You are on page 1of 3

Есеј:

Тема: ,, Причини
за Првата Светска
војна”

Првата светска војна ( 28 јули 1914- 11 ноември


1918г) позната како Голема војна и Војна на
нациите.Повеќе од 70 милиони воени лица
вклучувајќи ги и 60милиони Европејци биле
мобилизирани во една од најголемите војни во
историјата.Загинале повеќе од 9милиони борци и 7
милиони цивили. Оваа војна била една од
најсмртоносните конфликти во историјата, и го
отворила патот за големи политички промени.
Дебатите за причините за Првата светска војна
започнале со самиот почеток на војната.Постојат
различни мислења за причините за почетокот на
војната. Се смета дека убиството на Франц
Фердинанд и неговата сопруга Софија во Сараево на
28 јуни 1914г, атентаторот Гаврило Принцип и
организацијата Млада Босна биле главни виновници
за почетокот на војната.Но постојат и други толкувања
за причините.Една група историчари сметаат дека
економските фактори, порастот на национализмите
територијалните спорови како и трката во
вооружување и формирање на сојузи и мрежи за
сојузувсње се главни причини за почеток на ввојната
Таа започнала таму каде што се случил атентатот, на
Балканот. Се започнало со обвинувањето на Австро-
Унгарија дека Кралство Србија стои позади атентатот.
До почетокот на војната биле оформени два воено-
политички сојузи: Антантата ( Велика Британија,
Русија и Франција) и Тројниот сојуз или Централните
сили( Австро-Унгарија, Германија и Италија) Но
Италија не се приклучила на Тројниот сојуз иако била
дел од него, и во 1915 се придружила на
Антантата.Покрај овие причини постојаѕ и други од
кои можеби една од најважните е тогашното
разбирање а тоа е дека националните цели на
државите можат да се остварат само со војна. Тоа
бил случај и со оние кои во Австро-Унгарија во 1914
биле против војната како средство за решавање на
конфликтот со Србија. Ова разбирање е резултат на
нивото на развој на општеството и образованието.
Со тоа разбирање ги поттикнувале и подотвувале
младите генерации за конфликти.Долго време
требало да помине за да се случи уште една војна-
Втората Светска војна за да се промени пристапот и
разбирањето на политиката, односот меѓу државите и
улогата на образованието и општествата.

You might also like