
немаат оригинален карактер. Содржината им била различна: едни биле родољубиви,други дидактичко-
морализаторски, а некои преведени од грчката литература. Сите овие тексотви се само драмски обиди,
кои немаат голема уметничка вредност, освен историско-литературно значење.

Дијалошките сцени на Џинот биле прикажувани во скопското училиште, што се наоѓало до


црквата ,, Света Богородица,, која била изгорена во 1944 г. По богослужбите во црквата граѓаните за време
на поголемите празници, или на крајот на учебната година, оделе во училиштето да ги гледаат дијалошките
сцени што ги изведувале учениците на Џинот.

Џинот е најенергетичен македонски преродбеник, најсестраниот културен деец, кој ќе се појави


во повеќе духовни области. Тој бил журанлист, фолклорист, филолог, филозоф, историчар и прв драмски
работник кај нас-зачетник на македонската драмска уметност и литература.

You might also like