You are on page 1of 8

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ

Охрид, 7–9 октомври 2007

Елизабета Сталевска Солакова


Весна Даскалова
АД МЕПСО, Скопје
Владимир Димчев
ФТИР, Скопје

WWW100 СИСТЕМ – ОБВРСКА НА СЕКОЈ ЕЛЕКТРО ПРЕНОСЕН СИСТЕМ


ОПЕРАТОР

КУСА СОДРЖИНА
Единствен начин да се биде конкурентен на денешниот пазар на енергија е да се обезбедат
сите услуги на највисоко можно ниво.
Во овој труд е опишана www100, платформата за овозможување на web базирани апликации и
сервиси директно до крајните корисници - потрошувачи. Главната намена на www100, како дел од
системот за автоматско читање на броила Converge, што беше имплементиран во АД МЕПСО е
дистрибуирање на измерените величини од броилата преку мрежа. Овој производ на Meter2Cash
компанијата од Швајцарија ги обезбедува барањата за автоматизиран т.н.р. end-to-end процес од
броило до билинг систем.
Системот ги собира енергетските профили (load profile) за секое броило од централниот
систем за автоматско читање на броилата или од магацин на податоци за броилата (meter data
warehouse), и ги сместува на посебен, за таа намена димензиониран сервер. Авторизираните
корисници можат потоа да пристапат на multi-client системот преку мрежа (LAN/WAN/Internet) со
цел да ги повикаат за нив доделените load profile информации.
Клучни зборови: броило, енергетски профили, билинг, www100, Captive Browser
ABSTRACT
The only way to guarantee success in today's energy marketplace is to provide service to the
maximum.

In this article the www100, a platform for delivering web-enabled applications and services directly
to the customers will be described. The main purpose of www100, as a part of Converge Automatic Meter
Reading System, that was implemented at MEPSO premises is distribution of metering data via network.
This product of Meter2Cash Company from Switzerland delivers the prerequisites for an automated, end-to-
end process from metering to billing.

The system obtain the load profile information from the central automatic meter reading system or
meter data warehouse, and stores it on a separate, dedicated server. Authorized users can then access the
multi-client enabled system via a network (LAN/WAN/Internet) in order to call up their own load profile
information.
Keywords: meters, load profiles, billing data, www100, Captive Browser

D2-08R 1/8
MAKO CIGRE 2007 D2-08R 2/8

1 ВОВЕД
Во овој труд е разработен web пребарувачот - Captive Browser, интегриран во www100
серверот од системот за автоматско читање на броила – Converge, производ на Meter2Cash
компанијата кој е инсталиран 2006 година во АД МЕПСО. Captive Browser претставува крајна
апликација од end-to-end процесот на читање на броила до билинг систем. Самиот процес е
претставен на Слика 1, Процес - од броило до корисник, каде е прикажан процесот на дистрибуирање
на прочитаните профили од броилата до авторизираните корисници преку мрежа LAN / WAN /
Internet. Корисниците можат да ги добијат податоците во графичка или табеларна форма. За да се
добие поголема транспарентност за различни тарифи, исто така може да се додадат и тарифните
договори кон профилите на броилата во неколку чекори.

Слика 1 Процес - од броило до корисник

2 ЕКСПОРТИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Како прв чекор од процесот на дистрибуција на податоците од броилата до крајните
корисници претставува Converge Export модулот од Converge апликацијата за автоматско читање на
податоците (Load profiles – профили од броилата и / или билинг вредности). Со овој модул се врши
експорт на податоците од броилата до надворешните системи. Се користи кориснички интерфејс за
дефинирање на експортот на податоци до meter2cash www100 Internet информациски системи.
Зависно од експорт дефинициите, поставени преку Export Definition едиторот прикажан на
слика 2, експорт табелите се пополнуваат со податоците од броилата кои се на располагање.
Податоците можат да бидат расположиви по извршено читање на броилата, на барање на оператор
или автоматски преку однапред дефиниран распоред (schedule) или преку рачно внесена вредност од
страна на операторот. За постојан експорт на податоците, креирани се специјални скрипти кои
пристапуваат до табелите.
MAKO CIGRE 2007 D2-08R 3/8

Слика 2 Дефинирање на експортот на податоци


Пред се, се избираат една или повеќе дестинации за експорт, од листата на расположиви
дестинации во Export Destination прозорот, а потоа преку Export Definition прозорот се доделуваат
податоците (еден податочен објект е определен со името на броилото и типот на варијабла) на
избраната дестинација. За да се доделат податоците на дестинацијата, треба да се пребараат сите
недоделени податочни објекти, а потоа за секој објект поединечно се дефинират единицата мерка
(Unit), типот на мерење (Measurement Type) кој може да биде Моќност - Demand или Енергија -
Quantity, типот на потрошувачка (Consumption Type) кој може да биде Потрошувачка – Consumption
или Производство – Delivery. Вака дефинираните податоци може да се екпортираат за одреден
временски период во минатото.

3 www110 SETUP
www100 e втор чекор во процесот на дистрибуирање на прочитаните профили од броилата до
авторизираните корисници и претставува софтверска апликација и дел од Internet информатичкиот
систем на meter2cash компанијата. Оваа апликација функционира на било која клиент машина со
Microsoft Windows PC со Internet Explorer 6 или повисока верзија и поврзана со Internet. Овој систем
дозволува комерцијалните и индустриски крајни корисници на услугата на електро преносниот
систем оператор МЕПСО, да пристапат со цел да ги добијат своите податоци (load profiles),
тарифните договори како и други информации преку Internet. Оваа апликација исто така овозможува
да се гледаат web страни (URLs) кои се специјално доделени за корисникот.
Еден важен аспект на овој информатички систем е тоа што овозможува крајниот корисник да
ги гледа единствено информациите за кои има права на пристап. Кога крајниот корисник ќе се
пријави на системот, корисничкото име и шифрата реферираат на соодветната база на податоци.
Базата на податоци ги дефинира податочните објекти, тарифните договори и URL кон кои крајниот
корисник може да пристапи. За секој податок и тарифен договор поединечно може да се дефинираат
временски периоди (датум / време) во кои корисникот ќе има право на пристап.
MAKO CIGRE 2007 D2-08R 4/8

За да се креира или модифицира краен корисник и на истиот да му се доделат одредени права


и податоци, креиран е графички интерфејс прикажан на слика 3, каде доделувањето се врши преку
'drag and drop" функцијата.
www110 ги организира податоците во групи, наречени "хиерархии". Дефинирани се четири
главни хиерархии: една за крајни корисници (Users), една за податоците (Data Sources), една за
тарифните договори (Tariff Agreements) и една за web страни (URLs).
На сликата, во хиерархијата "Users" е креиранa колекцијата "Trafostanici" во која се
дефинирани за секое напонско ниво корисничка група (400 kV, 220 kV и 110kV), а за секоја
корисничка група се дефинирани кориснички имиња (за секоја трафостаница што припаѓа на
соодветното напонско ниво по едно име). На пример, во корисничката група "400 kV" креирани се
кориснички имиња "bitola2", "dub400", "skopje4" и "skopje5". На секој корисник му се доделуваат
податочните објекти од хиерархијата "Transfer Data Source" (десниот прозор од слика 3), соодветните
податоци (броила и припадните варијабли). Во долниот прозор од хиерархијата "Trafostanici" "Access
Permissions CB" се излистани доделените податоци, тарифни договори и URL на корисничкото име
"Skopje".
Тарифниот договор е сместен како тарифен програм на www100 серверот. Тарифниот договор
не е дефиниран со тарифните правила туку за секојa 15 минутна вредност е дефинирана тарифата.

Слика 3 Графички интерфејс за www110

4 CAPTIVE BROWSER
www100 captive Browser e Internet базирана апликација преку која индустриските крајни
корисници можат да ги гледаат и да манипулираат со нивните енергетски профили преку Internet.
Крајниот корисник при првото пристапување на системот пред се треба да го симне
meter2cash апликативниот програм од web страна. Кога Internet конекцијата е воспоставена,
MAKO CIGRE 2007 D2-08R 5/8

програмот може да биде стартуван од корисникот кој треба да се пријави на серверот со базата на
податоци користејќи го доделеното корисничко име и шифра. По пријавувањето, корисникот има
пристап до load profile информациите за кои има право на пристап. Информациите се селектираат од
колекцијата “Data Source” и зачувани на машината на корисникот во форма на извештаи. На слика 4
се прикажани извештаите креирани за корисникот “direktni” во кој се креирани посебни извештаи за
секој директен потрошувач на електропреносниот систем оператор МЕПСО.

Слика 4 Креирани извештаи во Captive Browser


Информациите за енергетскиот профил се добиваат со избор на извештајот во кој се истите
сместени и можат да бидат претставени графички, со избор на менито Chart (слика 5) или табеларно
со избор на менито Data (слика 6).
Графичкиот кориснички интерфејс се базира на стандардните Windows методологии и ги
вклучува стандардните опции како што се зумирање, претставување во 3D или 2D, ротација. Со цел
да се постигне подобра визуелизација на располагање се дополнителни функции како што се
движење на графикот во дијаграмот, менување на длабочината на дијаграмот, модификација на
графикот (измена на боја, на тип на крива, на оските и насловите на оските), како и експорт во
metafile или bitmap file, печатење, копирање во други стандардни Microsoft апликации. Исто така е
овозможено прикажување на вредноста во дадено време преку опцијата “Crosshairs cursor” и движење
низ архивираните податоци преку селектирање на опцијата “Paging” користејќи ги потоа стрелките.
На слика 5 е претставен графички приказ на податоците во извештајот “Rafinerija”, прикажан
во 3D, со избрани опции “Paging” и “Crosshairs cursor” што овозможува да се види вредноста во
дадено време (1.6.2007 во 23:42) на графиконот над кој се наоѓа курсорот.
MAKO CIGRE 2007 D2-08R 6/8

Слика 5 Графички приказ на податоците во Captive Browser


Со избор на менито Data се добива табеларен приказ на податоците од избраниот извештај и
истите може да бидат копирани во стандардните Microsoft апликации како на пр. Excel и Word преку
опцијата “Copy to Clipboard”. Преку опцијата “Display Date/Time Scale in UTC” се избира помеѓу
прикажување на вредностите во локално или UTC време. На слика 6 е даден табеларен приказ на
податоците од извештајот за потрошувачот “Rafinerija”.

Слика 6 Табеларен приказ на податоците во Captive Browser


MAKO CIGRE 2007 D2-08R 7/8

Дополнително, податоците можат да бидат обработени во самиот извештај користејќи ги


основните математички функции кои се достапни во “Definition” менито. Во истото мени се на
располагање функции кои овозможуваат сетирање на одредени параметри како што се мерниот
интервал (Date/Time Schedule Measurement), временскиот опсег во кој ќе се прикажуваат податоците
во извештајот (Date/Time Range). Исто така може да се менува форматот во зависност од типот на
податокот (снага, цена, енергија или температура).
Менито “Statistic” овозможува приказ на статистичките податоци како минимум, максимум со
временска значка на настанување на минимумот т.е. максимумот како и средна вредност и вкупна
вредност во избран временски период за секој профајл во извештајот. Статистичките податоци се
однесуваат на временскиот период дефиниран во “Definition” менито. На слика 7 се прикажани
статистичките податоци за извештајот “Rafinerija”.

Слика 7 Статистички податоци (минимум, максимум, средна вредност, вкупно)

На располагање е и менито “Load Duration Curve” во кое за секој профајл од извештајот е


претставена крива на оптеретување т.е. колку време (изразено во часови) профајлот се наоѓал во
одреден вредносен опсег.
MAKO CIGRE 2007 D2-08R 8/8

5. ЗАКЛУЧОК
Воведувањето на либерализиран пазар на енергија секојдневно поставува се построги барања а од
особена важност е навременото добивање на информации. За да се задоволат овие барања, во АД
МЕПСО успешно се инсталира систем за автоматско читање на броила - Converge, а интегрален дел
на апликацијата е www100 Captive Browser. Оваа алатка овозможи покрај презентирањето на web
страни и интерфејс за пребарување кој се користи за дистрибуирање на информациите до
специфични корисници. Освен тоа, овие информации претставуваат и влезни податоци за идни
системи кои АД МЕПСО како маркет оператор ќе ги имплементира во блиска иднина а тоа се билинг
системот како и системот за калкулирање на дебаланс на сите регистрирани учесници на пазарот на
балансна енергија (кој треба да го искалкулира јазот помеѓу објавените возни редови и релевантните
измерени вредности).

6. ЛИТЕРАТУРА
[1] Meter2cash. H7114350101 a en Converge User Manual. February 2005.
[2] Meter2cash. H711435005_e_ en_www100_User_Manual. August 2003.

You might also like