You are on page 1of 2

Театар на апсурдот и новиот роман во литературата

Театар на апсурдот (антидрама или новиот театар) се јавува како ново продолжение на
развитокот на модерната во Франција. Се јавува на почетокот на 50тите год. и се развива до
крајот на 60тите години на 20 век. Најзначајни претставници и втемелувачи се: Семјуел Бекет,
Ежен Јонеско, Жан Женет и Артур Адамов. Она што ги поврзува независно еден од друг е
атмосферата на безнадежност.

Најзначајни дела на драмата/театарот на апсурдот се драмите на Женет: Слугинки, Црнци и


Паравани; драмите на Јонеско: Ќелавата пејачка, Столови и Носорог; драмата Инвазија на
Адамов, и драмите на Бекет: Чекајќи го Годо и Среќни денови.

Во поетиката на новиот театар, апсурдната изгубеност на човекот во светот на бесмисленоста е


прикажана на рамништето на говорот. Бесмисленоста на повторување на едни исти
бесмислици ја покажува апсурдноста на самата драмска ситуација. Притоа, театарот на
апсурдот ги отфрла сите препознатливи белези на класичната драмска структура. Оттаму и
името антидрама.

Карактеристики на антидрамата се: драмскиот говор/дијалог, театарот на апсурдот е


своевиден поетски театар, за апсурдот новиот театар говори со апсурден јазик, го приажува
апсурдот на комуникацијата.

Првата апсурдна драма е Кралот Иби на Алфред Жари поставена во 1896 година. Во периодот
меѓу двете светски војни значаен претставник на театарот на апсурдот е италијанскиот
драмски писател Луиѓи Пирандело. Епскиот театар на Бертолд Брехт.

Новиот роман се јавува паралелно со појавата на новиот театар, од 50тите до 70тите години на
20 век. Претставници се: Ален Роб-Грије, Семјуел Бекет, Натали Сарот, Мишел Битор и Клод
Симон. Најзначаен мотив во романите на овој правец е мотивот на скитањето.
Егзистанцијалистичкиот мотив на бездомништвото во светот овде е претставен во заскитаноста
низ просторот-лавиринт. Скитањето и лавиринтот се метафорична слика на обезличниот и
обесмислениот свет.

Претходница на новиот роман е модерната проза, чиј претставници се: во Франција: Марсел
Пруст, во Англија: Џејмс Џојс и Вирџинија Вулф.
Семјуел Бекет е раскажувач, драмски писател и критичар, кој светска слава ќе стекне со своето
драмско творештво. Тој е добитник на Нобелова награда за литература во 1969 г. Роден е во
Фоксрок, во близина на Даблин, во протестантско семејство. Се школува во Даблин каде се
стекнува со диплома од областа на студиите на францускиот јазик.

Од 1928 г. две години престојува во Париз како англиски лектор и ги усовршува своите
познавања на францускиот јазик и литература. Во овој период тој се запознава и со Џејмс Џојс,
ќе стане член на неговиот кружок и ќе ги напише своите први дела на англиски јазик: две
поетски книги, збирка раскази и романот Марфи (1938). Од 1938 г. постојано живее во Париз.
Во француската литература се вбројува меѓу најзначајните драматичари на театарот на
апсурдот.

Негови најзначајни дела објавени по војната се романите: Молоа, Малон умира и


Неименливото, и драмите: Чекајќи го Годо, Крај на игра и Среќни денови. Карактеристични се
и драматикулите Појди-дојди и Чин без зборови.

Антидрамата Чекајќи го Годо е издадена во 1953 г. на сцената на театарот Вавилон. Драмското


дејство е организирано во два чина, и во неа речиси ништо не се случува. Во почетокот на
драмата Естрагон и Владимир го чекаат Годо, и на крајот на драмата тие уште го чекаат Годо.
Во меѓувреме водат бесмислен разговор. Ништо не е извесно, ниту времето, ниту местото.
Главни ликови во драмата се Естрагон и Владимир (како и Годо којшто само се спомнува), а
споредни се Поцо и Среќко.

Годо- кој никако не доаѓа, ја претставува иразионалната надеж на човекот дека нешто што се
уште не е тука допрва ќе ја донесе смислата на „вистинскиот живот“. Во отуството на Годо е
нагласена апсурдната човекова ситуација на „чекање“ вистинскиот живот да се случи.

You might also like