You are on page 1of 3

ГРАМАТИЧКИ ВЕЖБИ

(директен, индиректен предмет, свршени и несвршени глаголи во минато определено


време, писмено и усно изразување)
1. Дополнете го текстот со кратки заменски форми. Кратките заменски форми се
повторуваат.
го, ме, ја, нè, ги, им, ми, ни

Денес ќе го одржиме состанокот на Куќниот совет. Треба да ________ решиме


работите што останаа од минатиот пат. Прво, сакаме да ________ замолиме баба
Мица да _______ храни своите мачки дома, а не во заеднички влез. Исто така, нам
_______ се проблем и двете кучиња на поетот Алексо. Човеков како да не знае
дека ноќе сакаме да спиеме, па _______ дозволува на своите миленици да лаат и
да се бркаат по цела ноќ. Треба да _______ смениме и стариот хидрофор, зашто на
високите катови понекогаш нема вода. Станарите од пониските катови не _______
разбираат нас што живееме погоре. Јас сакам да предложам да ставиме ограда
околу детското игралиште, но никој не _______ слуша мене. Фирмата што _______
изнајми заедничкиот стан сè уште не _______ дава киријата за оваа година. Можам
да набројувам уште, ама комшиката Љубица _______ вика на кафе-муабет. Сега и
таа ќе _______се жали мене, не _______ сака музиката на брат ми.

2. Дополнете ги речениците со деловите што се испуштени. Подвлечете ги формите


за удвоен директен предмет.

- гледаме своите стари фотографии - паметам нивната свадба


- чуваш пенкалото од другарите - носиме случките од детството
- забораваме првата љубов - чита нејзините писма
- посетува своето родно место

1. Сите сакаме да ги гледаме своите стари фотографии.


2. Во спомените секогаш ги ___________________________________________ .
3. Никогаш не ја __________________________________________________________ .
4. Таа често го ____________________________________________________________.
5. Секогаш ќе ја __________________________________________________________ .
6. Како украс го __________________________________________________________ .
7. И ден-денес ги _________________________________________________________ .
3. Дополнете ги речениците со кратки заменски форми за индиректен предмет со значење
на присвојност.

1. Мајка ѝ на Ана ќе живее на село. (нејзината мајка)


2. Брат _____ ќе се сели годинава, нели? (твојот брат)
3. Сестра _____ нема да изнајми стан. (сестрата на Иван)
4. Маж _____ ќе почне да го средува дворот. (мојот маж)
5. Татко ______ ќе прави фонтана пред куќата. (таткото на Ана и Димитар)
6. Братучед _____ ќе ни дојде на гости. (нашиот братучед)
7. Дедо _____ не сака да ја продаде куќата. (вашиот дедо)

4. Прочитајте го следниот текст и одговорете на прашањата. Јован е од Скопје. Тој му е


колега и пријател на Ерик, а имаат и заеднички пријатели. Ним Јован им ја пишува
следнава електронска порака.
Re (одговор на): Ерик има нов стан
From (од): јovant@gmail.com
To (до): meericcc@gmail.com, elencetoma@t-home.com, petrica@gmail.com

Драги мои,
Како сте ми? Што има старо-ново?
Овде е ново тоа што Ерик живее во нов стан. Мора да дојдете да го видите. Се
договараме викендов да одиме на прошетка низ град, па ако сте за – повелете. Имаме и
план. В сабота наутро ќе се качиме пешки на Водно. Ќе поседиме малку горе, но нема да
се задржуваме многу. Ќе одиме кај Ерик на ручек, ќе правиме скара на тераса. Потоа ќе
прошетаме малку низ паркот, па ќе продолжиме кон Кале, а оттаму во Стара чаршија.
В недела планираме да одиме на Матка. Ќе изнајмиме велосипеди, зашто нашите не се
во добра форма. Ако сакате, до некаде можеме да одиме и со автобус или со такси, а
потоа да пешачиме. Ќе го посетиме и манастирот Св. Андреј.
Јас едвај чекам да дојде сабота! Има да направиме одлични фотографии.
Ве чекаме.
Поздрав!

Одговорете на прашањата.
1. Која е новоста што им ја кажува Јован на Хилда и на Роланд?
2. Што ќе прави друштвото в сабота наутро?
3. Што ќе прават по ручекот?
4. Како ќе одат до Матка?
5. Што ќе посетат таму
5. Изберете едно од понудените места што ќе го посетите ако се најдете
во Скопје. Напишете што ќе правите, а што нема да правите таму. (Старата чаршија,
Водно, Матка, Кејот на Вардар, Катлановска Бања, Центарот на Скопје и др.)

„Еден ден во Скопје“


____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________
____________________________________________________________________

6. Членувајте ги именските групи од придавка/придавки и именка во следните реченици.

- Се запозна со новите пријатели (нови пријатели).


- Се познавате ли со мојот драг пријател (мој драг пријател)?
- Живеат во новата висока бела зграда (нова висока бела зграда).

1. Не ја познаваат __________________________________ (негова сестра).


2. Останувате ли на __________________________________ (свечена вечера).
3. ______________________________________ (свои заеднички фотографии) не ги
објавуваат на Фејсбук.
4. (високо планинско село) _________________________________________ е нова
туристичка атракција во регионот.
5. _________________________________________ (нејзин омилен бисерен ѓердан) ѝ е
подарок од мајка ѝ.
6. Со жалење ни раскажуваат за _________________________________________ (стари
добри подзаборавени времиња).

You might also like