You are on page 1of 8

Language A: Macedonian HL

Written Assignment

Идеолошкиот конфликт во драмата ,,Диво месо‘‘ како причинител за

нарушените семејни односи на  семејството Андреевиќ.

1
„Диво месо“ е семејна драма напишана од македонскиот великан, Горан

Стефановски во која темата е распаѓањето на едно предводено македонско

семејство. Највлијателните причини кои водат до распад на семеството

Андреевиќ се сосема различните сфаќања на животот на сите членови од

семејството. Дејството на драмата Диво месо се одвива непосредно пред

почетокот на Втората светска војна. Уште на самиот почеток, со првата

реплика во драмата : „Ќе има војна‘‘(Стефановски, 2002: 33), Горан создава

услови за извонредна драмска тензија , состојба на неизвесно исчекување.

Оваа состојба на премин се регистрира и во културата поврзана со просторот

на одвивање на дејството: Скопје пред Втората светска војна. Во тој период, на

територијата на Македонија, навлегуваат многу различни идеологии кои

влијаат на македонскиот народ. Горан Стефановски тие идеологии во оваа

драма ги претставува преку ликовите, односно носители на различните

идеологии се ликовите. Всушност, доаѓаме до еден идеолошки конфликт кој

претставува судир меѓу различните идеологии во драмата, во овој случај

ликовите. Во овој случај, идеолошкиот конфликт во дрмата доведува до еден

пораз, односно завршува фатално за членовите на фамилијата Андреевиќ, со

тоа што фамилијата целосно се растура. Со ова се раскинува идеолошкото

единство во нашата култура. Всушност се работи за средбата на една

доминантно усна култура со нови академски писмени идеологии. Оваа средба

секогаш создава длабоко разнишување на моралните вредности и

предизвикува криза во меѓучовечките односи. Всушност, се работи за криза на

индивидуалниот и колективниот идентитет. Стефановски оваа колективна

2
криза ја преиспитува на ниско ниво – во рамките на една семејната задница.

Покрај членовите на семејството Андреевиќ, во драмата се присутни и други

ликови кои го дообјаснуваат и на некој начин го красат поширокиот

општествено-културен контекст. На пример, текстот го допира и еврејското

прашање, преку ликовите на Херцог, Сара и Клаус. Не случајно, првата сцена

во која се среќаваме со ликот на Херцог е железничката станица што е, исто

така, место на преминот од една во друга состојба и исчекувањето на тој

премин.

За да настане еден идеолошки конфликт, дрмата мора да поседува некоја

тензија која низ драмата ќе ескалира во конфликт меѓу ликовите. Драмската

тензија е една од најсуштествените одлики на драмскиот текст. И самиот

Стефановски во својата Мала книга на стапици 1, ја наведува како неопходен

елемент во структурата на драмскиот текст. Драмската тензија може да биде

поврзана со одреден настан или ситуација, да произлегува од

спротивставените гледни точки на ликовите, од местото или времето на

одвивање на дејството. Уште на самиот почеток на драмата, во експозицијата,

дејството е сместено во тензичен историски контекст, непосредно пред

Втората светска војна и започнува токму со зборовите на Димитрија: „Ќе има

војна‘‘(Стефановски, 2002: 33). Силната тензичност на самиот почеток на

драмата е нагласена од неколку околности, но и од односите меѓу ликовите во

драмата. Дејството се концентрира околу битен настан, домашната слава, свет

симбол на семејната традиција. Но се чини дека нејзината светост, речиси

никој повеќе не ја почитува. Најстариот син, Симон, е пијан, доаѓа дома жалејќи

се на сопствената работа и животот; средниот син, Стево, доаѓа дома да објави


1
Горан Стефановски: Мала книга на стапици; Скопје: Табернакул, 2003

3
дека вечерта на славата ќе оди на прием, којшто за него е многу поважен од

заедничката семејна вечера, бидејќи, според него, од тоа зависи неговата

кариера и иднина, а најмалиот син, Андреја, се занимава со илегална

револуционерна дејност и мора да замине поради подготовките за штрајк.

Синовите и таткото се караат меѓусебно на еден празничен, свечен ден и токму

тоа е она што го навестува скорешниот распад на семејството. Ликовите во

драмата Диво месо ги претставуваат различните идеологии на свет, кои

преовладуваат во Македонија, воедно и на Балканот, во времето пред Втората

светска војна. Марија и Димитрија се ликови на традицијата, која тие не

успеваат да ја одржат и која е уништена преку симболиката на срушениот дом

на крајот од драмата. Димитрија го губи авторитетот, позицијата на Татко во

патријархалното семејство. Неговата состојба на хендикепиран човек, во

инвалидска количка ја симболизира неговата изгубена моќ, што се

манифестира во неговата нетрпеливост, разочараност, како и во фактот што не

е сфатен сериозно од останатите. Марија има изразено претчувство за

скорешната пропаст и таа е онаа што интуитивно го најавува распадот на

семејството, но и рушењето на куќата, со симболиката на сонот во првата

сцена. Таа го идентификува дивото месо што го уништува семејството, кое таа

очајнички се обидува да го обедини и задржи. На крајот, не можејќи да се соочи

со пропаста на домот и ирационалноста на времето во кое живее, таа конечно

го губи разумот и ментално престојува во времето на градењето на домот.

Најмладиот Андреја се идентификува со работничкото движење и

прогресивната пролетерската идеологија. Тој има активен став кон животот и

изразена емпатија и свест за состојбата на светот околу себе: „ А треба да се

трча. Да се трча‘‘. (Стефановски, 2002: 38); „Напротив. Секој мора да се

4
потруди да стане она што може да биде‘‘ (Стефановски, 2002: 72). За разлика

од Стево, кој се срами од своето потекло, кај Андреја го нема комплексот на

инфериорност. Затоа тој може да живее според новата идеологија, а

истовремено да има разбирање и почит за своите родители како што во сцена

8 го брани татка си од нападот на Стево. Неговиот интегритет е особено

забележлив во неговиот дијалог со Клаус, при неговата посета во домот на

семејството. Тој е единствениот кој може со Клаус да расправа на рамна нога

и да ја разобличи неговата идеологија. Симон ја претставува фаталистичката

идеологија. Tој верува дека човекот умира онаков каков што се раѓа и дека е

тоа неговата неизбежна предодреденост: „Луѓето се секогаш исти. Какви ќе се

родат, такви умираат.‘‘ (Стефановски, 2002: 59). Самиот си ја предвидува

иднината во мигот кога го спомнува своето име меѓу умрените што ги опева

попот. На крајот од драмата умира бизарно. Тој интензивно ја чувствува

апсурдноста на егзистенцијата, доживувајќи се како жив мртовец: „Јас не сум

тука. Вие мислите тука сум, а јас таму. Ајде Стево, ти си поучен од мене,

објасни ми го тоа. Како тоа јас сум жив?‘‘(Стефановски, 2002: 88). Стево е

целосно опиен од амбицијата за успех, која лежи во основата на западната

капиталистичка и прагматична филозофија, поради која ги презира

традиционалните сфаќања. Иронично, на крајот завршува со потсечени крилја

и го фаќа за гуша оној во кој ја гледал сета надеж за остварување на својата

среќа. Стево сопственото потекло го објективизира во своето семејство, а,

всушност го чувствува како дел од себе. Тој своето потекло го доживува како

диво месо, како нешто што го приковува на земјата и не му дозволува да

„летне“ кон светлата иднина: „Мене ме вика Европа, а вие не ме признавате за

човек во ова посрано маало. Да можам да се откачам од вашето лепило, ќе

5
летнам!‘‘ (Стефановски, 2002: 75) .Стево е лик кој доживува изразена

транзиција на убедувањата низ текот на дејството, а воедно транзитира низ

различните простори претставени во драмата. Тој е жариштето на

расколебаниот идентитет на човекот на новото време. Всушност, тој е жртва на

својата дезориентираност во однос на својот идентитет. Ова јасно го

идентификуваат членовите на неговото семејство, но пред сѐ Сара и Клаус.

Сара јасно му го посочува неговиот комплекс на инфериорност и желба

однадвор да му биде потврдена неговата лична вредност. Ова е особено

видливо при посетата на Клаус во неговиот дом во сцена 8, која воедно ја

преставува кулминацијата на драмата. Неговиот раскол со семејството е

видлив по заминувањето на Клаус од нивниот дом, во конфликтот со

Димитрија за тоа дали треба да се продаде куќата и кој од нив, воопшто,

успеал да постигне нешто во животот. Од оваа точка, нештата за него и за

семејството вртоглаво тргнуваат кон пропаст. Меѓутоа, целта на драмата Диво

месо не е само да го пренесе погледот на западна Европа кон словенството и

Балканот, туку да преиспита на кој начин таквиот поглед влијае врз нашата

самоидентификација. Ова се преиспитува преку сите припадници на

семејството Андреевиќ, а особено преку ликот на Стево. Конфликтот на

различните идеологии се забележува и во светогледот и родовите улоги на

женските ликови. Марија и Вера сочинуваат своевиден континуитет и ги

олицетворуваат типичните одлики на жената во традиционалното

патријархално семејство. Во нив се забележува митското циклично сфаќање на

животот: и на двете основна грижа им е да се зачува и обнови циклусот на

животот, како и традиционалните животни вредности. Марија има изразена

интуиција и духовна проникливост: таа прва го препознава и дефинира дивото

6
месо и интуитивно го претчувствува распадот на семејството. Кај Вера се

забележува амбивалентниот однос во поглед на својата улога во семејството,

јасно изразена уште во нејзините реплики во сцена 1.

Но кај неа преовладува инстинктот за продолжување на животот, со што е

силно вкоренета во традицијата. Нејзиниот мајчински инстинкт е видлив и во

нејзиниот однос кон Симон, изразен главно низ невербалната комуникација со

него.

Конечно, оваа драма има исклучителна етичка и естетска вредност, бидејќи

на гледачот му е тешко да заземе страна, односно секој поединечен поглед на

светот, олицетворен во одделните ликови, има своја валидност, што зборува

за фактот ликовите се исклучително автентично изградени.

Број на зборови: 1461

7
Библиографија:

Стефановски, Горан ,‚Диво Месо‘‘, ТАБЕРНАКУЛ, 2002

You might also like