You are on page 1of 1

Eдно убаво изненадување

Беше месецот Октомври. Тој месец мене ми е убав зашто тогаш е


мојот роденден. Денот не ми беше баш погоден затоа што ме болеше
грлото, а требаше да ми дојдат гости, да ги дружам братучедите, да
дувам свеќи и се друго за роденденска забава.
Беше викенд, мајка ми и сестра ми ги правеа последните подготовки
за мојата роденденска забава, а мене многу чудно ми беше додека го
немаше мојот татко и постариот брат. Гостите почнаа да доаѓаат,
забавата да тече, а нив уште ги немаше. Ја прашував мајка ми каде се,
но таа одговараше со “не знам”. Замижав да ги дувнам свеќите и чекав
да дојде тортата. Кога пред мене се појаваи татко ми со голем пакет во
рацете. Неможете да замислите какви мисли ми поминаа во тој момент.
Што има внатре!? Што е сега ова, никој ништо не ми кажа? Го отворив и
видов дека тоа е подарокот што го барав долго време од моите
родители. ГЕЈМЕРСКИ КОМПЈУТЕР! Лично мој, само за мене, компјутерот
од соништата.

Бев многу изненаден. Со солзи радосници го изгушкав татко ми, а


потем и мајка ми. Тие беа главните виновници за мојата среќа. Го
сместив компјутерот во мојата соба и замислете беше готов
конфигуриран и можев веднаш да симнам игра. Додека сум жив ќе го
памтам мојот 11-ти роденден и мојот прв гејмерски компјутер.

You might also like