You are on page 1of 6

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА 03.05 .

2010 понеделник

1. Темa”Одлики на животната средина"


2. Цели:
 Македонски јазик:
- да се оспособува да разликува песна од другите видови текстови,
- да се оспособи за изразно - поетско читање на песната;
 Математика:
-да се оспособува да множи и дели до 100,
-се оспособува знаењата да ги применува во разни задачи,
 Запознавање на околината:
- да се запознае со користа од шумските дрвја;
- да ги продлабочи знаењата за шумските дрвја и нивното значење.
- Ликовно образование:
- усовршување на вештината на сликање со темперни бои,
. Физичко образование
-да го развива интересот за игрите,
3. Предмети: Македонски јазик;Математика; Запознавање на околината ;Ликовно образование;
физичко образование
4. Програмско подрачје: Читање литература и лектира ; Множење и делење до 100; Одлики на
животната средина;Сликање; Игри ;
5. Наставни средства: учебници ,тетратки,наставен лист,хартија за подлога,лист од блок,сад за вода,
крпа за бришење на масата,водени бои,бела темперна боја, пластични шишиња, топка,
6. Наставни методи: метод на разговор, текст метода, метод на самостојна работа,метод на
набљудување, метод на игра,
7. Место на реализација: училница; фискултурна сала;
8. Индикатори :
- разликува песна од другите видови текстови,
- изразно- поетски чита песна;
- множи и дели до 100,
- ги применува знаењата во разни задачи,
- знае за користа од шумските дрвја
- усовршување на вештината насликање со темперни бои,
- учествува во игрите,
9. Активности на наставникот / ученикот:
Работниот ден го започнувам со запознавање на учениците со активностите, односно целите и
задачите за истиот.
1 час Македонски јазик: Народна песна „ Црна се чума зададе“ (182)
- Воведни активности :нашата татковина била поробена од турците пет века. За да ја ослободат
својата татковина и својот народ македонците се собирале (здружувале) и заедно правеле планови
како да се ослободат од поробувачите. На тие здруженија најчесто избирале свој водач. Познат наш
македонски водач и војвода е Гоце Делчев. Тој бил роден на 23 .01.1872 год. во Кукуш. Неговата
мајка се викала Султана а татко му Никола Делчев.Гоце Делчев завршил учителска школа и работел
како учител.Тајните состаноци или здруженија се нарекувале револуционерни кружоци, а борците ги
нарекувале комити. Комитите биле организирани во револуционерни чети а нивните водачи биле
војводи. Гоце Делчев е познат наш македонски војвода кој на предавнички начин е убиен од турските
поробувачи. За него и за многу други војводи и комити народот испеал убави песни кои се
пренесуваат од колено на колени (генерација).Гоце Делчев е убиен на 04. мај 1903год. во с.Баница.
-Учечко поучувачки активности: преминувам на изразно читање на песната. На табла ги
запишувам непознатите зборови .Потоа песната ја читаат учениците.Поведувам разговор: Што
почуствувавте кога ја читавте песната?, Чија смрт ја опеал народниот пејач? Зошто е наречен
кукушки војвода?, Дали некој може да ми го каже значењето на насловот?
Тема : Револуционерната борба на македонскиот народ против поробувачите.
Идеја: Народот не запознава со нашите најголеми јунаци.
- Евалвациони активности: разговор за активноста и напатствија за дома
2 час Математика: Контролни задачи
- Воведни активности: заедно со учениците го разгледуваме наставниот лист и ги читаме
задачите. Доколку има нешто нејасно објаснувам.
-Учечко поучувачки активности: потоа учениците ги решават задачите од контролниот лист.
- Евалвациони активности: разговараме со учениците за задачите и напатствија за домашна
работа .
3.час Запознавање на околината- Корист од шумата(82)
-Воведни активности: неколку ученици ја повторуваат последната лекција - Шумски дрвја.
- Учечко поучувачки активности: запишувам план на табла за корист од шумата и по секоја
точка разговарам со учениците.Како се сече шумата, како се пренесува до одредени места, пилани
или складишта каде што се класифицираат дрвјата.Понатаму до фабриките за производство на мебел,
училишен мебел, штици и др.
Шумите се корисни за :
- прочистување на воздухот;
- заштитување од поројни дождови;
- за одмор и рекреација на луѓето;
- за користење на трупци за производство на мебел и греди кои се користат во градежништвото;
- за производство на хартија;
- за огревно дрво.
-Евалвациони активности: Учениците ги запознавам и со зборот хербариум ( собрани лисја од
различни дрвја).Секој ученик да направи хербариум под секој лист да го напише името од кое дрво е
листот.
4 Ликовно образование : Сликање контраст на големини : ,,Шумски дрвја ,, (темпера)
-Воведни активности: овој час е во корелација со часот по Запознавање на околината,ги
запознавам учениците со активноста сликање шумски дрвја.Контраст на големини, во шумите има
различни видови на дрвја : бука, даб, ела, бор. Сите тие се различни по големина и имаат различна
форма на крошната и на листовите.Да се обидеме да ги насликаме. Како подлога за сликање се
употребува исклучиво рапавата страна од листот,кој добро ја прима бојата.Четката мора да биде
мека,со изразен врв.Учениците го подготвуваат својот прибор за работа.
-Учечко поучувачки активности: секој ученик започнува со реализација на наставната
задача.Во текот на самостојната работа ја следам работата на секој ученик поединечно и на сите
заедно.Интервенирам и ги насочувам по потреба.
-Евалвациони активности:преминуваме кон анализа на ликовните творби . Разговараме за
цртежите на учениците на кои се насликани шумски дрвја.
 5 час Физичко образование – Куглање со пластични шишиња
- Воведни активности: активноста ја започнувам со редење на учениците во колона по висина .
Правиме неколку вежби за загревање при што ги следам учениците и им укажувам на некои
неправилности во изведувањето ( доколку има)
- Учечко- поучувачки активности: им кажувам на учениците дека овој час ќе кугламе.
Објаснувам што ни е потребно. Топка и пластични шишиња. Ги објаснувам правилата на играта, како
се поставуваат шишињата, како се редат( напред едно шише, позади две шишиња и во трет ред три
шишиња).
На одредено растојание се повлекува линија од каде учениците со тркалање на топката треба да ги
срушат сите шишиња. Победник на играта е оној ученик кој ќе ки турне, сруши сите шишиња.
- Евалуативни активности: вежби со кои го повторуваме застанувањето во редица по двајца , по
еден , вртење во круг на лева и десна страна .
Контролни задачи
Име и презиме _______________________
1. Пресметај
4∙6= 28 : 4 = 8 ∙6= 72 : 8 =
7∙ 4= 63 : 7 = 7∙ 7= 36 : 6 =
8∙ 3= 48 : 6 = 7 ∙8= 24 : 4 =
5∙ 7= 54 : 6 = 8 ∙8= 18 : 6 =
6∙ 7= 30 : 6 = 7∙ 9= 56 : 8 =

2. Пресметај
40 : 4 + 13 = 56 : 7 - 4 =
21 +28 : 4 = ( 92 - 43) : 7=
28 : 4 + 11 = 64 - 49 :7 =
52 - 54 : 6 = 40 : 8 + 34 =
(12 + 6) :6 = 85 - 8 : 2 =

3. Најди го количникот, ако деленикот е бројот 48, а делителот е бројот 6.


Р:_________________________________________________________________

4. Кој број ќе го добиеме ако бројот 54 го намалиме 6 пати, а потоа го


зголемиме за 6.
Р:_________________________________________________________________

5. Збирот на броевите 5 и 5 зголеми го 7 пати.


Р:_________________________________________________________________
6. Гостите изеле 7 топки сладолед од ванила и 3 пати повеќе топки
сладолед од јагода. Колку вкупно топки сладолед изеле гостите?
Р:_______________________________________________________________
О:_______________________________________________________________

7. Подели 56 јаболки:
а) на 7 деца подеднакво. По колку јаболки ќе добие секое дете?
Р:_______________________________________________________________
О:________________________________________________________________
б) по 7 на секое дете. На колку деца се поделени јаболките?
Р:________________________________________________________________
О:________________________________________________________________

8. Нина има 6 сликички со животни и 4 сликички со растенија. Никола има 8


пати повеќе сликички од Нина. Колку сликички имаат заедно?
Р:________________________________________________________________
О:________________________________________________________________

9. Пет девојчиња и три момчиња набрале 64 јаболка. Колку јаболка собрал


секој од нив, ако се знае дека собрале по ист број јаболка?
Р:________________________________________________________________
О:_________________________________________________________________

10. Во ходникот на едно училиште има 10 слики, а во сите училници има 8


пати повеќе слики отколку во ходникот.Колку вкупно слики има во
ходникот и училниците?
Р:_______________________________________________________________
О:_______________________________________________________________

You might also like