You are on page 1of 4

Госпоѓата Пернел се спрема да ја напушти куќата на својот син Оргон бидејќи никој не и

обрнувал внимание. Им дава совети на сите во куќата, но ја игнорираат. Таа почнува да му кажува
дека нејзиниот внук Дамис е глуп, Дорина дека е само слугинка и нема никаков збор во куќата,
најзината внука Маријана иако е многу мирна е таинствена, Елмира дека трошела многу пари.
Единствениот човек кој бил пристоен, бил Тартиф, кој според нејзино мислење бил перфектен.
Дамис и Дорина и двајцата велат дека таа е грешка и дека тој е хипокрит. Г-ѓа Пернел мисли дека
никој не го сака него бидејќи тој ги кажувал грешките на секој и нивните недостатоци. Дорина и
кажува дека сето тоа го вели од љубомора, бидејќи г-ѓа Пернел пред да остареше била дел од
светот, и сега плашејќи се дека ќе ја напушти, времето го поминува критизирајќи го. Г-ѓа Пернел
неможе да трпе вакви коментари и пред заминување им кажува каква среќа имат со тоа што
Тартиф е во нивниот живот.

Кога г-ѓа Пернела си заминува, Клеант неможе да ја испрати до врата бидејќи неможе да ја
слуша. Се чуди како Тартиф успеал толку да ја залажи во својата лага. Но Дорина спомнува како
нејзиниот господар, Оргон, е уште повеќе залажан во лагите на Тартиф. Елмира се враќа и му
кажува на Клеант како треба да се одмори пред да си го види маж и. Дамис му побарува на Клеант
да го распраша Оргон за венчавката на Маријана со Валмер, бидејќи тој ја сакал сестра му на
Валмер.

Кога Оргон се враќа во куќата веднаш се распрашува за Тартиф, а ги игнорира


информациите за жена му. Секој пат кога покажува грижа за Тартиф, Дорина му кажува лоша
информација за жена му. Тотално игнорирајќи ги информациите за жена му, Оргон постојано се
чувствува лошо за Тартиф, кој бил гостуван добро додека Оргон не бил таму. Откако Дорина си
заминува Клеант пробува да го критизира Тартиф, но Оргон упорен е дека Тартиф и добар и свет
човек. Клеант му кажува дека не стануваш јунак со зборови смели, туку со храбри и добри дела.
Оргон го слуша Клеант но не прифаќа ни еден збор што му кажува. Пред да си замине Клеант го
прашува Оргон за венчавката помеѓу Маријана и Валер, бидејќи тој го имал веќе дадено својот
збор. Наместо да му одговори директно, тој му кажува дека ќе направи како бог ќе рече. Клеант
забележува дека нешто не е во ред и планира да го предупреди Валер.

Оргон ја наоѓа својата ќерка и ја прашува да зборуваат насамо. Тој го бара нејзиното
мислење за Тартиф. Тој сака тој да му стане нов зет, а не Валер. Така тој ќе биде поблизок на
нивниот дом. Дорина го прекинува разговорот појавувајќи се ненадејно. Таа се смее за планот на
Оргон да ја омажи Маријана за Тартиф. Кога Оргон и кажува дека не е шега, дека тој е сериозен,
таа почнува да се смее уште повеќе, бидејќи мисли дека сеуште е шега. Дорина му кажува како
Тартиф е светец и немал потреба од жена. Таа исто кажува дека ако жена е пресилена да се
омажи за некој што не сака, сигурно ќе го изневери. Оргон пробува да а игнорира, но на крајот и
вели да замлочи и таа оди настрана. Тој продолжува да ја натера Маријана да ја прифати оваа
понуда. Дорина коментира за каква луда идеа е ова, и Оргон толку изнервиран оди да прошета
сам за да се смири.

Откако заминува Оргон, Дорина ја прашува Маријана зошто не се спротиставила на татко и


и не му кажала не. Таа и кажува дека долго време живеела на строгиот однос на татко и и сега не
можела да се спротистави. Дорина почнува да и објаснува како би било да се омажи за Тартиф, со
тоа Маријана и кажува дека попрво би се убила одошто да стапи во брак со Тартиф. Дорина и
ветува дека ќе најдат решение за оваа ситуација. Валер, свршеникот на Маријана, доаѓа и ја
прашува дали е вистина дека ќе се венча за Тартиф. Маријана кажува дека тоа е желба на татко и
и не знае како да постапи. Тој претпоставува дека таа не е против бракот и ја советува да се венча
за него. Маријана мисли дека тој не се грижи веќе за неа. Тие почнуваат да се карат дека тој
никогаш не ја сакал неа, ниту пак таа него. Дорина почнува да трчи помеѓу нив двајцата и да ги
смири, бидејќи неможе да ја трпи нивната караница. На крајот таа ги натера да си ја признаат
својата љубов еден за друг и ги смирува. Дорина ги советува да се преправа Маријана дека се
согласила со планот на Оргон, но да ја одложуваат венчавката се додека не најдат некое решение.
Дорина ќе побарала помош од некој близок.

Дамис е изнервиран, бидејќи слушнал за планот на Оргон да ја форсира Маријана да се


омажи за Тартиф. Дорина пробува да го смири, бидејќи веќе ја наговорила Елмира, жената на
Оргон, да разговара со Тартиф. Дамис сака да го слуша овој разговор па се сокрива во собирка и
прислушкува. Тартиф доаѓа и почнува да коментира. Тој неможел да ја гледа Дорина се додека не
си ги покриела градите со крпче, бидејќи неможел да се воздржи. Дорина му кажува дека и да го
видела него гол не би помислила на нешто такво. Прекинуваат со разговор и Елмира пристигнува.

Откако Тартиф коментира за здравјето на Елмира, изразува колку бил среќен дека конечно
бил насамо со неа. Таа му кажува како требало да разговараат за нешто, и тој си ги искажува
своите чувства кон неа. Таа го потсетува дека тој своето внимание треба да го посвети на бог, а не
кон неа, но тој кажува дека и човек што верува му е дозволено љубов. Тој ја нуди својата љубов
кон неа, и дека ако е со неа не би ја следело лош глас, бидејќи и тој би сакал да си ја зачува честа.
Таа му кажува да престане со разговорот како и планот да се венча со Маријана, бидејќи ако не ќе
кажи се на Оргон. Дамис неможе неможе да се воздржи веќе и испаќа и кажува дека ќе го издаде
Тартиф за каков хипокрит е. Елмира пробува да го спрече, но со неговата омраза кон Тартиф
неможе да го спрече.

Оргон пристигнува во тој момент и Дамис пробува да го издади Тартиф. Оргон се чуди на
Тартуф, кој извикува на најрелигиозниот јазик дека е злобен, расипан и дека заслужува да биде
истеран од куќата. Тој немаше да се брани од какво било обвинение Оргон или Дамис сакаат да
израмнат против него. Оргон се свртува кон Дамис и го обвинува како би сакал да го извалка
името на чесен човек. Тартиф му вели на Оргон да му поверува на зборовите на Дамис, бидејќи тој
бил најзлобен и гаден човек на светот. Оргон се свртува кон Дамис и го нарекува злосторник.
Тартиф го моли Оргон да не го повреди Дамис. Тој не се извинува на Тартиф, па Оргон го брка од
куќата. Тартиф предложува и тој да си замине од куќата, но Оргон се спротиставува. Тој сака да го
направи своето семејство љубоморно, со тоа што Тартиф ќе го направи наследник на неговото
богатство и негов зет. Како тргнуваат да ги земат документите, тој се осигурува дека Тартиф вреде
повеќе од жена му, децата и неговите роднини.

Клеант разговара со Тартиф, дека неговата постапка за татко да си го остави својот син не е
дело на свет човек. Тартиф се спротиставува на тоа, дека тој би сакал Дамис да се врати во својата
куќа, но се грижи дека луѓето грешка ќе го сватат тоа. Тој исто така објаснува дека не ни сакал
богатство, ама ќе го прифател бидејќи не сакал да остане во грешни раце. Клеант ги покажува
грешките во неговите одлуки, дека поарно Демис да ги фрли парите во кал, одошто него да го
укриват за грабеж. Тартиф си заминува, кажувајќи дека треба да ги изврши своите обврски.
Елмира, Маријана и Дорина пристигнуват, и го молат Клеант да остани да им помогни да го убедат
Оргон дека е грешка. Кога Оргон пристигнува со документите за Маријана, таа паѓа на колена и го
моли да не ја форсира да се омажи за Тартиф, подобро да му го даде цело богатство него, одошто
да се омажи за човекот што не го сака. Клеант го советува Оргон дека не ја прави правилната
одлука но тој не му верува. Елмира предложува чим не му верува на нивните зборови, можеби ќе
поверува кога ќе види тој со свои очи и слушне со свои уши како Тартиф ја изразува својата љубов
кон Елмира. Оргон бидејќи има голема доверба во Тартиф се согласува со овој план. Елмира им
наредува на другите да си одат, а Оргон да се крие под маса, и да го прекини разговорот на
Елмира и Тартиф кога ќе свати дека Тартиф е хипокрит.

Кога Тартиф пристигнува Елмира му наредува да ја затвори вратата за да не ги прекинат


повторно. Таа му кажува колку е среќна што го гледа, а Тартиф е зачуден со оваа. Таа му кажува
дека пред тоа така се однесуваше бидејќи веста за Маријана и него ја направиле љубоморна.
Тартиф не и верува на почетокот па побарува да му докаже. Таа го прашува дали нејзината љубов
кон него би била навредлива за бог, и тој ја уверува дека не би било грешно ако се случува
таинствено. Елмира побарува Тартиф да провери дали некој е надвор да преслушкува пред да си
ги изрази своите чувства, особено нејзиниот маж. Тој и вели дека тој и да ги види заедно би
помислил нешто друго. Таа сепак инсистира да провери и со тоа тој испаѓа од собата. Оргон испаѓа
од под маса, целосно изненаден. Елмира му вел да се сокрие повторно се додека не е целосно
задоволен, но Оргон им верува. Кога Тартиф се враќа Оргон му наредува да си замине од неговата
куќа. Тој го потсетува дека куќата сега е всушност на Тартиф, и дека Оргон треба да биде тој да си
оди.

Оргон и објаснува на Елмира дека на Тартиф му дадил ковчег, во кој имало документи од
негов пријател и ако биле издадени во јавност, тој и неговиот пријател би биле во голема неволја.
Оргон неможе да поверува колку злобен бил Тартиф, и ветува дека од тогаш ќе ја мрази цела
човекова раса. Во тој момент доаќа Дамис, и единствен избор би било да го убиат Тартиф. Клеант
ги советува да се воздржат.

Г-ѓа Пернел доаѓа и и кажуваат за се што се случило. Таа ги укривува дека нивниот живот
станал толку досаден, што почнале да мразат невин човек. Оргон пробува да објасни дека тој
видил се со свои очи но таа не му верува. Во тој момент на вратата се појавува полицаецот, г-дин
Лојал. Тој му кажува дека неговиот татко работел за татко му на Оргон и жал му е да ги избрка од
куќата, која сега е на Тартиф. Тој му дозволува да си заминат утредента, но дотогаш со нив мора
да останат и тој и уште десет други луѓе. Кога г-дин Лојал си заминува, Оргон и се обраќа на мајка
му за предавството на Тартиф.

Валер се појавува и му кажува како слушнал за некои тајни документи на Оргон, коишто
Тартиф ги предал на кралот. Тартиф го нарекол предавник и му предложил на кралот да го
затвори. Валер дојдил со пари, да му помогни да избега од државата. Како тргнаа да си одат,
полицајци пристигнуваат со Тартиф. Тартиф му кажува дека е уапсен и единствениот пат којшто ќе
го оди е до затворот. Кога Оргон го потсетува Тартиф за неговиот долг, тој му кажува дека
единствена задача му е да му служи на кралот. Тартиф му наредува на полицајците да продолжат
со нивната задача, но тие го затвараат Тартиф, а не Оргон. Тие му кажуваат како кралот знаел дека
Тартиф е хипокрит и лажливец и дека не би можел да го измами него. Кралот му опростил на
Оргон за тоа што ги криел документите, и дека неговата лојалност кон кралот сега е наградена.
Како Оргон се спрема да му каже нешто на Тартиф, Клеант му вели да заборави, и своето
внимание да го сврти кон подобри работи. Оргон тогаш ја дава својата ќерка Марјана на Валер за
жена.

You might also like