You are on page 1of 1

 Воздухот го создава, живее без тело, слуша без уши, зборува без уста 

(ехо)
 Со едно огниште цел свет се грее (сонце)
 Околу куќа оди, во неа влегува, а ништо не фаќа (сонце)
 Има четири нозе и плеќи, а не може да оди (стол)
 Црвен дедо заклучен седи (вино)
 Во едно буре две сорти вино (јајце)
 Бел чаршав цела земја покрил (снег)
 Баба зева, дедо виси (бунар и кофа)
 Прво ќе го дадеш, а потоа ќе го држиш (збор)
 Син вир дно нема (огледало)
 Ако ме употребиш ќе бидеш ти, ако ме изгребеш тогаш ќе бидеш никој (огледало)
 Тебе ти припаѓа, а други ти го користат (име)
 Црн арап на врата виси (клуч)
 Секогаш доаѓа, но никогаш не останува (утре)
 Долг Тодор без коски (чад)
 Немам ниту рамена, ниту грб, а носам голем товар (мост)
 Бесна кучка в гора лае (секира)
 Од куќа до куќа оди, а внатре не влегува (улица)
 Заби нема ама каса (зима)
 Црно јаже по земја се влече (мравки)
 Тело и зборови има, а уста и глава нема (книга)
 Ум дава, а не зборува (книга)
 Сама ум нема, а на друг му дава (книга)
 Секој плаче за него, а никој не оди со него (мртовец)
 Тој што го купува не го употребува, а тој што го употребува не го гледа (мртовечки
сандак)
 Цел живот е врзана, а кога ќе ја пуштат, ја носат на колење (лубеница)
 Шарена, шарена, со рака не се фаќа (змија)
 На една нога седи, а срцето и е во главата (зелка)
 Сама баба куќа носи (желка)
 Сив сокол под земја лета (плуг)
 Црно тури, а црвено извади (железо)
 Напред оди, назад не се враќа (време)
 Колку што ги правиш, толку зад себе ги оставаш (траги)
 Бела погача на ќерамиди виси (месечина)
 Таа беше тука уште кога постана светот, а цела се појави пред еден месец (месечина)
 Кожата му е црна, срцето му е бело (костен)
 Околу дрво оди, а во него не влегува (кора)
 Главата в гора, опашката в море (река)
 Никнува во гора, пат сама прави, штом море ќе сретне, во него се дави (река)
 Дење и ноќе патува без да застане (река)
 Врви пред сонцето, а не прави сенка (ветер)
 Црна мечка по планина бега (магла)
 Стар дедо на ќерамиди лежи, не се помрднува (оџак)
 Гола сум, а цел свет го облекувам (игла)

You might also like