You are on page 1of 1

Сунѓерот Боб Панталоновски

SpongeBob SquarePants 

е главниот лик во истоимената американска цртана серија која се емитува


низ целиот свет. Серијата ја има осмислено морскиот биолог и
аниматор Стивен Хиленберг.

Сунжерот Боб живее во Тихиот Океан, во измислениот град Бикини Дно,


опкружено со лагуни. Тој е расположен, пријателски настроен и
оптимистички морски сунѓер, кој многу фантазира. Живее во ананас на дното
на морето со своето милениче - морскиот полжав Гери. Работи во Красти
Крабс - морски ресторан. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен
рецепт вешто го крие од својот најголем непријател, Планктон. Најдобар
пријател на Сунѓерот Боб е Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни
со интересни идеи.

Сунѓерот Боб сака забава и е хиперактивен, нема поим скоро за ништо,


детинест и склон кон несреќи, но многу среќен. Иако е прикажан на овој
начин, тој е прилично паметен и знае што е правилно. Тој е решителен и
честопати не застанува сé додека не исполни некоја задача. Исто така, тој е
премногу самоуверен, но и многу љубезен и наивен и многу ретко се
однесува лошо кон некого, дури и кон оние на кои им е досаден и се
однесуваат сурово кон него. Тој е многу несебична и лојална личност,
особено кон блиските.

Сунѓерот Боб лесно може да се исплаши и обично паничи кога е исплашен.


Се плаши од темнина и од кловнови. Мрази лут сос. Тој, исто така, не знае да
препознае лаги или злоба толку лесно како другите ликови.

You might also like