You are on page 1of 2

Писмена Работа бр.

1 “Опис на лик или личност”

Животната приказана на еден од многуте заробеници на концентрациониот логор Аушвиц е


раскажана од Хедер Морис. Таа лично се познавала со Лале Соколов, Словачки евреин кој ја
доживеал судбината на многуте Евреи во Втората Светска Војна.

Лале е дваесет и пет годишен малдич од Братислава кој е принуден од страна на Германски
војници да се качи на еден вагон полн со други луѓе. Иако овој младич незнаеше каде оди, сепак
беше убаво облечен. Затоа вагонот со луѓе мислел дека тој знае каде одат. По неколку часови
поминати во вагонот Лале разбира дека сите луѓе на возот се Евреи. Тој беше исплашен но сепак
имаше ведро лице во кое многу луѓе наоѓаа некаков мир. Пристгнувајки на дестинација непозната
за Лале предизвикуваше многу збунетост. Посебно кога неговите работи беа оземени од
војниците.

Пешачејки кон некои згради каде што тој ке биде избичан, тетовиран и облечен со нова облека
Лале ке свати дека од ова место нема да излезе за кратко време. Во овие моменти Лале дознава
за логорот и за работите кои ке треба да станат негова рутина. Но ваквите хорори и случки се
томку она што го направи да преживее.

Прилагодувајки на својот нов живот како еврејски затвореник, Лале е сведок на малтретирање на
затвореници како и смрт. Не долго од кога дошол во Аушвиц, Лале заболува од тифус. Додека бил
болен, сегашниот тетоваж на кампот, Пепан, се интересира за Лале и му дозволува да стане негов
чирак. Лале вечно благодарен за постапкта на Пепан, но сега ке мора да живее знаејки дека тој
остава вечен белег на луѓето кои доаѓаат во логорот.

По две години поминати во логорот Лале се запонава со една убава, млада жена на чија рака
истетовира белег на ова место. Иако тие не се познаваа Лале беше инстантно вљубен во неа.Таа
ке му ја врати надежта и силата за да опстанат во тие нечовечки услови и да најдат начин да
избегат од логорот.

По исчезнувањето на Пепан, Лале станува главниот тетоваж. Ова му дава повеќе привелеѓии во
кампот вклучувајќи ја и можноста да комуницира со убавата жена што ја запознал порано. Таа
работи во еден од магацините во логорот во кој се сместени одземените предмети на
затворениците, и често пати му дава на Лале вредни предмети. Овде таа убава жена заболува од
тифус. За да го спаси нејзиниот живот Лале го ризикува неговиот живот за да и донесе лекови. Но
неговата храброт не е покажана само од оваа случка. Лале честопати го ризикува сопствениот
живот за да разменува накит, пари, лекови и облека со други затвореници кои страдаат.

По веста дека руската армија напредува Лале и Гита ги разделуваат во различни кампови. Гита
успева да избега од кампот заедно со уште три пољакињи и заминува за Братислава. Како Гита,
Лале исто така упсева да побегне од Аушвиц, но потоа бил пронајден и присилен од Руската војска
да работи во вила во сопственост на Русија, поради неговото искуство да зборува на повеќе
јазици. Бегајки од таму Лале се упатува кон Братислава за да се врати на неговата фамилија. Тој
бргу ја наоѓа неговата сестра но дознава дека неговите родители исчезнале, а дека неговиот
постар брат бил убиен. Иако ова му предизвикало голема болка и тага тој сепак добива
мотивација за да ја најде Гита. По две недели чекајки на железничка станица, тој ја забележува
својата сакана на една улица. Овде тие си кажуваат колку се сакаат и Лале ја прашува на Гита дали
ке сака да се омажи за него.

Иако Лале помина голем и страшен прриод на историјата тој сепак преживеал и успеал да најде
љубов. Овој камп би праетворил било кој човек во светот во една тажна и несигурна личност Лале
успеал да остнане скромен, трпелив, храбар и секогаш бил полн со надеш без разлика на
несреќите кои ги има преживеано.

You might also like