You are on page 1of 1

- Задачи со плоштина и волумен на призми и цилиндар -

1.Пресметај волумен и плиштина на коцка со основен раб а=8цм!

2. Пресметај плоштина и волумен на квадар со димензии 2cm, 4cm и 10cm!

3.Пресметај плоштина и волумен на правилна четириаголна призма со основен раб a=7 cm и


бочен раб 10 cm!

4.Пресметај плоштина и волумен на права призма со основа ромб со дијагонали 6cm и 8 cm


висина на призмата 14 cm!

5.Пресметај плоштина и волумен на правилна шестаголна призма со основен раб a = 6 cm и


висина 12 cm!

6. Пресметај ја дијагоналата на коцката ако нејзината плоштина е 600 𝑚2 !

7.Еден базен е долг 30 метри,широк 20 метри и длабок 2 метри.Пресметај колку вода собира
во базенот ако 1𝑚3 = 1000 l.

8.Збирот од должините на сите рабови на коцка е 96 метри.Пресметај ја плоштината и


волуменот на коцката!

9.Една училница треба да собере 35 ученици.Секој ученик треба да има по 8 𝑚3 воздух.Колку


метри кубни треба да е подот на училницата ако висината на училницата е 3 метри?

10.Висината на една права триаголна призма е 8 cm, а основата е правоаголен триаголник со


катети 9 cm и 12 cm.Пресметај ја плоштината и волуменот на призмата!

11.Дијагоналата на коцка е 13√3. Пресметај ги плоштината и волуменот на коцката!

12.Плоштината на цилиндарот е 1099 𝑐𝑚2 , а висината на цилиндарот е 18 𝑐𝑚 . Одреди го


радиусот и волуменот на цилиндарот!

13. Плоштината на осниот пресек на цилиндар со висина 14 𝑐𝑚 е 112 𝑐𝑚2 . Пресметај го


радиусот, плоштината и волуменот на цилиндарот!

You might also like