You are on page 1of 2

Писмена Работа бр.

1 “Опис на лик или личност”

Животната приказана на еден од многуте заробеници на концентрациониот логор Аушвиц е


раскажана од Хедер Морис. Таа лично се познавала со Лале Соколов, Словачки евреин кој ја
доживеал судбината на многуте Евреи во Втората Светска Војна.

Лале е дваесет и пет годишен малдич од Словачка кој одејки кон своето новото работно место
случајно се нашол во еден од вагоните кои ги пренесуваат евреите во Аушвиц. Тој е убаво облечен
и носи мало куферче во кое има книги и кои требало да му помогнат во работата. По неколку
часови поминати во возот Лале дознава дека сите луѓе со него се Евреи исто како и тој и дека ги
носат кон логор во Полска.

Во логорот Ладе е избричан и носи нова облека која ја добиаат сите тамошни станари. Во тие
моменти на прилагодување на новите услови на живеење тој станува сведок на болни моменти во
животот на сите луѓе кои се сместени таму. Овие ужасни случувања стануваат дел од неговиот
живот и мора да се навикне на нив за да може да преживее. Неговото ведро лице и добра душа
зрачат и на луѓето околку него делуваат смирувачки во тие денови на ужас и страв. Набргу по
доаѓањето тој заболува од тифус, болест која усмртила многу луѓе. Додека бил болен, човелот кој
ги тетовирал лугето на влезот во логорот со бројчиња, Пепан, се заинтересирал за Лале и му
дозволил да стане негов чирак. Човекот кој знаел неколку јазици и може да помогне на
најразлични начини станува тетовирач на бројчиња на сите оние кои ќе стапнат во Аушвиц и
остава траен белег во нивниот живот.

По две години поминати во логорот Лале запознава една убава, млада жена на чија рака ќе го
истетовира белегот на ова место. Тоа било љубов на прв поглед. Таа ќе му ја врати надежта и
силата за да опстанат во тие нечовечки услови и да најде начин да избегат од логорот.

По исчезнувањето на Пепан, Лале станува главниот тетовирач. Ова му дава повеќе привелегии во
кампот вклучувајќи ја и можноста да комуницира со Гита која ќе стане жената на неговиот живот.
Таа работи во еден од магацините во логорот во кој се сместени одземените предмети на
затворениците, и често пати му дава на Лале вредни предмети кои ги продава за да обезбеди
храна и лекови за затворениците изложувајќи се на постојан ризик да го фатат и да го стрелат.

По веста дека руската армија напредува, Лале и Гита ги разделуваат во различни кампови. Гита
успева да избега од кампот заедно со уште три пољакињи и заминува за Братислава. Лале пак,
бил преместен во логор од каде што успева и тој да побегне. Барајќи помош како од сојузници,
Ладе ги замолува Руските војници да му помогнат но, тие го принудуваат да работи во една вила
во сопственост на Русија, поради неговото зборување на повеќе јазици.
Бегајки од таму Лале се упатува кон неговото родно место за даја пронајде својата фамилија. Тој
бргу ја наоѓа неговата сестра но, дознава дека неговите родители исчезнале, а дека неговиот
постар брат бил убиен. Иако ова му предизвикало голема болка и тага тој сепак добива
мотивација да ја пронајде Гита. По две недели чекајѓи на железничка станица во Братислава, тој
ја забележува својата сакана на една улица. Оваа средба ја доживуват како почеток на нов живот
за нив двајцата. На оваа средба тие се заколнуват на љубов и никогаш повеќе не се разделуваат.

Оние што успееале да го преживеат Аушвиц се луѓе со големи трауми, болки во душата и
обележани за цел живот. Лале, како затвореник на Аушвиц успева да пронајде светла точка во
мракот на логорот. Неговата љубов кон Гита, младиот и полн дух, надежта, храброста, трпението
го прават овој човек силен да ги преброди сите стравови и неизвесности. Ладе е херојот на
времето во кое што живеел, човекот кој го сакал животот повеќе од се.

You might also like