You are on page 1of 1

Војната ги прекинува детските игри

Војна – тоа е најстрашното нешто што може да му се случи на човештвото. Сведочењата на


нашите предци само ни помагаат да ја дознаеме вистината на тоа што се случува во војната. Ако
само се навратам година нааназат можам слободно да кажам дека и ние бевме сведоци на една
необјавена војна каде страдаа многу наши блиски.

Во текстот кога Цутат бадемите дознаваме за детските желби кои се заробени заедно со се
останато во војната. Трите девојчиња сведочата за детските соништа, желби и мечтаења исто како
во сказните со убав крај. И зарем тоа не е нормално за едно девојче?

Како што пролетта ја буди природата така и овие три девојчиња кои живеат куќа до куќа ја
потикнуват својата желба што сакаат да прават кога ке излезат од овој сон што го носи војната.
Некоја сака волшебна маса со убава храна, друга сака да шета со убави фустани и сите да се вртат
по неа, а пак третата да биде Трнорушка за да го преспие овој страшен сон што им се случува и да
гледа сонце, гулаби, цвеќиња и се што носи слободата. Секоја нивна желба, секоја нивна игра е
прекината од некој што сее бомби, куршуми, заробувања и смрт. КОлку може да биде тежок
животот на едно дете што неможе да трча, да се смее и да сонува убави нешта?

Секоја сказна има убав крај но секоја војна носи само жал, солзи и загуба на тие што ги сакаме.

You might also like