You are on page 1of 7

1

ЗА ВЕРУВАЊЕТО ВО СУДБИНА

Голем грев претставува верувањето во слепа судбина, наместо во Живиот и


личносен Бог. Таква вера не треба да имаат христијаните кои ја познаваат добрата и
премудра Божја промисла.
Според учењето на Православната Црква, Господ на секој му ја одредува
неговата судбина во овој сегашен привремен но и во идниот вечен живот, но не
безусловно, туку на основа на премудрото сезнаење за тоа како ќе се однесува човекот
за време на неговиот земен живот.
Наспроти ова, многумина имаат погрешно сфаќање за судбината.
Многу луѓе веруваат дека со судбината, безусловно кај секој човек се подредени
сите околности во животот па дури и сите негови постапки, а се одредени и се
извршуваат независно од човекот и неговата волја. Па така, тие мислат дека човек
колку и да се труди, ништо не може да промени во својата судбина.
Тоа верување го потврдуваат и поговорките:
„Од судбината не се бега,“
„Така му било судено.“
Ваквите верувања се присутни не само кај пониските слоеви од народот, туку и
кај образованите луѓе. Понекогаш и кај нив може да се слушне: „фатален истрел” , и
„фатален чекор и фатално постапување во животот”. Ваквото мислење за судбината
која чудно господари со сите, која кај некои е милостива, а кај други страшна и тоа без
било каков избор или без каква и да е врска со својата желба за правда, мудрост и
добрина - има пагански карактер и е примено од паганството.
- Старите Грци и Римјани верувале дека судбината е некакво божество кое има
власт не само над луѓето, туку и над боговите.
- Кај муслиманите верувањето во судбина е крајно бессмислено. Мухамедовиот
Алах самиот извршува добри и лоши дела кај луѓето, и кого тој самиот сака го
наведува на заблуда, а кого сака го насочува кон добро. Сѐ зависи од него, а луѓето се
само несреќни орудија во неговите раце. Јасно е дека ако човек нема слобода да
управува со самиот себе и го прави она што му е предодредено, тогаш тој не е виновен
за гревот и злото. Според учењето на Куранот, Алах самиот испраќа зли духови на
неверниците да ги побудува да извршуваат лоши работи. Мухамедовиот бог е деспот
кој се раководи само со безусловно самоволие и каприц.
2

За жал, овие погрешни сфаќања за судбината, суеверните христијани ги пренеле


на единствениот Вистински Бог, така што тие ги оправдуваат своите гревови
повикувајќи се на Божјата волја.
Така, кога некои благонаклони луѓе со љубов го опоменуваат оној што се оддал
на пијанство, тој им одговара: „Мислете дека јас сакам да го правам ова? Самиот
гледам дека пропаѓам, но таква ми е судбината, Господ ме казнил на таква страст кон
пиењето. Тешко ми е, но, јас за ова ништо не можам да сторам”.
Зар може да има нешто побезбожно од ваквото суеверно мислење за Бога, како
неизбежна судбина, како слепа сила која владее со светот? Навистина, без Божјата
волја не паѓа ни влакно од човековата глава. Секој од нас зависи од семоќната Божја
волја: Господ умртвува и оживува; спушта во пеколот и извлекува. Господ збогатува и
осиромашува, понижува и возвишува (1 Цар. 2, 6-7). Господ ги управува човечките
чекори (Изреки 20, 24). Но во сите случаи, Господ дејствува во склад со Својата
Премудрост, добрина и со Својот вистински суд. Па така, Тој ја употребува Својата
власт, не нарушувајќи ја човековата слободна волја.
Слободната волја е таков Божји дар, што Тој ја почитува и кај злочестивите
луѓе. Не одземајќи му ја волјата на човекот, Господ му предложува да избере живот
или смрт, благослов или проклетство. (Сир. 16, 6; Проп. 30,19), па така изборот
останува на човекот. Господ ја управува нашата судбина, во склад со она што луѓето го
избираат и заслужуваат. „Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни ако,
пак, не сакате и се спротивставувате, меч ќе ве истреби” (Ис. 1, 19-20). Очигледно е
дека виновник за несреќите со кои Господ ги ,,застрашува" непокорните народи не е
Самиот Господ, туку луѓето. Господ сите ги љуби и сака сите да се спасат и не е
виновен ако луѓето наспроти неговите совети и опомени одат кон пропаста.
Навистина, ние не можеме секогаш да го согледаме односот помеѓу човечките
дела и наградите што следуваат за нив. Ние често пати гледаме како благочестиви и
побожни луѓе живеат сиромашно, страдаат од навреди и човечки неправди, не успеваат
во секојдневните работи, а безбожни и безакони луѓе успеваат во сѐ. Ако Бог е
праведен, зошто го дозволува тоа?
Зарем тогаш не дејствува и Тој како слепа судбина, која не ги разликува
достојните и недостојните? Секако дека нам во сегашниот живот, многу од односот на
Бога кон луѓето и кон нивната судбина ни е несфатлив. Но, она што ни е сега
3

несфатливо, ќе ни се објасни во идниот живот, „бидејќи сега гледаме како во огледало”


(1 Кор. 13,12), а кога ќе го здогледаме Бога, тогаш сѐ ќе ни стане јасно.
Во секој случај, несомнено е дека среќата на безбожните луѓе не е трајна, и
нивните успеси во секојдневието се минливи, а Бог нема да ги остави без казна. Ако не
во овој, тогаш во вечниот живот Господ ќе им даде според нивните дела. Исто така и
побожните луѓе, ако не во овој, тогаш во идниот вечен живот ќе наследат поголема
награда, бидејќи со големо смирение и преданост на Божјата волја, ги поднесувале
животните несреќи, преку кои Господ ги водел заради јакнење на верата и љубовта кон
Него.
Огромните злоупотреби на човековата слобода, кои ги трпи Господ, не треба да
ја колебаат нашата увереност во премудроста Божја и Неговиот вистински суд, бидејќи
Господ ги допушта за слава на Неговото име. Тој од самото зло ќе извлече добро.
Лошите луѓе стануваат орудие на Неговата промисла, иако тоа не го чувствуваат.
Еве еден добар пример: колку страшно постапиле со Јосиф неговите браќа
продавајќи го во ропство во Египет?! Но, во Египет тој се прослави и стана голем
добротвор не само за Египет, туку и за околните земји, снабдувајќи ги со жито за време
на седумгодишниот глад. Затоа тој им рекол на своите браќа: „Ете вие смисливте кон
мене зло, но Бог го насочи кон добро” (1.Мој. 50,20). Колку ужасно злодело направиле
Евреите, кога го одвеле Христа на крстно страдање и смрт! Тие мислеле дека
Христовото дело ќе пропадне, прелажувајќи се самите себе! Тие на своите души си
нанеле тежок и неопростлив грев, кој не можел да го спречи спасението на човечкиот
род. И предавникот Јуда треба да се гледа од иста гледна точка. Христос за него рекол:
„Тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше
за тој човек да не се беше родил” (Мт. 26,24).
Фаталистите се спремни да го обвинат Христос дека тој божем ги наведува
луѓето слично како мухамедовиот Аллах. Но, ова обвинување е богохулство. Бог го
мрази гревот и ги употребува сите можни средства да му се спротивстави на гревот.
Точно е кога се вели за Бога дека го разгневил срцето на фараонот, но, тоа не значи
дека Самиот Бог внел гнев и омраза во фараоновото срце, туку тоа биле барањата
Божји да ги пушти Евреите, кои барања всушност поттикнале злоба кај фараонот, кој
се разгневил против Бога. Ако за Исус Христос од страна на Симон Богопримец е
речено: „ Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на многумина во Израилот” (Лк. 2,34) -
4

тоа не значи дека Христос ќе биде непосреден виновник за падот и пропаста на


Израилците, туку дека (Израилот) ќе пропадне ако не поверува во Христа.
Согласно суеверната паганска претстава судбината е неизбежна. Но тоа
воопшто не може да се рече за Бога кој сѐ промислува. Бог може да се измоли, како
што покажуваат многуте примери на Неговото снисходење, кон оние што Му се
обраќаат со молба да ги помилува. По Божја заповед пророкот Исаија му објавил на
царот Езекија веднаш да биде спремен да умре и да состави духовно наследство. Тогаш
Езекија заплакал и почнал да го моли Бога да го поштеди. Господ ја послушал неговата
молба, а пророкот Исаија враќајќи се од царскиот дворец уште не стигнат до капијата
добил нова заповед од Бога, да му објави на Езекија дека Господ ја укинува Својата
пресуда и дека му дава да живее уште петнаесет години.
Дали можело тоа да се случи ако Божјите одлуки личат на неизбежна судбина?
Воопшто, нема ништо заедничко меѓу Бога и така наречената безлична и рамнодушна
судбина. Нашата судбина е во рацете Господови, но, Господ секогаш е спремен да ни
даде добар исход во сите работи. Од нас и од нашата волја зависи дали ќе ја заслужиме
Божјата благонаклоност.

Суеверијата и предрасудите во нашето време

Астролошките прогнози, хороскопите, претскажувањате и пророкувањата


многу се раширени во наше време. На нив им се придаваат разновидни привлечни
форми: од живописни телевизиски програми, суптилно обликувани гатања до
псевдонаучни компјутерски прогнози.
Од тенки брошури од кои може да се сознае целиот поминат и иден живот, до
кабалистички карти тарот, на чие проучување треба да се посветат многу години.
Главна задача на ваквиот информативен притисок на човекот се состои во:
• Прво, да го привикне човекот да мисли за предодреденоста на слепата
судбина, кармична и генетична зададеност на целиот живот.
• Второ, да го одвлече човекот да не мисли на Бога, да го оттргне од молитвата и
желбата да ја сознае Божјата волја за себе, да го одвои од синовската преданост на Бога
и од тежнеењето да живее - не по својата извалкана волја, туку - по Божјата света волја.
5

Повеќето гатачи предлагаат „спасоносни рецепти” кои сѐ повеќе го потчинуваат


човечкиот живот на „кнезот од овој свет”. Пропагандата на окултизмот, теософијата,
јогата, будизмот, тантризмот и многу други, го одвојува човекот од Бога.
Најголема опасност за современиот човек претставуваат следбениците на
неопаганството: исцелителите, вражачите, јогистите и волшебниците. Всушност,
помеѓу сите овие наброени нема многу разлика. Во сите случаи „исцелителот” ја
користи и повикува силата која, како што тој самиот смета, ја добива од ѕвездите,
духовите, дрвјата, билките, камењата и другите предмети од природата. Па така, сите
овие „биоенергетичари” постануваат играчка во ѓаволските раце. За одредена моќ и
знаење кое им се дава, вражачите и гледачите отплатуваат со своите души и со душите
на оние кои ги занесуваат. Зборот „занесуваат” не е случајна. Ваквите лекари наизглед
восхитуваат. Тие ги привлекуваат луѓето кон себе и буквално кажано ги
воодушевуваат.
Но во исто време, ние не треба да имаме негативен став кон оние лекари кои
користат корисни билки и минерали за лечење со масажа и гимнастика, а кои можат да
спречат многу болести. Сепак неопходно е да се обраќаме кај професионални лекари, а
не кај екстрасенси и исцелители кои користат хипноза и повикуваат духови. Дури кога
„исцелителот” користи молитви, крст и тоа што во неговата куќа има икони, не може
да послужи како гаранција дека пред вас е вистинскиот лекар, а не измамник па дури и
сатанист.
Сепак најдобро е човек да се советува со својот духовник кога има намера да
посети таков „исцелител”. Сетете се на зборовите од Спасителот: „Мнозина ќе ми
речат во оној ден: „Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое
име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме? И тогаш Јас ќе
им кажам: Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски
дела” (Мт. 7,22-23)”
Дарот на исцелителство се дава многу ретко на некои христијани поради
нивното подвизување, свет живот, а особено по Божја промисла. За подвигот на
лекување болни, а особено истерување на демони, свештеникот мора да добие
благослов од старецот и црковната ерархија кои го потврдуваат божественото потекло
на тој дар кај човекот. Многу суеверија и предрасуди навлегле во нашиот црковно-
парохиски живот. За тоа многу точно пишува проф. А. Ч. Козаржевски - добар
познавач на парохискиот живот. Да ги чуеме неговите зборови: „Парохијаните пред
6

војната во повеќето случаи успевале да добијат минимум духовни знаења уште пред
1917 година. Тие добро ги познавале црковните служби и биле ослободени од
предрасуди кои сега се доста распространети: не предавале свеќи само преку десното
рамо, не ги држеле прекрстени дланките на зборовите „Мир на сите”, не разликувале
„добра” и „налутена” Мајка Божја, не палеле свеќи само да добијат некое конкретно
барање одозгора, ниту пак оделе заедно со неверниците по гробовите на првиот ден од
Велигден, знаејќи дека за помен за покојните е утврден посебен ден. Верниците
интелектуалци не ги помешувале христијанските убедувања, антихристијанската
мистика - астрологија, теософија и друго некое учење. Во храмот стоеле мирно,
никогаш не им паѓало на памет внатре во храмот да се туркаат или шетаат. Немало
обичај да се посетуваат различни цркви (храмови), особено за празниците. Се држеле
само за својата парохија, меѓу себе добро се познавале и секој си имал свое вообичаено
место за стоење. Во храмот владеела благонаклона атмосфера: помеѓу себе не си
наоѓале замерки, и не ги осудувале жените кои биле со непокриени глави.
Свештенослужителите побожно се однесувале кон светињите, не се однесувале како да
се домаќини и не го уништувале расположението на верните со довикување“. Како што
гледаме, суеверијата се очигледни и одамна познати (како на пример црна мачка,
среќни и несреќи броеви и денови и сл.), но тие постојат и во скриен, па дури и во
псевдонаучен облик.
Суеверијата потекнуваат од тежнеењето на човекот да даде објаснување за сѐ, и
во сите работи да воспостави врска од самодоверба и самоволие, и од прифаќање на
лажното како вистинско. Треба да се знае дека суеверијата често пати се некои наши
заборавени детски стравови и фантазии, кои повремено испливуваат од областа на
потсвесното и влијаат на човековиот живот, јавувајќи се во разни облици, симболи и
дејствија.
Господ да нѐ чува од сите видови на суеверија! А бидејќи знаеме дека
суеверието се јавува кај луѓето уште од рана младост, тогаш наша должност е да ги
воспитуваме нашите деца за нивните млади души да бидат запазени од суеверие.
Децата уште мали треба да се научат да ја сакаат Црквата, да му се молат на
Бога и да гледаат спасоносна моќ во црковните свештенодејствија и Светата литургија.
Тие уште од мали нозе треба да се учат да имаат правилен поим за Божјата промисла
која сѐ насочува кон добро. Тогаш нивните души нема да се заразат со суеверие и нема
да се плашат од ништо што е измислено од човечката глупост. Тие души ќе се плашат
7

само од Божјиот гнев, плашејќи се да не си навлечат на себе осуда за гревовите и да не


се доведат до вечна пропаст.
Свети Игнатиј Брјанчанинов во суеверието ги вбројувал и различните
вероучења туѓи на христијанството, кои ја изобличуваат вистината и преку кои
настојува да нѐ соблазни древниот непријател на Бога и луѓето - ѓаволот. Светителот
велел: „Верата само тогаш е света и вистинска кога е донесена на земјата од
Очовечената божја Вистина, Господ наш Исус Христос. Секоја друга вера е суеверие”.
Плодовите на суеверието претставуваат пропаст. Таквата вера е осудена од Бога. Со
неа веруваат идолопоклониците во своите идоли, еретиците во своите богохулни догми
и во својата ерес, а рационалистите во својот помрачен човечки ум. Со таква вера ќе
веруваат и следбениците на антихристот.

You might also like