You are on page 1of 1

Карактеристиките на Романтизмот во делото „Страданијата на младиот Вертер„ од Гете

Романтизмот е уметничко, книжевно и интелектуално движење кое се појавува како реакција


против радикалниот рационализам од ерата на просветителството. Тоа се заснова на отфрлање на
редот, смиреноста, хармонијата, рамнотежата и социјалните и политичките норми на
аристократијата што претставуваа неокласицизам.

Затоа, прва карактеристика на романтизмот е субјективноста, односно ставањето на


индивидуалниот став на централно место. Во „Страданијата на младиот Вертер“ романтичарот
Гете ја нагласува субјективноста преку задавањето централно место во неговото дело на една
чиста романтичарска душа прикажана со ликот на Вертер, претставник на граѓанската класа. Иако
тој е интелектуалец и талентиран уметник сепак прилично неодговорно, интригански се однесува
во младоста,изразувајќи незадоволство и во својата работа.

Романтизмот по дефиниција претставува бегство од реалноста, па неговата втора


карактеристика е незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто далечно и непознато. Во
своите творби романтичарите го изразувале својот стремеж за бегање во далечни краишта, во
минатото, кон нешто непроживеано, нешто што само се насетува. Така младиот Вертер водејќи
распуштен живот кој набрзо ќе му здодее решава со цел да се подобри да го напуши градот,кој е
симбол на цивилизираното опшество. Заминува во природата,чувствувајќи ја како божја рајска
градина и кон истата гледа со восхит. Вертер посакувал да има иста таква божја сила како бог
творец за да може таа убавина да ја пренесе на хартија поради тоа што после долго време му се
јавува творечкиот импулс.

Слободата во творењето е третата карактеристика на романтизмот која довела до создавање


нови литературни видови, како што се: историскиот роман, роман компониран во облик на писма,
дневници, мемоари, романот во стихови и поемата. „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете, е
роман напишан во вид на писма, односно како еден вид дневник. Писмата се упатени кон
пријателот Вилхелм, но од него немаме одговори, па затоа наликува на дневник. По гетеовиот
роман "Страдањата на младиот Вертер" сè повеќе се наметнал романот во облик на писма, и
интимни записи.

Напоредно со погледите кон минатото и истакнувањето на индивидуалноста кај


романтичарите се создавало зголеменото национално чувство што придонело да порасне
интересот за традицијата и народното творештво. Така и во делото на Гете младиот Вертер
живеејќи во осаменост од далеку го набљудува народот и враќајќи се кон традицијата тој им се
восхитува на луѓето. А луѓето се претставени како добри,вредни,едноставни и простодушни со
пратријахално воспитување.Во ваквата изолација опкружен со вакви луѓе Вертер се чувствува
прекрасно.

И како последна карактеристика на романтизмот е посебното место во романтичарската


литература кое и се дало на жената, која е опишана како прекрасна убавица, благородно,
возвишено суштество кое дарува среќа и го осмислува животот. А тоа ни помалку не е изоставено
во„Страдањата на младиот Вертер“. Всушност темата на ова дело е силната, младешка,
неостварена љубов на Вертер кон Шарлота (Лота).

You might also like