You are on page 1of 1

Јазикот е нашето најголемо духовно културно наследство и ние мораме да го чуваме како

нешто најсвето, зашто нашите предци во мошне тешки и неповолни историски околности се
изборија за правото на употреба на својот јазик, за докажување на неговата посебност...
Mакедонскиот јазик денес е познат и афирмиран во светот со својата јазична структура и богат
лексички фонд и има свое место во словенското јазично семејство. Нашата многувековна писмена
традиција е најголемо сведоштво за посебноста на македонскиот јазик и самобитноста на
македонскиот народ.

Секој човек го зборува јазикот во зависност од тоа колку е интелектуално способен. Иако е
вродена биолошка способност, јазикот е процес кој трае, и затоа се учи цел живот. Лингвистиката
е наука за јазикот со кој комуницираат луѓето. Таа го проучува јазикот како средство за
комуникација, а во неа, одделно се проучуваат јазичните нивоа, нивната интеракција и
различните јазични стилови.

Лингвистиката го разгледува јазикот како систем од знаци, систем кој функционира како жив
организам. Секој јазик си има своја структура. Тоа е мрежата на односи помеѓу знаците – јазични
единици. Како е можно со само 31 глас во нашиот јазик да пренесеме многу соопштенија, да
напишеме прекрасна литература, да создаваме научни дела? Тоа го изучува лингвистиката, тоа се
учи на часовите по мајчин јазик. Се учи јазичниот систем. Во нашиот јазик, овие гласови се
организираат и се комбинираат на различни нивоа и формираат единици што изразуваат значења:
од најмали (морфеми) до најголеми (текстови). Тоа се учи на часовите по македонски јазик, по
граматика.

You might also like